Други технологии > Сè останато

100W LED "Рефлектор"

(1/11) > >>

mihajlo:
Имав потреба од осветлување на голем отворен просто, често сум влечкал ламби за на фасонка или челни ламби и некако не ми беа баш практични или флексибилни. Како и секој се обратив на youtube имаше многу идеи за вакви видови на ламби па почнав да си склопувам нешто мое. На почеток беше само Диодата и степап конвертер, па клеми на акомулатор па едно па друго. вејче стана мало проектче за занимација. додадов ладнак и вентилатор кој ја лади и диодата и степап конвертерот, ги сместив во кутија од напојување. Пробував да изведам нешто со батерии (18650) на почеток со проблеми затоа што беа без BMS и еве се надевам сега дека е веќе крај на проектов наместени се 3х3 18650 батерии за номиналнен напон од 12V, BMS за заштита и полнење на батериите, волт ампер метар за груба проценка уште колку работно време има. Надворешно трафо за да работи од штекер и кабел за излез од кола. Со моментална количина и конфигурација на батерии добивам околу 40 тина минути работа што ги задоволува моите потреби, сепак ако најдам повеќе батерии ќе пробам да стегнам уште некоја внатре. Жиците се хаос знам пошто шемата на врзување ја измислував попатно + клај извај смени преврзи. Последна идеа што ми остана е да извадам потенциометар на куќиште за происпособување на светлина. Ме кошташе 10 тина долари од алиекспресс настрана од батериите тие се од стари батерии на лаптопи и останато.
 










Mkdsime:
Секоја чест нека те служи долго време  :)

mihajlo:
Подобар да си направиш  ;)

bicikle:
Одлично. Би бил љубезен да туриш еден линк од лед чипот?

mihajlo:
Во 2017 сум го порачал не постои веќе

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version