Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: bumbar on 18.01.2020, Saturday, 17:24:18
-
....Засилувачот Technics SU-V560 почна да осцилира односно да испушта пробивен звук што ми личи на осцилирање . Моќноста не се намалува притоа...
На час го снемува, но потоа пак се појавува...
Во излезниот дел е ИК SVI 3205...
Имате некои идеи - од што се јавува тоа (исушени кондензатори во напјување, прво ми текна...ладен лем на некоја „маса“....)?
Не гледам овдека опција за поставување 5-10 сек видео, но го имам на ФБ...
Каква било насока за поправка е добредојдена...
-
Постави го видеото на YT и после линкувај го овде.
-
-
....Taka e ок или треба само линкот? Непријатниот звук е во почетокот на видеото...
-
Звукот се појавува кога засилувачот е ладен/загреан? Ако го потчукнеш се појавува/губи?
Јас прво на добро светло би ја прегледал со лупа целата плочка за ладни лемови, после би мерел ESR на електролити, не само на оние во напојувањето туку на сите, вклучително и најмалите, и тоа би почнал од оние монтирани најблиску до ладилници/моќни отпорници.
-
...звукот се јавува откако е вклучен....не забележав каков е кога ќе се загрее...сега ќе го вклучам да остане подолго време...
Симптоматично е што кога штрафцигер допирам до штрафови внатре - што ја држат плочката - засилива или ослабува - зависи како стистакш со штрафцигерот...
потоа снемува и после 5 мин - повторно „пишти“...
-
Хм, да не се некои надворешни сметњи, да не си мењал скоро време нешто по дома, некој нов уред, нови CFL или LED светла...?
-
...LordZi...не сум менувал ништо....се појави откако на него вклучив звук од мобилен преку кабел...мислев дека е од тоа, но подоцна вклучив ЦД и касетофон (дек) и „пиштењето“ продолжи....
Туку - во канцеларијата каде работам сменија светла - ставија лед плафоњерки, и оттогаш на мене и на неколку други очите ни се како на „варен зајак“....
-
Можно е нешто да се зезнало од мобилниот, свашта бива. Пробај да најдеш шема да да видиме што понатаму да се проверува...
-
(http://www.mediafire.com/convkey/5f5a/63lz5z4c7ad2t8yzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/479d/0cte9iazxf0kvqxzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/a876/gzy8bplfs4pfqw1zg.jpg)
-
Ништо не можам да видам, резолуцијата е многу ниска :P.
Него, спомна претходно дека реагира кога ги допираш штрафовите за монтажа, ај измери дали случајно има некој напон на нив према маса и ако нема пробај со парче жица заземји ги, да видиш дали така ќе го снема пиштењето.
-
...Koга ја подигам ел плоча десната страна - на една ел. плоча е целиот уред - се губи пиштењето...
Непристапно е за поправка одоздола бидејќи на долната страна нема посебен капак за пристап до полчката...
Утре е Водици, не се работи...ќе оставам за вторник...фала за помошта...
-
Можно е да е сепак некоја баналност, лош контакт или ладен лем.
Прочепкај па кажи... ;)