Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Aleks on 26.02.2010, Friday, 22:56:58
-
Пои,
Денеска од 2 плочи од лампаш телевизори извадив 2 трафоа на кои за жал налепниците се од никаква помош (се излижани и искинати).
Трафата ми изгледаат во добра состојба, немаат некои физички модринки или знаци на мавање со чекан.
Од едната страна има 3 изводи, Црвена, Зелена и Црна жица, притоа црната жица е залемена за држачон на трафото каде што и има и друг извод залемен од самото трафо.
Од другата, излезната ваљда, страна на трафото има 5 изводи во различни бои.
Слика :
(http://www.mediafire.com/convkey/184b/zpj9qi9ov2swb35zg.jpg)
Со помош на ом-метар ги најдов изводите и им ја запишав отпорноста меѓу нив :
(http://www.mediafire.com/convkey/86ce/5wn0vjcnxohkvnqzg.jpg)
Што мислете дека овие трафоа би можеле да бидат ? Дали ќе бидат (доколку работат) корисни за изведба на засилувачот со PL84 ? Може ли некој да ми сугерира кој извод што би бил за да можам идната недена на вариабилен трансформатор во школо да ги истестирам ?
Пои пои ~
-
кај некои телевизори со ламби не се користат излезни трансформатори
излезот најчесто му е во спој од 2 ламби една PL84 ( најчесто се користи во ТВ ) и плус уште една незнам точно како се викаше со која отпорноста се намалува на 600 оми и после само се користат звучници со толкава отпорност
излезно трафо најчесто личи на 5-8 вати обично трафо, јас тие што ги има од двете страни имаат по 3 жици
од кои 2 се користат за излез и 3 се користат за влез едната не ми е поврзана таа е на излезот и зависи од звучникот

Во горниот пост никаде не спомнувам излезно трафо за звучници :)
Ме интересира дали може да ги искористам како анодно напојување на ламбите. Излезни трафоа допрва ќе барам.
-
ок, моја грешка ;D
јас си помислив да не бараш за излези
ама ете сега знаеш нешто за ним :D
-
Уклучи го на 220 да видиме што напони ќе даде на излез, вака према отпорите би требало да ти заврши работа 380 ома излезот, а кој знае, можда 6 омскиот ќе го биде и за греачите...
-
Уклучи го на 220 да видиме што напони ќе даде на излез, вака према отпорите би требало да ти заврши работа 380 ома излезот, а кој знае, можда 6 омскиот ќе го биде и за греачите...
Не сум баш добар пријател со градската мрежа ... па ќе оставам за во понеделник постепено да го мерам напонот ... но можно е утре да добијам некоја вонсветска идеа :)))))
Како и да е, од старо радио извадив трафо за греачите на кое беа поврзани 4 ламби :) Сега се надевам дека овие ќе ги искористам за нешто.
-
Не сум баш добар пријател со градската мрежа ...
Ако мислиш да го правиш ова појачало не заборавај дека во него има напон од преку 300V DC со кој што уште повеќе нема да бидеш пријател ако те потфати... :o ;D.
Шала на страна, кога ќе работиш нешто околу ова појачало мора да си во секој момент 110% сигурен што правиш!

При вклучување ќе го викам комшијата :D
-
Ако не си сигурен кој е кој од изводите, стави во серија со тој што ќе го приклучуваш на мрежа обична сијалица 220V/60W, ако светне со (скоро)полн сјај значи си се спасил да не ти се деси нешто спектакуларно (што најчесто вклучува силен бенг, јако светло и чад ;)), ако се биде во ред нема да свети или слабо ќе жари.
-
Према сликите неможам да одредам колку се големи трафата. Тоа е многу битно за после кога се мерат омските отпори за отприлика да се погодат примар/секундар. Сепак отприлика мислам дека 200 омскиот дел е 220 волтниот дел додека другите делови не се баш јасни, имено што би правеле со 350/400 волтни намотаји и плус 6 ома? 6 ома на толкаво трафо ќе има минимум 30тина волти ако не и повеќе :)
Можеби воопшто не се работи за мрежно трафо, можеби се побудни трафа.

Колку што се сеќавам, трфото беше поврзано со цоклата на која треба да стои PL504. Не е којзнае што големо, намотката е 5цм широка, долго е околу 6-7 цм, а лимовите се 2цм со 1.5цм широки
-
PL504 најчесто се користи кај што има висок напон, да не се работи за некој претворач за висок напон
со PL504 може да си направите теслино трафо инаку, ако не знаете за шо да искористите друго ;D
-
Да не теоретизираме, веројатно тоа трафо ја приспособувало импедансата на хоризонталната намотка на екранот со излезот од ламбата, во секој случај неможе да го употреби или може ама не за таа намена за која разговаравме на почетокот.

Ок... утре ќе го врзам на вар. трансформатор и ќе видам дали ќе експлодира или не :) Па ќе постнам што напони сум извадил ако воопшто дава нешто.
Споено мислење: 28.02.2010, Sunday, 18:38:58
Ме интересира, оние трафоата кај телевизорите (лампаш а и кај поновите ги има) што се врзани со една жица со екранот (демагнетизирање што прават мислам), дали можат да извадат некој поволен напон за појачалото со PL84?
-
Еве како изгледа излезно трафо за EL84, извадено од старо радио, од горната страна на сликата е примарот (отпорноста му е 350 ома), од долната е секундарот (отпорност 0,8 ома)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/t1.jpg)
Овде може да се види изолацијата која го формира "воздушниот" процеп меѓу лимовите
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/t2.jpg)
Поради процепот лимовите не се редат наизменично како кај обичен трансформатор, туку сите E лимови се од една страна, а сите I од друга, па затоа најчесто се стегнати вака, наместо со штрафови
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/t3.jpg)
Споено мислење: [time]01 Март 2010, 11:12:57[/time]
Еве ја разликата меѓу високонапонско трафо за напојување 220V/2x250V, 2x6,3V(лево) и излезно трафо (десно)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/PIC_0014-1.jpg)
-
Сега само што го измерив... и... дава 75 и 37 волти :) Бамер.
-
А како го поврза дали може да напишеш пошто мислам дека имам и јас такво трафо
-
А како го поврза дали може да напишеш пошто мислам дека имам и јас такво трафо
Прво најдов кои се секундарните намотки како што објаснив во претходен пост. Потоа со редно врзана сијалица од 100W (треба да е околу 60W сијалицата али моментално имав само од 100W) го уклучив трафото и го измерив на секундарите (2) со унимер :)
-
Проба без сијалицата? ;D
-
ја мислам дека не треба толку плашење околу уклучувањето пошо имам укл малце фрле искри ако имаш среќа и брзо извадеш кабело не ти избие осигурачо и готово иначе немора да се мота ако треба 250 250 в туку најлесно со дуплирање и заврсена работа намотас 100 в со дуплирање добие 280 отприлика и не се мачиш :)
-
Проба без сијалицата? ;D
Не прави разлика сијалицата, само за заштита ја врзав.
ја мислам дека не треба толку плашење околу уклучувањето пошо имам укл малце фрле искри ако имаш среќа и брзо извадеш кабело не ти избие осигурачо и готово иначе немора да се мота ако треба 250 250 в туку најлесно со дуплирање и заврсена работа намотас 100 в со дуплирање добие 280 отприлика и не се мачиш Smiley
Откако ќе фрли искри веќе отишло нешто. Ок, ако се преправиш во супермен и со 3пати по брзината на светлината скокнеш и го извадиш осигурувачот пред до него да стасаат електроните, тоа е трета работа.
+ Не збореме за дуплирање/множење овде Дими :)
-
здраво
првите слики на трафоата од ТВ приемник се излњз на вертикалната намотка на ТВ екранот, во склоп со PL 86. а овие последниве слики се од трафоа излази за звуцник од радио приемник, најдобро е да ја најдеш оргиналната шема и да ги искористиш ако немаш ништо друго за работа.
-
Друже, еве ти некои опции ако не успееш да најдеш соодветно трафо
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/tubedc.gif)
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/tubeac.gif)
Повеќе може да прочиташ овде
http://81.227.200.9/use/tubepsu.htm
-
За овие трафоа прашував онака чисто информативно .) Имам 2 трафоа 220/12 за да добијам галвански оделено 220В. Сепак ќе побарам однекаде да најдам 1:1 трафо ако не, ќе ги искористам веќепостоечките.