Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Осцилатори => Topic started by: KiloVolt on 06.09.2014, Saturday, 21:21:20
-
Тие што во последно време се активни на форумов, знаат дека бев во изработка на генератор на пилест сигнал, што одлучив да го искористам за две намени, кога ми треба пилест сигнал со одредена фрекфенција и кога ми треба метроном за одржување на тактот... ;)
Подетално за проектот овде:
http://hackaday.io/project/2966
П.С. Да, тоа е мојот проект... ;)
-
Честито, си напреднал со стручниот англиски јазик, дури да не поверува човек дека ти си го пишувал текстот... ;) 8)
-
Одлично, браво ;). Ама само слики гледам, шемата и изработениот прокет. Нема текст?
-
Честито, си напреднал со стручниот англиски јазик,
Благодарам на комплиментот... :D
дури да не поверува човек дека ти си го пишувал текстот... ;) 8)
Сакаш верувај, сакаш не- Email адресата на овој account и на тој се исти... ;)
Одлично, браво ;). Ама само слики гледам, шемата и изработениот прокет. Нема текст?
Како така, проба да скролираш надолу???
-
Да, ете, во право си, не пробав ;).
А не ми е јасно зошто не го зачуваш текстот и во PDF, да може секој да си го симне од сајтот и да си го има и offline, да не мора да го бара во bookmarks или кај и да е за да може да ја види шемата и објаснувањето ;).
Ова го сметам за еден голем минус на сите оние кои post-ираат шеми и проекти по блогови и некои вакви слични сајтови. На никој не му текнува дека можеби некој сака и offline да си го има проектот во некоја негова лична база и да си го чита кога ќе има време. Освен тоа, сајтови си доаѓаат и си одат, ништо не е сигурно веќе. Вака, повеќе луѓе ќе го имаат проектот во PDF, па и да падне сајтот на кој првично бил поставен проектот, секој кој го има симнато може да го сподели на некој форум или некој друг сајт ;).
-
Kilovolt, не реков дека не ти верувам, само (пријатно) ме изненанди со текстот и целиот проект воопшто, посебно кога ќе ми текне на твоите први постови на форумот... ;) :o
-
Да, од тој аспект и јас се согласувам со LordZi ;). И јас сум пријатно изненаден ;).
Само напред ;).
-
го разгледав проектот, го гледав и видеото ама некако ми изледа ова непрактично пред се поради тоа што едвај се забележува discharge циклусот во лампата, подобро би било кога би било со лед диоди или пиезо базер, само што ова коло најверојатно нема да работи со лед диоди, бидејки е дизајнирано да работи со помош на празнење во лампата, ама со 555ка може да се направи нешто попрактично и поефтино, не секој има od3 лампа и 1kv напојување.
-
посебно кога ќе ми текне на твоите први постови на форумот...
Немој да ти ја покажам првата шема што ја нацртав... Ќе пукнеш од смеење... ;D ;D Од тогаш стекнав искуство колку- толку и се трудам да станам подобар... ;)
А не ми е јасно зошто не го зачуваш текстот и во PDF, да може секој да си го симне од сајтот и да си го има и offline, да не мора да го бара во bookmarks или кај и да е за да може да ја види шемата и објаснувањето
Не е уште завршен, ќе постирам и DIY инструкции и уште нешто додатно, планирам мала модификација... ;)
не секој има od3 лампа и 1kv напојување.
Јас сакав да го направам со ламби, за дури и кога не е вклучено, да биде декоративно... ;) Ги имав скоро сите материјали и си реков- зошто да не! ;) Инаку и како осцилатор за пилест сигнал можам да го користан, не е само метроном... ;)
едвај се забележува discharge циклусот во лампата
Да, ама на видеото, во живо е многу позабележливо и убаво за око... ;)
-
Супер проект !
Сведок сум дека тој го правеше проектот бидејќи и јас бев присутен додега го правеше. Наскоро очекувајте и мој проект. Поздрав.
-
Браво во секој случај киловолт ;D :D интересно.Се најдобро од мене :)