Други технологии > Сè останато

Пирограф

(1/4) > >>

LordZi:
Овој пирограф го изработив бидејќи ми беше потребен за она со што се бавам, а не сакав да дадам стотина и повеќе долари колку што коштаат фабричките, кои иначе, според мене, се озбилно преценети за она што го нудат. На повеќето поефтини (хоби) модели е нагласено дека не смее да се користат повеќе од саат-два континуирано иначе се прегрева трафото внатре, што беше неприфатливо за мене и главен поттик да си направам нешто свое. За повеќе од година дена, колку што го користам овој пирограф, а некогаш знае да остане вклучен и по цел ден, трафото едвај станува млако на допир.

Во кратки црти овој пирограф претставува трафо кое на секундар дава малку волти и многу ампери, врзано преку регулација.

Кај мене трафото е околу стотина вати, секундарот е премотан со десетина намотки лак-жица со дијаметар 1,5mm (таква имав, може да се стави и подебела), регулацијата е обичен димер изваден од стара правосмукалка. Тука може да се употреби било кој димер наменет за индуктивни товари, го имам пробано и овој, одлично функционира:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0

Кутијата е од старо напојување од Комодоре64, земено од бувљак за џабе...;)





Внатрешноста со трафото и регулацијата:




Излезните буксни се врзани директно на секундарот од трафото:



Најголем проблем е изработката на рачката, за ова се идеални клеми какви што се наоѓаат во поновите ел.броила, имаат четвртаст пресек и должина од 5-6cm и доста се издржливи и робусни. Клемите се раздвоени со долго тенко парче од некој подебел пертинакс што го имав дома. Врз сето тоа се навлечени обични плутени тапи кои одлично изолираат и топлината од врвот воопшто не се осеќа:




Врвовите се правени од 0,8mm жица за греачи, кована и шмирглана во разни форми кои што се потребни. Идеално би било на деловите каде што се штрафат за рачката да им се навлече и стегне во преса некое бакарно или месингано цевче, за да се загрева само врвот, ама не најдов некој што ќе го направи тоа, па засега остануваат вака:
 


За крај, можда овој пирограф не е личен како фабричките, посебно рачката, ама итекако си ја врши својата работа... :D

DX-er:
Одлично изработено и одлична презентација.

batka:
Напомена од мене за оној што сака да го купи : со уште еден евтин додаток уредот може да послужи и како режач за стиропор. ;D

LordZi:
Batka, не е овој за продажба, во меѓувреме направив уште еден и го дадов, ама овој е само мој... 8) :D

ShAdOw:
Одлична изработка LordZi, трафото мислам дека е извадено од црно бел телевизор 8).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version