Општа дискусија > Претставувања

Здраво на сите!

(1/4) > >>

cekaj:
Не знам зошто темата ја отворам дури по 1 месец откако се зачленив на форумот, најверојатно поради тоа што не сум го видел овај подфорум или поради помислата дека е касно сега да се претставувам, сепак еве ќе се претставам :)

Со неколку членови на форумот се имам сретнато неколку пати, мислам дека ме знаат..

Се викам Михаил, живеам во Битола, имам 16 години, учам во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ на насока Техничар за комјутерски технологии и автоматика..

Со електрониката се запознав пред околу 4 години, се заинтересирав кога татко ми купи една лемилица и кога го прашав зошто му е, ми рече дека ќе се најди (иако е дипломиран машински инженер).. Тогаш во основно училиште не одржувавме часови по Техничко Образование, поради проблеми со распоредот на часови, но со електрониката конкретно се заинтересирав кога добив проект по физика - изградба на коло со паралелно и редно поврзани сијалички  :D.
Тогаш наставничката по физика ми предложи да ме пушти на напревар по електроника, кој беше организиран од страна на народна техника. Таму се појавив со еден проект „Мини аларм“ од списанието Емитер кој рабореше на принцип: отворен тастер (во случајот рид-реле) вклучување на сирена (свирење на звучникот). Склопот се користеше како „чувар“ на фиока или слично.. На натпреварот отидов со знаење да лемам со дадена монтажна шема ( lame xP ), читање на отпорници и по малку теорија. Вака-така извадив прво место на локално ниво со готова ППК ( lame xP )..
По 7 дена повторно бев на натпревар но овој пат на државно ниво. Е тука беше интересното! Имаше 14 учесници, сите имаа од интересен поинтересен склоп.. Од лајт шоуа, до детектори на метал, сирени, засилувачи, токи-воки, детектори на ниво на течност итн..
Јас за жал го имав истиот проект, бидејќи дома немав интернет, па не можев да најдам некој салам проект, во меѓувреме подготвував еден ласерски аларм ама и од него не бидна ништо па повторно го имав стариот проект. Таму имавме за изработка еден проект, електронски рулет, со LED, црвени и жолти го изработив проектот шести, па тоа беше и моето финално место.. Имаше некои несогласувања со жири комисијата бидејќи не ги ставив лежиштата за интегралците, па ми правеа проблем иако склопот беспрекорно работеше и без нив.. Бев зачуден како од толку одлични идеи како домашни трудови, јас испаднав во првата половина, шесто место од четрнаесет натпреварувачи. Сепак, тоа е тоа.. Се вратив дома, па паузирав година дена, па во втора година со праксата повторно се „поврзав“ со електрониката, пред месец дена го најдов овај прекрасен форум, кој уште повеќе ме занесе во електрониката..
Иако зад мене имам сосем мало „портфолио“ на проекти (неколку незавршени), јас се стремам кон нови и нови проекти и ширење на знаења од оваа област.. Од областа електроника не издвојувам некои како омилени теми, се занимавам скоро од сé по нешто, чисто за занимација..

Знам дека повеќе од половина нема да се замараат да го читаат ова целото мислење, ама тоа е тоа  :D
Се надевам сум добредојден на форумот и дека добро ќе се согласувам со сите членови.

Поздрав, cekaj

Devil:
јас сум од тие што го прочитаа :)
имај пријатен престој, ако треба помош нешто идеа или слично слободно прашувај ;D

cekaj:
Фала многу Девил! Ете го изменав мислењето, напишав целото мислење да не си речи некој дека се чувствувам игнориран :)

GigaWatt:
Интересна приказна, нема што ;). Немој да се чудиш на тоа дека од 14 души си излегол а 6-то место, јас на натпревар по основи на електротехника во средно (значи теорија, решавање на задачи, не смеев да одам со практичен проект, многу сум бил мал, сега не знам како е) излегов на 2-ро место на државно ниво, а задачите ги решив за 25 минути (боза беа, редно, паралелно и триаголник врзани отпорници за едно со уште неколку простички задачи). Второто место беше само поради еден тип кој беше четврта година и му требаа поени за упис на fax, така да (знаете како идат кај нас работите) он заврши на прво место, тоа е тоа ;).

DX-er:
пријатен престој cekaj :) , само ако може да ни кажеш од каде идеата за необичниот ник?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version