Други технологии > Сè останато

Машина за виткање арматура

(1/7) > >>

Nikol4e:
Здраво форумџии

Размислувам како да направам машина за виткање арматура во спирала со максимална дебелина 8мм. Најчесто би виткал 5 или 6мм , но би сакал да имам некоја резерва, па оставам до 8мм. На англиски се вика scroll bending machine.
Конструкцијата колку толку ја имам во глава, ќе седнам деновиве на компјутер да ја направам, но, кочам кај делот со електро моторот. По некои мои видувања, ќе ми треба мотор, кој со помош на педаља/тастер, ќе се врти во двете насоки. Односно, стискам лева педаља, се врти лево, и обратно со другата. Исто така, не знам каков мотор да барам, со која јачина, со или без редуктор, бидејќи се работи за многу мала брзина на вртење. Дали ќе издржи 2/3 саати на ден мачење моторот, ако се врти, те лево, те десно.
Продаваат на интернет вакви машини, кои најчесто се од градилиште и се утепани од работа, и со високи цени. Железо имам, заварување знам, само електро мотор и пропратни ситници ќе ми требаат.
Постот е долг, не знам како пократко да ја опишам ситуацијата.

Поздрав форумџии.

Zan:


Вакво нешто ти треба?
Во секој случај моторот треба да биде со редуктор. Најдобро би било со трофазен мотор. За јачината не знам, зависи од редукторот и од оптоварувањето.

Nikol4e:
Потполно истото, за слична работа. Виткање рачно не е тешко, ама кога ќе треба 200 парчиња да се свиткаат, болат рацете.

Zan:

--- Code: ---https://www.facebook.com/B-O-Tools-102442795360605/photos/pcb.115858760685675/115858057352412
--- End code ---



Можеби ваков мотор ќе ти заврши работа.
Моторот е монофазен, со редуктор и се менува насоката на вртење.

GigaWatt:

--- Quote from: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 15:44:24 ---Исто така, не знам каков мотор да барам, со која јачина, со или без редуктор, бидејќи се работи за многу мала брзина на вртење.
--- End quote ---

Мора да има редуктор... инаку, нема шанси моќноста да ја извадиш.

Ако планираш да ја користиш „за по дома“ (од време на време), може и рачна да ја направиш со пренос (редуктор), но ако е за во употреба во погон (фабрика, редовно користење), да, се разбира дека ќе мора со мотор да биде, инаку... ќе треба некој батка да си најмиш само за вртење ;D ;D ;D.


--- Quote from: Zan on 29.05.2021, Saturday, 17:52:42 ---Најдобро би било со трофазен мотор.
--- End quote ---

За најдобро, да... за најкомплицирано, од аспект на „мали погони немаат секогаш трофазни приклучоци, т.е. пуста Македонија и зависи во кое село/населба/предградие ти е погонот ::)“, да, апсолутно е.

Јас би одел со монофазна верзија, без разлика на тоа дали си сигурен дека ќе имаш трофазен приклучок онаму каде што ќе работиш или не. Не знаеш дали некој ден ќе се селиш од тие простории или не... плус, знам и ситуации каде што им пуштиле „трофазна стуја“, која е всушност монофазна, од трафо станицата истата фаза ја делат на три кабли и „бујрум дечко, имаш трофазна 8)“ ::)... обичен смртник никогаш нема да ја забележи разликата, на таа карта играат.


--- Quote from: Zan on 29.05.2021, Saturday, 17:52:42 ---За јачината не знам, зависи од редукторот и од оптоварувањето.
--- End quote ---

Искрено... мислам дека до кај 1KW мотор би завршил работа ;)... да, со редуктор, се разбира.

Сега баш ми текна :). Мотор со редуктор од стара градежна електрична дигалка со сајла ;). Се разбира, ќе треба да се преправи се тоа, но брзината на вртење им е прилично спора ;). Можеби има некои и со подеслив редуктор, за да биде брзината уште поспора, немам разгледувано искрен да бидам...


--- Code: ---https://bois.com.mk/product/elektricna-digalka-900w-ingco/
--- End code ---



Имаш вакви и поевтини, не мора баш оваа да биде ;). Оди напред и назад и лесно може да се преправи рачниот тастер во ножен ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version