Author Topic: Прост временски прекинувач  (Read 2225 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Прост временски прекинувач
« Opened on 25.10.2011, Tuesday, 08:15:49 »
Деновиве немаше што да правам, па решив да почнам полека да ја средувам работилницата пошто како бомба да ми има паднато се ми е расфрлано.
Средувајќи така начекав тетратката по пракса од 2-3год (не сум сигурен од која е).
Во неа најдов една шема за прост временски прекинувач (тајмер по наше) и зедов ја прецртав. Мислам дека шемата ја  имам негде во некоја книга видено/ прецртано, ама да ме убиеш незнам од кај ми е.
И така ти викам јас си цртам, и гледам најдолу запишано со ситни букви НЕ РАБОТИ ?!, па зедов ја гледав шемата и се уверив дека не би требало да има некој проблем со неа, па зедов нацртав нова плоча ама овај пат за SMD компоненти и ја составив, па ете да не ти се верува работи :)

еве шемата


и еве некое сличе како изгледа готовата верзија


Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ааа, браво, убаво си ја стокмил ;) :), кој тип СМД транзистори стави?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
како мислиш кој тип, пакување ли ?
или пак кој модел (вредност) ?

пакувањето незнам како им се вика треба да проверам SOTхх нешто е
а за вредност незнам, ги проверив само дали се пнп или нпн и ги ставав така :)

и наместо реле има LED, една многу мала ситна скоро и да не се познава, ја извадив од старо усб стикче
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Мислев која ознака се, кои транзистори би биле СМД замена наместо ВС547/557.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Замена за BC547 и BC557 се BC847 и BC857

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
За може да се искористи оваа шема? и ако не ви е тешко да го објасните принципот на работа

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Времето се поставува со помош на потенциометарот и кондензаторот, колку поголем кондензатор толку поголемо време, исто колку поголем потенциометар толку поголемо време.
 со вртење на потенциометарот се поставува „пофино“ времето.
 Го уклучувате на батерија, акумулатор или адаптер (или што и да имате веќе), напојувањето мора да е над 8,2V, ако е под ова ниво нема да активира релето, или набавете реле за 5V, па ќе може и на 5V да го работите.
 Откако го уклучивте на батерија притиснете кратко на тастерот, со ова се полни кондензаторот, на ниво на напон на кој е приклучен, во зависност од положбата на потенциометарот кондензаторот почнува да се празни побрзо или поспоро, кога напонот на кондензаторот ќе падне под ниво од 0.7V BC547 транзисторот станува непроводен, а со ова базата од транзисторот BC557 се наоѓа на некое ниско ниво, поради тоа ниско ниво тој ќе се активира, со самото активирање котвата од релето повлекува и прави спој меѓу NO и C изводите, доколку има нешто поврзано на овие изводи релето ќе го активира.

 Со промена на вредноста на C1 и Р1 се менува и времето, доколку поставите поголеми вредности поспоро ќе се празни, доколку поставите помали вредности побрзо ќе се празни, а со тоа и директно се диктира времето.

ако се извади потенциометарот и отпорникот кој иде прама маса со него, се промени вредноста на кондензаторот на 10µF, тогаш се добива време од ~20 секунди
 Ако се изостави отпорникот на потенциометарот и тој се постави на маса директно, а неговата вредност се намали на 1М ом, а вредноста на кондензаторот се зголеми на 1000µF, кога потенциометарот е во крајна положба (најголем отпор) би се постигнало време од ~15 минути.
 Доколку се остават потенциометарот и отпорникот како што се на шемата, но се зголеми вредноста на кондензаторот над 2000µF, би се добило време од неколку часа (1-2).
во ова зависи и времето колку ќе биде притиснат тастерот, доколку е подолго време кондензаторот ќе го исполне цел негов капацитет, ако е пократко само дел ќе биде исполнет и така...

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Сликите ќе може упдејт да видам ? шема плочка итн

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да не отворам друга тема,ке се надоврзам на ова.Еве го уредот  кој беше обавезна вежба за изработка во областа - Електроника на Републичкиот натпревар во Пехчево.Годинава ги прескокнав натпреварите од објективни причини.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да не отворам друга тема,ке се надоврзам на ова.Еве го уредот  кој беше обавезна вежба за изработка во областа - Електроника на Републичкиот натпревар во Пехчево.Годинава ги прескокнав натпреварите од објективни причини.
Шемава на батка е супер! Ја имам правено пред 2 години во повеке наврати.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Батка и годинава имаше да направиш временски прекинувач бев јас.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка и годинава имаше да направиш временски прекинувач бев јас.

Тоа е овој временски прекинувач кој го ставив за да го видат и направат и оние кои немаа шанса да бидат на натпреварот.