Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Malecko on 11.04.2011, Monday, 12:27:30

Title: Мини генератор на висок напон
Post by: Malecko on 11.04.2011, Monday, 12:27:30
Еве една шема за „пецкало“,нешто слично на stun gun,само по слабо.Шемава е тестирана од мене,значи све добро работи,пецка ;D.Трафото јас го земав од гац за 180ден 2х9V 4VA,малце е гломазно ама добро дрма ;D.Колото прилично ефтино е,нема да ве фати повеќе од 300ден со све трафото.За напојување ставете му две батерии од 9V поврзани сериски.Исто така можете да ги изоставите отпорниците од 470КΩ дека со нив ептен слабо дрма,барем мене слабо ме дрмаше,скоро ич ама незнам за вас ;D.Шемата е од емитер како „Генератор за заштита“-хартлиев осцилатор...
Code: [Select]
http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2021
Шемата:
(http://www.emiter.com.mk/sliki/za_napisi/2010/5/2021/1_emiter_Highvolt.gif)

Плочка не ви треба,ептен е просто колово и може да се изработи на универзална,како што го изработив и јас. :D

Деловите:

-BT1-ставете две батерии од 9 поврзани сериски за да добиете 18V
-C1-1000uF 25V
-R1-22KΩ
-C4-47nF
-C3-470nF
-Q1-2N2219A
-Трафото 2х9V 1,2,3 може и 4VA

Додатно:

-Првиот склоп и вториот,двата отпорника се од 470KΩ
-Вториот склоп:
-C4/C5-470nF 400V
-D1/D2-1N4007,јас ставив UF4007

П.С. Една замерка има колово,ако многу пецкате со него,правите искри на метални предмети после 4-5 пецкања рикнува транзисторот,така да земете 3-4 комада за резерва ;D
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: ivica.s on 11.04.2011, Monday, 12:54:20
Quote
П.С. Една замерка има колово,ако многу пецкате со него,правите искри на метални предмети после 4-5 пецкања рикнува транзисторот,така да земете 3-4 комада за резерва  ;D

Е па ќе го замениш 2n2219A со TIP41C, 2n3772 или најдобро со BU508D  ;D   и нема да прегорува.

Само нешто ми е сомнително со каскадава, овие кондензаториве C4 и C5 се по 470 nF, ова значи дека во нив има складирано прилично големо количество енергија, не сум баш сигурен дека ова со каскадата е безопасно, особено ако не се ставени отпорниците.

Каскадите за вакви намени обично се прават со многу помали кондензатори на пр. од 1 до 10 nF.
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: Malecko on 11.04.2011, Monday, 13:08:55

Појма немам т.е знам дека како се зголемува капацитетот така ќе се зголеми и напонот ;D.Незнам мене ова чудо не ме утепа,ама стварно болно пецка(без отпорниците) ;D
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: ivica.s on 11.04.2011, Monday, 19:01:55
Quote
Појма немам т.е знам дека како се зголемува капацитетот така ќе се зголеми и напонот  ;D

Напонот останува ист, струјата што може да ја даде каскадата се зголемува кога се зголемува капацитетот, а струјата е таа што убива и затоа ова ми изгледа опасно.
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: SKOLS_OLD on 11.04.2011, Monday, 19:45:16
Малечко по се ова што ти пиша колегата,треба да значи да не се играме без отпорникот што ти си го изоставил.
ПС.Кога ќе го направам,нема да ги изоставам тие отпорници.Не се знае може да ме кутне,па послем нема враќање! :o :-X ;D ;D
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: Malecko on 11.04.2011, Monday, 20:11:53
Малечко по се ова што ти пиша колегата,треба да значи да не се играме без отпорникот што ти си го изоставил.
ПС.Кога ќе го направам,нема да ги изоставам тие отпорници.Не се знае може да ме кутне,па послем нема враќање! :o :-X ;D ;D
Што знам,јас кога ги ставив отпорниците,значи директно залемени на трафото,без каскадата ич,ама баш ич не дрмаше.А кога ја ставив каскадата и отпорниците,дрмаше ама не многу...Е без отпорниците,е тоа ви се вика дрмање 8) ;D
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: Malecko on 16.04.2011, Saturday, 18:40:39
Само што го репарирав чудово,наместо транзисторот 2N2219A,јас ставив TIP31C и супер е,до сега добар се покажа,иако се убив од пецкање хахаха ;D ;D :D
Title: Одг: Мини генератор на висок напон
Post by: batka on 16.04.2011, Saturday, 19:47:22
Стави 13007 или 9 од АТХ,ке биде уште појако.. ;D