Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: Z31GH on 01.12.2013, Sunday, 15:45:52
-
Предлагам да се воведе рубрика „донација„ која ќе биде доброволна и висината на прилогот да е по желба кој колку може и кој колку сака, значи членот не е обавезен да даде донација, тоа е кој сака и по воља. Причината за овој предлог е затоа што ние како членови редовно користиме помош, разменуваме мислења, шеми и така натаму, а модераторите даваат пари за хостирање и останати давачки кој мора да се подмират за да постои овој форум. со донациите сигурен сум дека овој ионака супер одличен форум ќе биде уште подобар. Донации има во многу форуми па предлагам да се воведе и тука
-
До каде е со воведувањето на рубриката? Како може да се донира?
-
Иаме отворено тема во секцијата „Огласи и понуди“ ;). Не дека не може да се направи нова секција, може, ама нема толку многу донации, така да, сметавме дека не е потребно вакво нешто да се прави.
http://elektronika-mk.ml/index.php?topic=4710.0
Може и посебна тема секој да си отвори, се разбира ;).
-
Супер е таа секција, но тоа е за делови претежно, јас го разбрав Z31GH као за парична донација на сметка, кои ќе бидат наменети за хостинг итн...
-
ОК, не е проблем, може да подесам PayPal donate копче ако сакате :). За почеток можно е да е во некоја отворена тема, но потоа може да се направи и како посебен дел од форумот, во некој агол да биде ;).
-
Зошто да не, нека има копче. Кој сака, кој може нека донира колку може. Знам дека нема некоја посетеност форумов и дека се помлади членови, но знам и дека оние со тел. броеви за донации, собираат по илјадници евра. Незнам колку чинат трошоците за одржување, но верувам дека колку малку луѓе и да сме на форумов, дека ќе собереме. Сепак овој форум јас го гледам како мн повеќе од место каде што се споделува знаење, планини од информации и знаење има на нет колку сакаш, но сепак овде ќе побараш мислење, зошто овде ти е најудобно, свое, македонско, као национален производ кој треба да се негува.
-
Па, не се нешто преголеми да бидам искрен и тоа не е најголемата причина зошто (се надевам, привремено) сме префрлени на бесплатен domain. Имавме некои проблеми со наоѓање на hosting (да бидам искрен, сумата на пари беше пресудна) и некако доцна почнавме да го правиме тоа и работите не испаднаа баш како што требаше, така да, мораше привремено некаде да се преселиме.
ОК, добро, ќе отворам тема за донации најбрзо што можам, а подоцна, може да се додаде и како копче на форумот ;).
-
Колку треба за хостингот да се соберат средства?
-
Не е кој знае колку, околу 20, 30 долари за една година и уште околу 10-тина долари за domain-от (исто за една година). Не е скапо, доцна почнавме со процедурата, тоа беше вистинскиот проблем и ни летна моментот (имаше попуст :P).
-
Одлично, чекаме да отвориш тема! :)
-
Барањето на Apostol_Cz и Z31GH е исполнето ;).
-
ја пиво ќе те часта, по френдли јузер ми е некако :)
-
Да де, затоа се вика beer fund :P :D.
-
Епа, да се заблагодарам за првата донација :). Не знам дали членот или оној кој донирал сака јавно да знае кој е оној кој донирал, така да, ако сака, нека си пише он/она ;).
-
Колку членови или добри луѓе имаат донирано до денес?
-
Последен пат кога проверив (беше пред околу една недела), само еден. Сумата е околу $10 (плус/минус некој цент, зема PayPal за трансакцијата).
-
И уште една информација, сега може да се коментира во секцијата „За потенцијалните и новите членови“, т.е. можат обични корисници да коментираат во неа, не е повеќе забрането тоа ;).
Ова го пишувам бидејќи си има тема за PayPal донации во таа секција, затоа ;). Нема потреба веќе да се коментира во оваа тема со прашања за PayPal бидејќи е имплементирано ова барање ;).