Author Topic: Maгнетно поле и влијанието врз водата!?  (Read 1905 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Пред некој ден мајка ми била на некој си презентации каде што презентирале магнет(магнетно стапче слично на лажица), кое демек било делотворно и влијаело врз водата. поентата била демек ја менува структурата на тврдата вода, односно на калциум карбонатото (бигорот) и останатите елементи. Бидејчи сме членовми на овој форум, се сомневаам дека некој е дефицит со магнетинњет, па ако сака да проба, или ако мисли дека презентерите се во право, едностано може да стави расходен магнет(по цена од само 0 денари) под или во некој сад, наместо да дава некои 15 евра за фино обработен хромиран магнет. Ме интересира ваше мислење за оваа работа.
Како што знам водата(чисто х2о) не може да се магнетизира по никоја цена, но можно е влијание врз минералите во неа, но незнам точно кој хемиски состав го има водата која е пиеме

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова теорија се врти поодамна во научните и други кругови.Дека има некој ефект од магнетното поле врз честиците кои се растворени во вода - има! Значи бигорливите води ( богати најчесто со калциумови соли) можат да се * омекнат* со дејство на магнетно поле ,при што наводно се спречува таложењето на овие соли во цевките,резервоари,бојлери.Дури има бојлери со вградена електрода која не дава да се таложи каменот од водата.Колку е тоа ефикасно не сум имал можност да проверам лично,ама некои луѓе кај мене велат дека е ефектно.Иначе водата кај нас во Велес порано беше доста бигорлива,ама сега имаме прочистителна станица и веќе е друг случајот.И на Форум имаше неколку шеми со НЕ 555 и два калема ,кои се мотаа на цевката со довод на вода и ствараа магнетно поле кое имаше иста цел - намалување и спречување на стварање на талог во цевките.За лажица со магнет не сум чул,ама не верувам дека тоа ке успее кај лажицата ;D :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Знам за променливото електро магнетно поле, но овде е променливо само додека лажицата пенетрира во водата(2-3 секунди). Ако полето е интензивно и променливо, би требало водата да ја разгради- водата е проводник, низ секој проводник во променливо магнетно поле протекува струја, но овде е сосема друга ситуација, што впрочем ми е нејасното...