Аналогна електроника > Напојувања

Помош околу трафо од Technics SU-7700k

(1/1)

WhyNotSak3:
Пред доста време го извадив трафото од скршен засилувач, но бидејки немав памет не обележав ништо и сега немозам да се снајдам. Проблемот е што има селектор за напон и еден куп жичи. Ми треба помош да го остранам тој селектор и до го поврзам на 220V.
Еве и шема:

--- Code: ---https://medias.audiofanzine.com/files/hfe-technics-su-7700-service-472892.pdf
--- End code ---

ace1903:
Доколку некој не понуди попаметен одговор еве мој предлог
Најди ги двете портокалови жици од секундарот со мерење омски.
Земи некој помошен трансформатор на пример од 12В и приклучи го  на зелената и една портокалова жица.
Оргиналниот трансформатор има преносен однос 220/32 што е негде 7:1.
Ако приклучиш 12 волти на намотката од 32В тогаш целта ти  е да добиеш 84В со спојување жици.
Мојата логика е дека треба да ги споиш црвена и портокалова(од примарната страна) а помеѓу црна и жолта да измериш 84В

WhyNotSak3:
И јас мислев нешто слично на тоа само што сакав да црвената и кафеавата да ги спојам, а да пуштам струја низ плава и жолта. Но ќе почекам уште некој предлог.

dr-mr:

--- Quote from: WhyNotSak3 on 27.11.2023, Monday, 00:19:14 ---И јас мислев нешто слично на тоа само што сакав да црвената и кафеавата да ги спојам, а да пуштам струја низ плава и жолта. Но ќе почекам уште некој предлог.

--- End quote ---

Колку што разбрав од шемата, доколку ги поврзеш така жиците трафото ке биде поврзано за 230в, според шемата трафото е наменето за 110в, 120в, 220в, и 240в. Незнам дали би правело проблем докколку трафото е поврзано за 230в
Јас би ги поврзал црната и портокаловата заедно и би пуштил 220в помеѓу плавата и кафеавата или 240в помеѓу црвената и жолтата.

ace1903:
Трафото секако ќе ти работи бидејки +-20V не прават забележлива разлика на квалитетот и квантитетот на звукот.
Битно е крајот на едната намотка да биде поврзан со почетокот на втората.
Обично на шемите се става точка која го означува почетокот на намотката.
Имаш повеќе опции. Едната е да и веруваш на шемата и боите. Втората е  со предложениот метод со трансформатор.
Трета опција е да провериш со индуктивитет метер. Последната што ми текнува е да пробаш со светилка во серија со примарот
да ги измериш секундарните напони за да си сигурен дека намотикте се сериски поврзани.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version