Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: batka on 27.12.2010, Monday, 08:26:26
-
Да објаснам: ја најдов шемава и ми се чини интересна_ како да палите-гасите две сијалици поставени паралелно на еден вод.Неколкупати сум дошол во ситуација со наизменични прекинувачи или други помагала да правам слични инсталации,ама ова дефинитивно е одлично решение.Уште и поради диодите имате продолжување на животниот век на сијалиците... ;D ;D ;D ;)
-
Одлично нешто!
-
да стварно интересно,Батка од каде ги наоѓаш овие проекти??
-
Абе,не јас сам,имам неколку џуџиња-помошници! ;D ;D ;D ;D ;)
-
Ама ова може да работи само со сијалици со жаречко влакно, со неонки и CFL-ки не може да работи дека се носат само позитивните или само негативните полупериоди од наизменичниот сигнал, затоа. Исто така треба да се напомене дека жиците треба да бидат малку подебели од нормалната дебелина (моќноста на сијалицата мора да остане иста, па за да компензира за малиот напон од 115V, влече дупло повеќе струја сијалицата ;)).
-
ова може да се изведе ама со малечка сијаличка на 12V, а напонот да биде наизменичен од трафо 12V ?
-
Абе се изведе,пробавме и работи.Не треба ништо посебно,ставете осигурачи и диоди 1Н4007 и без гајле,пали две стоватни сијалици.Точно дека напонот ке се намали (180-190 волти) ,ама сијалиците си работат и векот им е сигурно продолжен,барем за некој саат! ;D ;D ;D
-
напонот може да се регулира со моќноста на сијалицата и со паралелниот кондензатор, дури со грешни вредности може и да изгори сијалицата за 1 минута (може да се постигне напон и до 300V)