Македонски форум за електроника

Стручна литература => Туторијали => Topic started by: GigaWatt on 01.08.2013, Thursday, 15:06:56

Title: Туториал за поправка на AT SMPS компјутерски напојувања
Post by: GigaWatt on 01.08.2013, Thursday, 15:06:56
Да, туториалов не е наменет за ATX компјутерски напојувања, туку за AT (старите, оние со огромен прекинувач на предниот дел од куќиштето ;D). На оние кои им текнува на времето на Win98 и познатата порака "It's now safe to turn off your computer"... да, за овие напојувања е наменет овој туториал ;D. Туториалот (поточно, написот, издаден е во Nuts & Volts Magazine во 1996) е наменет пред се за постари компјутери (оние со PI, PII или некој AMD K-5 процесор ;D), но принципот на работа не е баш многу различен од ATX напојувањата ;). Конекторите се разликуваат, а и некои други работи, но принципот на работа на овие напојувања е идентичен со ATX напојувањата. Инаку, во текстот никаде не е спомнато дека станува збор за AT напојување, но тоа е очигледно, а и не морале да спомнат, бидејќи во времето кога е пишуван написот, само такви и имало ;D.

Го прочитав цел туториал и морам да признаам дека е одличен ;). Едни од ретките работи кои воопшто не се спомнати е подувувањето на излезните кондензатори. Но, претпоставувам дека ова не е спомнато бидејќи, на времето, се ставале поквалитетни компоненти во SMPS напоувањата за PC, па излезните кондензатори не ни биле проблем во тоа време ;). Како и да е, и онака веќе имаме доволно информации за овој проблем: најчест е, а и лесно забележлив ;). Останатите информации во овој туториал се оние кои навистина вредат ;). На пример, објаснето е како лесно, само со помош на унимер, да се проверат определени компоненти директно, на самата плочка (не сите испитувања спомнати во туториалот се прават на самата плочка, но дел од спомнатите, да ;)), кои се симптомите на определени типови на кварови, дали проблемот може да биде во примарната или во секундарната секција, итн. Посебно се обработени примарната и секундарната секција, а до некаде, е објаснет и принципот на работа на напојувањата за PC ;). Проблемите се разработени од еден „глобален“ аспект (не се разработуваат конкретни напојувања, туку шемите се дадени како „стандарни изведби“), што според мене е одлично (не ве врзува за определени шеми, туку ви објаснува како најчесто се изведуваат овие напојувања и кои се најчестите проблеми кај нив). Исто така, никаде не е спомнат ни 3.3V-ниот rail ;D, но тоа е разбирливо бидејќи тие стари машини не ни имаа 3.3V-ен rail, имаа само 5V-ен и 12V-ен (главните, за напојување, ги имаат и оние додатните -5V и -12V, но тие не спаѓаат во главните напојувачки rail-ови). Не е спомнат ни +5V Stand By напонот, но од разбирливи причини ;), станува збор за AT напојувања, тие немаа +5V Stand By напон ;). Има и некои други застарени информации, како на пример 110V-220V switch-от, кој во денешно време, кај ATX напојувањата, барем поновите, го нема. Исто така, во постарите напојувања, switching транзисторите од примарната страна најчесто беа биполарни (како што е и претставено во шемите од туториалот), а во денешно време, најчесто се изведени со MOSFET-и, но и ова не е проблематично бидејќи принципот на работа е ист, само полупроводничката компонента е сменета ;).

За оние кои имаат малку поголеми познавања од електрониката или претодно поправале компјутерски напојувања, првите две страни ќе им бидат досадни ;D (објаснува како да установите дали проблемот е во напојувањето или некоја од компонентите во комјутерот), но сепак, би препорачал да ги прочитате ;). Понекогаш, најочигледните работи може да не ни текнат ;).

Да бидам искрен, прилично краток е туториалот (само 4 страни), но има доста корисни информации ;). Има дадено и табела за вредностите на излезните напони и во кои граници треба да се движат истите. Не се водете баш стриктно по оваа табела. Оваа табела е правена во времето кога електронските компоненти и немаа баш толку високо ниво на интеграција, а и изработката им беше по квалитетна, па можеа да истрпат прилично големи флуктуации во напојувачкиот напон. Во денешно време, се бара се постабилни и постабилни да бидат напојувачките напони, така да, некои од вредностите кои се дадени во табелата не се баш точни за стриктните напојувачки барања на денешните матични плочи ;).
Title: Одг: Туториал за поправка на AT SMPS компјутерски напојувања
Post by: GigaWatt on 09.09.2013, Monday, 22:30:29
Еве уште еден туториал ;). Не е толку добар како претходниот, но можеби ќе му послужи на некој ;).