За одамна, запознаен сум од поодамна, ама сега имав шанса да сликам и да прикажам. А да бидеме искрени, „обичните смртници“ не ја знаат оваа „финта“ на Кинезиве, па еве, за сите кои не се навлезени многу во електрониката, нека знаат дека уште од пред 7, 8 години (ако не и повеќе), не треба да се „цени“ напојување по тежина. Има многу фактори кои се во игра, но тежината веќе не е. Ако не сте сигурни, купете си brand name напојување (ако веќе сакате да имате квалитетно напојување). Во вакви ситуации, скоро секогаш пресудна е цената. Ако е скапо и е brand name, скоро и да нема шанси да е „ѓубре“
.
Во некои напојувања има трансформатори со повеќе изводи кои не водат никаде! Значи ако има 5 изводи само три работат , а другите не се воопшто поврзани со жица, само така се залемени на плочка за да изгледа како да имаат некаква функција!
Не мора да значи. Ова е честа ситуација и во многу други уреди. Дополнителните пинови се за стабилност на компонентата (да бидеме искрени, SMPS трафо не е отпорниче, не може да се држи како што треба само со 2, 3 пинови), па затоа се додаваат дополнителни dummy pins. Ова беше честа појава и порано (ако ти текнува
) со високонапонските електролитски кондензатори во примарот на CRT телевизорите (кај Ei-Nis ова беше скоро стандардно
).
А некогаш, едноставно се работат 2, 3, 4 верзии од истиот SMPS со истото трафо за различни моќности, па треба дополнителна намотка за поголема моќност и тогаш се користат тие дополнителни пинови. Таа е изоставена од верзијата со помала излезна моќност. Ова не е нова работа, веќе се така се работи барем 25, 30 години наназад. Еден универзален дизајн за 20 модели, едно се додава, друго се одзема... и ова не е ништо ново
.
Пак ќе кажам: „ако не знаеш како, удри јако“
. Ако не сте сигурно дали „тоа и тоа“ no name напојување е добро, земете си brand name
. Ќе си заштедите на главоболки во иднина. Во вакви ситуации, скоро секогаш е точна народната „сиромавиот дупло плаќа“
.