Архива > Архивирани теми

Како работи „Solid State“ Tеслин Трансформатор?

<< < (14/14)

Malecko:

--- Quote from: MartinSk on 03.05.2011, Tuesday, 23:41:35 ---или па земи на перфорирана само таму ке треба да ги појачаш водовите или седни му ја некој ден и детално прегледај ја таа што си ја нацртал не е многу голема :)

--- End quote ---
Ех па ти ко божем не ме знаеш хах,одма ќе го направам на перфорирана само што за натпревар бараат на ппк да биде...Ама како и да е,и онака не одам,па ќе си го направам на перфорирана хех ;D

bicikle:
од искустви, ни едно коло со 555-ка на ппк ми немат проработено, а тие што ми се *лебдечки* од прва и мака немаат.... види со оние универзални плочки, во зец гледав само не прашав цен али не би требало да е некоја асрономска....
a проба да стајш звучниче, да видиш дали осцилира 555-ката?

Malecko:

--- Quote from: bicikle on 04.05.2011, Wednesday, 00:22:56 ---од искустви, ни едно коло со 555-ка на ппк ми немат проработено, а тие што ми се *лебдечки* од прва и мака немаат.... види со оние универзални плочки, во зец гледав само не прашав цен али не би требало да е некоја асрономска....
a проба да стајш звучниче, да видиш дали осцилира 555-ката?

--- End quote ---
Mислам дека ако не осцилира 555-ката,нема да се „уклучат“ драјверите и да даваат 25волти,или грешам? :)

bicikle:
би требало да даваат 0 в
ако даваат исклучени 25в значи ќе имаш постојан напон од 50 волти... што е многу. Стај им осигурач или отпорник(сијалица) за проба барем колку толку *ќе дишат слободно*

KiloVolt:
Знам дека е стара темава ама ако некој сака да проба да го направи ова да ги земе во предвид следниве работи:

       -Можно е проблемот да биде во rise & fall времето на MOSFET-тие, т.е. тие во една точка да бидат вклучени истовремено и да го краткоспојат напојувањето (заради тоа што колото пример било дизајнирано да работи со побрзи MOSFET-и а сме ставиле потроми). Во овој случај тоа не е проблемот затоа што во споредба со IRFP260, IRFP460 е побрз.

       - Можно проблемот да е до антената, да е прекратка, предалеку од секундарот или слично, но сепак NE555 би дало почетен пулс што би го активирало колото што би предизвикало искра... Тоа не е проблемот овде затоа што нема искра.

       - Овде е проблемот до драјверите, тие се наменети за МАКСИМУМ 15V на влез, а имаат измерено 25V на излез. Тие можат да го дадат тој првичен пулс, но проблемот е што тоа носи 25V на гејтовите на MOSFET-ите (Ug(max) за IRFP460 e +-20V) , што ги вклучува, и и им го пробива оксидниот слој на гејтовите, што трајно ги вклучува и прави краток спој на напојувањето. А од каде се нашле тие 25V? Најверојатно заради расипан LM7812 што пропушта испеглан напон +25V што го предизвикал овој проблем.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version