Општа дискусија > Претставувања

deophorant

(1/2) > >>

deophorant:
Здраво на сите. Нов сум на форумов и еве после 10 дена членување видов дека има и ваков подфорум. Инаку јас сум Жарко Костадиновски имам 22 години и сум од Велес. Средно завршив во Велес Електротехничар-енергетичар ама тоа не ме одвлече од електрониката. Поактивно почнав да се занимавам со електроника кога бев 2-ра година средно и тогаш највеќе се занимавав со аудио (појачала, миксети, филтри, еквилајзери, а направив и неколку звучници), како што почињаат најголем дел од почетниците. Учествував и на повеке натпревари за средните стручни училишта и имам освоено и 2 први државни награди за дисциплините електритехничар-енергетичар и трудови (правев стартер за камиони - целосно мој проект со трансформатор и управуван насочувач за 1000А). Потоа патот ме донесе на електро во Скопје (FEIT) и се запишав на смерот елекроника, радиотехника и процесирање на сигнали. Студирањето тргна убаво и имав чест да учествувам на 2 електријади (натпревари на електро факултетите од балканот и пошироко) и лани освоив 2-ро а годинава 3-то место во натпреварите по електроника. Моментално највеќе се занимавам со дигитална електроника (дизајни на микропроцесорски системи) и микроконтролери (PIC ги научив одамна а сега активно работам со ARM, а се трудам да навлезам подлабоко и во DSP микроконтролерите). Меѓу другото сум работел и енергетска електроника (имам доста проекти изработено), процесирање на сигнали, дигитално аудио, процесирање на слика и видео и нивна имплементација во вгнездени компјутерски системи (напредни микроконтролери). Отворен сум за дискусии на сите теми и ке помогнам колку што можам на сите членови а се наоѓа и од другите по нешто интересно.

r00t:
Добредојде :)

Devil:
добре дојде на форумов има пријатен престој :)

deophorant:
Благодарам на сите за гостопримството :)

Bojan:
welcomeeeee  :-*

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version