Други технологии > Сè останато

Дувалка за лисја

(1/2) > >>

Mkdsime:
Дувалката е направена со мотор од правосмукалка. На капакот од моторот е заваренa цевка која е исечена под агол за да биде убав протокот на воздух. Електрониката е исто така од правосмукалката.
Капакот на моторот (горниот дел) беше поголем од пвц цевката па затоа цевката е исечена во горниот дел колку да влезе моторот и потоа со пиштол за топол воздух пвц цевката е свиткана кон моторот, за моторот да не може да излезе, да се лизне (може да се види на сликите).
Држачот е исто така направен од пвц цевка и е заштрафен за поголемата цевка. Позади стои капак од еурокрем, на почетокот беше залепен со силиконски лепак но кога го пуштив моторот на max јачина капакот се откачи. Решение за капакот да не може да излезе би било штрафови да се постават.
Во делот кај што се перките за безбедност треба да се постави заштита како на пример мрежата од кујнска цедалка и сл. Друго во зависност дали дувалката ќе ја држите со десна или лева рака, перките од моторот треба да се насочени во спротивна насока од вашето тело (don't underestimate the power).
Во видеото подоле може да се види и слушне моќноста и бучноста на дувалката.







krema:
За хорор куќишта ова е мајка. :)

Браво за трудот и инвентивноста.

GigaWatt:
Пууу, ама фуче ;D. Не ми би ми текнало искрен да бидам :D. Одлична пренамена на правосмукалка ;).

Ознакиве ти се како моите ;D, земи маркерот и пиши ;D.

Mkdsime:
Благодарам, не планирам да ја носам дувалкава на некоја изложба, естетиката не ми е важна за вакви работи само да работи како што треба. Тука ја прикажав како идеја може некогаш некој ќе му затреба па ќе си направи уште поубава и најважно побезбедна. За безбедни причини само јас ја користам и не давам на никој друг, маркирањето ми е најбрз начин да обележам нешто но кога ќе се занесам само јас знам да си ги прочитам ознаките.
Иначе јас ја користам за дување на компјутер, ладење на некој машини (шмишајбна...), дував прашина во недостапни места на колата итн.

GigaWatt:

--- Quote from: Mkdsime on 14.05.2019, Tuesday, 17:09:08 ---Иначе јас ја користам за дување на компјутер, ладење на некој машини (шмишајбна...), дував прашина во недостапни места на колата итн.
--- End quote ---

Хммм... а си пробал да ја користиш како замена за компресор? Да и монтираш онакво пиштолче за дување на крајот?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version