Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: dr-mr on 11.04.2021, Sunday, 07:27:43
-
Кога го вртам потенциометарот за гласност се појавува грчење/кликање на субвуферот, грќењето/кликањето не е константно додека се врти потенциометарот (го има го нема).
Тоа грчење/кликање се слуша сам на субвуферот и само кога се зголемува или намалува гласноста, додека работи/свири појачувачот нема никаков проблем. Истото се случува и кога се користи далечинското.
Дали е можно тоа да се случува од излезното интегрално коло (STK443-530)? Имам уплав од тие ГО..А, секогаш кога работам со нив страдаат, мислам дека ако ги погледнам ке се расипат
Секоја идеја е добродојдена.
-
Ај пробај со друг потенциометар?
-
Не би требало да биде потенциометарот, бидејки истото се случува и кога го зголемувам/намалувам гласот и преку далечинското, проблемот е само на субввуфер излезот на ниеден друг излез нема такво тропање/кликање. Не се слуша грчење/гребење како од расипан потенциометар, се слуша кликање/тропање како дополнителен сигнал во звукот и се слуша само на одредено ниво на зголемување на звукот, нивото оди од 0 до 100 тоа се слуша само помеѓу 40 и 65/70 пред и потоа го нема или јас неможам да го приметам.
Колку што разбрав од шемата, помеѓу STK443-530 и излезот за субвуферот има еден операциски засилувач JRC4580 и 2-3 транзистоири, ќе пробам со замена на JRC4580 (кога ќе стигне) дали и што ќе се промени. Мислам дека тропањето/кликањето доаѓа од некој од активните елементи, се надевам дека не е STK443-530.
-
Предпојачало има ? Од кај му е кпнтролата за звук ?