Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: LordZi on 31.08.2011, Wednesday, 09:53:34
-
Еве една едноставна, а корисна шема за испитување мосфети :). Мосфетот се држи за изолираниот дел или за металниот ладилник ако го има, се става во подножјето, со прекинувачот се одбира N или P тип на транзистор, се притиска краткотрајно тастерот CHARGE за да се наполни кондензаторот 10nF и сега со притискање на тастерот ON треба да запали една од лед диодите, зависно кој тип на транзистор е одбран, а со притискање на OFF тастерот треба да се изгаси, ако вака се однесува мосфетот е исправен.
Во прилог е монтажната шема, кратко упатство и нацрт за плочката, ако некој сака да ја прави, иако за вакви едноставни работи побрзо и подобро решение е униварзална плочка ;). Од страна има уште еден конектор за поврзување кабел со крокодилки за мосфети кои имаат друг распоред на изводите од оној стандардниот G-D-S или физички не ги собира во подножјето.
(https://s25.postimg.cc/debe0e87j/PIC_0002-13.jpg) (https://postimages.org/)
-
Како што сигурно знаете мос-фет се малку попроблематични кога е во прашање испитувањето на отпорноста помеѓу G,S,D,особено ако не знаете * со кого си имате работа*! Овој мал и практичен уред е добар и за испитување мос-фет од матични ( мојов колега е во состојба сите да ги извади и провери ,иако најмалку тие прегоруваат! :D :D).Електрична шема не ви треба,се е објаснето.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6502.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6502.0) ;D
-
Му се извинувам на колегата што го *дуплирав* ;D ,не сум видел дека истиот проект веке го имало!
-
темите ви се споени :)
-
Одлично уредче за тестирање...Но понекогаш е многу побрзо да го провериш фетот со инструмент, или па а го замениш на 5 секунди со 100% исправен :)
-
Проблемот со овие тестери е тоа што некогаш може да јават дека компонентата е исправна, а не е, бидејќи не пуштаат доволно голема струја низ MOSFET-от. Истото може да се лучи и со тестер за транзистори. На diode test или на hfe тест на унимер ќе јави дека е исправен (ќе јави пад на напон или hfe, зависи на кое подрачје сте го ставиле), но при мали струи. При големи можо е да се покаже дека е неизправен.
-
наместо лед диоди стави ти сијалички од кола (некој што тргаат повеќе струја) па така испитувај помоќни фетови
-
Одличен уред. Малецок а практичен :)
Еве еден од начините како да се испита мосфет со инструмент може на некој да користе:
Quick and Dirty 2: Testing MOSFET With Diode Check Function of DMM (http://www.youtube.com/watch?v=RBJGOOTEwfU#ws)