Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: batka on 07.02.2014, Friday, 01:18:59

Title: Термини како да го опишеме звукот од звучните кутии
Post by: batka on 07.02.2014, Friday, 01:18:59
Не знам дали досега некој седнал и на македонски ги запишал(опишал) термините со кои би се опишал звукот на звучните кутии.
Затоа,со мајстор Крсто седнавме и добри десетина дена се расправавме и запишувавме како би дефинирале поедини звукови кои ги даваат звучните кутии.Можеби не е се под конец,ама барем се потрудивме.Можеби некој ке сака нешто и да додаде,можеби сме испуштиле,па изволте дајте ваш предлог.

Oва се  термини кои се користат да се опише звукот од звучните кутии

Воздушест : простран. Отворен. Инструментите  звучат како тие да се опкружени со голем рефлексен простор полн со воздух. Добра репродукција на висока фреквенција без  рефлексии. Високите  фреквенциии  се протегаат  до 15 - 20 kHz.
Подуен : Прекумерен бас околу 250 Hz. Лошо задушени ниски фреквенции, ниска фреквенција со резонанци.
Нејасен : Неквалитетни и нејасни стерео слики, не се фокусира звукот .
Boom : Прекумерен  бас околу 125 Hz. Лошо задушени ниски фреквенции или ниска фреквенција со резонанци.
Box : музиката звучи како затворена во кутија. Понекогаш  има акцент околу 250-500 Hz.
Светол : Високите  фреквенции со акцент. Хармониците  се силни во однос на основите .
Остар : Напредна висока фреквенција  .
Темна : Спротивно на светла. Слаби високи фреквенции.
Деликатни : Високи  фреквенции се протегаат  до 15 до 20 kHz без врвови.
Длабочина: чувството на далечина на различни инструменти.
Детален: Лесно да се слушне мали детали во музиката ,артикулирани детали. Соодветна висока фреквенција со  остар минлив  одговор.
Напнат : Премногу високи фреквенции. Treblе . Хармониците  се премногу силни во однос на основите . Искривени, имаат несакани хармоници .
Полн: Силена основа во однос на хармониците. Добра ниска фреквенција со соодветно ниво околу 100 до 300 Hz. Машки гласови се полни околу 125 Hz; женски гласови и виолини се полни околу 250 Hz; саксофон е полн околу 250-400 Hz.
Нежен : Спротивно на напнат. На хармоници те- издигнувања и горниот средни - не се претерани, па дури и може да бидат слаби .
Тежок : премногу горниот среден опсег , обично околу 3 kHz.
Груб : Премногу горниот среден опсег. Врвови на фреквенција помеѓу 2 и 6 kHz .
Весел : Намалени високи фреквенции, не напнати.
Каллив : Не е јасен звукот. Слаби хармоници со дисторзија.
Придушен : Звучи како тоа е покриен  со ќебе. Слаби издигнувања или слаби горни средни .
Пирсинг :. Имаат остри , тесни врвови околу 3 до 10 kHz .
Присуство: Чувството дека инструментот е  во моментов во соба. Синоними се EDGE , удар , детали , блискост и јасност. Соодветна или нагласена ф-ја околу 5 kHz за повеќето инструменти, или околу 2-5 kHz за удар тапан и бас.
Подуени : нагласени  500 Hz.
Пунч : Добар репродукција на динамика, со силно влијание. Понекогаш се судрат околу 5 kHz
Круг : Висока фреквенција roll-off. Не напнат звук.
Sibilant : Претерани "s" и " sh " звучи во пеење , предизвикани од зголемување на одговор околу 6-10 kHz.
Извалкан : Нема детали. Сиромашните минливи одговори , премногу истекување помеѓу микрофони. Слабо фокусирани  звучни слики.
Нежен  : Лесно за уши, не груби . пријатни фреквенции, особено во среден опсег. Недостаток на врвови .
Простран : Пренесување чувство на простор , амбиент , или простор околу инструментите. Стерео Reverb .
Тврд : Истакнати  горни -  средни околу 3-6 kHz. Остар звук , многу високи фреквенција
Сладок  : Не остар. Нежен.,високи фреквенции, ниска дисторзија. Недостаток на врвови . Издигнувањата  се на 15 или 20 kHz, но тие не се остро нагоре. Често се користи кај  ударни инструменти, стрингови.
Телефонски : Види тврд.
Тенеке : Теснопојасни , слаби падови, остра средни . Музиката звучи како тоа доаѓа преку телефон.
Транспарентен  : Лесно да се слушне  музиката , детално, јасно, не матно. Широка  рамна фреквенција, многу ниска дисторзија.
Прикриен : Како свилениот превез на звучниците. Мала бучава или нарушување или малку слаби високи фреквенции.
Топол : Добар бас, соодветно ниски фреквенции, соодветни  хармоници. Не тенок,но со прекумерен а бас или midbass . Исто така, пријатно простран , со соодветен одек при ниски фреквенции.
Тежок : Добри ниски фреквенции околу 50 Hz. сугерирајќи  предмет на голема тежина или моќ, како дизел локомотива.
Title: Одг: Термини како да го опишеме звукот од зв&
Post by: izotop on 07.02.2014, Friday, 10:55:14
Добра тема Батка .
Треба да се разговара за карактерот на звукот , дали се тоа звучни кутии , засилувачи предзасилувачи или ЦД плеери .
јас не би одел толку детално во описите на термините затоа што истите можат да бидат протолкувани субјективно малку поинаку од  некој друг , меѓутоа се одличен базичен опис ,се разбира со Македонски термини
Јас набрзина ќе се обидам да ги опишам оние тремини што сум ги сретнувал во описите , знам дека малку одстапува од темата но важи за повеќе уреди не само за звучни кутии и се однесува повеќе на звучната слика  вкупно не само на звучниците .

Светол
Најчесто сум го сретнувал при описи кои подразбираат дека звучната слика е  повеќе  ориентирана кон високотонскиот спектар односно длабоките и дел од средните  тонови се второстепени, најчесто потиснати во позадината .

Топол
самиот збор кажува , најчесто сретнуван термин кај лампашките засилувачи или передзасилувачи , за звучните кутии многу зависи најчесто се тоа широкопојасните звучници иако некои порафинирани звучници претендирааат да имаат топол тон .

Колоризација (обоена)
Се подразбира одредина топлина во некој дел од  звучниот спектар односно најчесто пријатно одстапување од неутралноста на самата звучна слика , се мисли дел од спектарот е обоен ,ако може така да се каже.

Мрачен
Звукот е  длабок особено долниот среднотонски спектар кон бас подрачјето , високите тонови се турнати  во позадина и недостасуваат и најдлабоките тонови кои се често разлеани .

Длабок звук 
Се мисли на сличен опис од предходниот со тоа што деталите се појасни

Контура
Се мисли на добро дефинирани детали или заокружена звучна слика или дел од звучната слика .

Широка
јасен термин кој подразбира широчина на звучната слика во просторот  јасно подредени инструменти по хоризонтала , точно се знае од каде доаѓа вокалот и изворот на содржината на звучната слика .

Транспарентна
Се мисли на лесна звучна слика која дише од детали  и има многу простор помеѓу инструменти вокали и други детали внатре во звучната слика.


Динамична
Голема тонска разлика помеѓу најтивките и најгласните тонови , подразбира звук кој има најчесто голема резолуција и се чуствува секое тонче и при мала гласност , при големи гласности контролата на звучната слика е добра и во соодветна просторија динамиката подразбира одлична резолуција односно мембраната се смирува брзо што дозволува  звукот да не биде разлеан и мек , се слушаат и најтивките пасажи од звучната слика меѓу големи гласности .

Во моментов овие ми текнуваат надополнете некој ако ви текнува .

Неутрален
Термин кој се бара од мониторските звучници и друга опрема и подразбира необоеност на звучната слика , нефаворизирање на  некој дел од спектарот односно се труди да ја пренесе звучната слика онака како што е изворно створена без разубавувања ,колоризации и преферирања односно потенцирања на некои делови .
Title: Одг: Термини како да го опишеме звукот од звучните кутии
Post by: slidermc on 07.02.2014, Friday, 22:05:46
Батка, за ова имаш голем респект од мене. Изотоп, добра забелешка за дополнувањето.

Не само што се користат за опишување на звукот, туку и се добри показатели каде се крие проблемот на испитуваниот звучник.

Кон крајот на следнава недела ке се обидам детално и убаво да ги објаснам тајните на ТЕле-Смалл карактеристиките на звучниците, на едноставен и разбирлив начин.
Title: Одг: Термини како да го опишеме звукот од звучните кутии
Post by: GigaWatt on 08.02.2014, Saturday, 09:34:27
Кон крајот на следнава недела ке се обидам детално и убаво да ги објаснам тајните на ТЕле-Смалл карактеристиките на звучниците, на едноставен и разбирлив начин.

Стави го во PDF или DOC ако имаш време ;).
Title: Одг: Термини како да го опишеме звукот од звучните кутии
Post by: slidermc on 08.02.2014, Saturday, 10:50:44
Во ПДФ ке го направам, и ке ги објаснам малку подетално основните параметри на звучниците, секако подржано од физиката :)
Title: Одг: Термини како да го опишеме звукот од звучните кутии
Post by: batka on 08.02.2014, Saturday, 17:30:32
Отвори си нова тема,за да можеме да разговараме посебно.