Други технологии > Електроенергетика

Помош за врзување на електромотор

<< < (2/4) > >>

bicikle:
За шмирглање, значи ќе биде оптоварен... А гледам шеми некои ставаат измеѓу L и N, за што е тој, за компензација или ?

tanatos:
Тој кондензатор служи за корекција на фактор на моќност.

На тој начин функционира измамата со уредите за заштеда на електрична енергија.

Она што луѓето најчесто го знаат и памтат е дека моќноста е производ на напонот и стријата. Но кај уреди кои се напојуваат со наизменичен напон ова важи само доколку имаме отпорник како потрошувач. Во тој случај струјата и напонот се во фаза и има само активна моќност (пример греач или сијалица со грејно влакно). Доколку во колото има индуктивен елемент (намотка, мотор....) и/или капацитативен елемент тогаш струјата и напонот не се во фаза и формулата P=U*I не може да се употреби бидејќи покрај активна постои и реактивна моќност. Електричното броило ја мери само активната моќност.
Измамата функционира на тој начин што показното коло се состои од сијалица и електромотор без вграден кондензатор за корекција на фактор за моќност (сложен потрошувач со изразито индуктивна карактеристика), волтметар кој го мери напонот и амперметар кој ја мери струјата. Презентерот го вклучува моторот и на пример волтметарот покажува 220V, а амперметарот 5А. Според проста логика и убедување на презентерот наводно потрошувачката е 1100W (како што пишав предходно ова не е точно). Потоа во колото го вклучува уредот за заштеда на електрична енергија (кондензатор за корекција на моќност спакуван во убава кутија и по некоја сијаличка (лед или тињалица)) и сега на истиот мотор и сијалица амперметарот покажува 4А и презентерот ве убедува дека сега потрошувачката е 880W односно сте заштедиле 220W.
Но ако поврзете електрично броило и во двата случаи ќе покаже иста потрошувачка.
Корекцијата на фактор на моќност се користи да се намали вредноста на струјата низ проводниците и загубата на енергија во вид на топлина кај дистрибутивните системи. Ова е посебно важно за големите индустриски потрошувачи.
Корекцијата на фактор на моќност е пожелна кај сите нелинеарни потрошувачи.

GigaWatt:

--- Quote from: tanatos on 21.12.2018, Friday, 14:30:25 ---Корекцијата на фактор на моќност е пожелна кај сите нелинеарни потрошувачи.
--- End quote ---

Апслотно ;). Факт што Кинезите често знаат да го заобиколуваат ;).

Тоа е и функцијата на PFC намотката кај SMPS напојувањата. Тие имаат пред се капацитивен карактер. Напонот прво мора да се исправи и да се исфилтрира, па затоа се користи грец и високонапонски електролитски кондензатор/и во примарот. Она што често се занемарува е PFC, т.е. намотката за корекција на факторот на моќност.

А да не почнувам да зборувам за филтерските елементи во примар ::). Често нема ни високонапонски керамички кондензатори према маса, за да не доаѓаат напонски шпицови на влез, ама ајде ::).

Ама затоа, ќе стават ваков PFC и јасно ти е „колку е саат“ ::) :D.

bicikle:
Да де на тоа мислев, ама овде ќе треба кондензатор од 60 микро ( можда и над 1000 денара да е ) што не се исплати за овај потрошувач од 370 вати...
него зш струјата и напонот се разлика 90 степена ?

GigaWatt:

--- Quote from: bicikle on 21.12.2018, Friday, 17:10:41 ---него зш струјата и напонот се разлика 90 степена ?
--- End quote ---

Кондензаторот го внесува тоа доцнење. Кај калемите е обратно, ако ти текнува ;).

Инаку можеш повеќе кондензатори со помал капацитет во паралела да ставиш ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version