Стручна литература > Туторијали

Модификација на кинески универзален тестер

(1/3) > >>

LordZi:
Претпоставувам дека веќе сите имате дома барем по еден од овие универзални тестери наменети за испитување разни електронски компоненти, ефтини се и одлично се покажаа за она за што се наменети. Едиствена мана им е што при почеста употреба релативно брзо ја трошат батеријата, па треба да се отштрафува цела кутија за да се смени, знаејќи притоа дека ни новата нема да потрае многу. Затоа решив мојот тестер да го преправам да работи на една 18650 литиумска  батерија, на ибеј го најдов ова ефтино модулче комбинација од полнач/конвертор со променлив излезен напон и USB приклучок и нарачав неколку, вчера стигнаа, па денес веднаш се фатив за работа :).
Модулчето е нарачано од овде:


--- Code: ---https://www.ebay.com/itm/202523477979
--- End code ---



Одредување на најдобрата положба за модулчето, од десно е батеријата, извадена од стар лаптоп. Претходно го подесив излезниот напон на модулчето на 9V и проверив дали се функционира како што треба:



Исечен е отворот за USB приклучокот:



Модулчето е залепено со епоксид и нема шанси да мрдне негде:





Поглед од страна на приклучокот:



Бидејќи немав во моментот дома heat-shrink црево со потребниот дијаметар, целата батерија ја замотав со изолир за да не допре случајно негде и ставив две тенки парчиња сунѓер за да ја држат притисната да не мрда внатре:





Еве го финалниот резултат, во стендбај модулчето влече 0.3mA од батеријата, додека при употреба околу 40mA, така што мислам дека една 18650 батерија би траела прилично долго пред да треба да се дополни:

Atanas:

--- Quote from: LordZi on 25.01.2020, Saturday, 18:27:55 ---Претпоставувам дека веќе сите имате дома барем по еден од овие универзални тестери наменети за испитување разни електронски компоненти, ефтини се и одлично се покажаа за она за што се наменети.

--- End quote ---

Изгледа дека јас немам таков тестер.  ;D Ќе може линк да видам за што станува збор?  :D

LordZi:
Еве ова, го ставив првиот линк што ми излезе, најверојатно може да се најде и поефтино:

--- Code: ---https://www.ebay.com/itm/273206601967
--- End code ---

GigaWatt:
И колега на работа го има вака преправено неговиот тестер ;). Закон се тестерчињава, се наоѓаат многу често за многу различни работи ;).

А да не му прави проблем модулчето на тестерот ако е врзан за USB да се полни батеријата? Забележав дека има две LED диоди на плочката, ама не видов за што се. Едната ваљда сигнализира кога се полни батеријата, а другата... кога е полна светнува ???.

Мислам дека темава може да оди во „Туториали“ бидејќи на некој начин и е ;).

LordZi:
Не приметив дека има некаков проблем кога е врзан полнач на USB-то, бидејќи ги пробав сите комбинации пред да го спакувам во кутија. Повеќе ми беше шубе од тоа што модулчето на излез нема никаков кондензатор за филтрација, да не прави некакви сметњи на тестерот, ама се си е ок.

LED диодите се едната црвена, другата зелена, црвената свети кога ќе се поврзе полнач, зелената најверојатно е индикатор кога е полна батеријата, иначе свети и кога нема приклучено батерија.

Ако мислиш дека е за во „Туториали“ слободно префрли ја темата... ;)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version