Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: LordZi on 30.03.2011, Wednesday, 19:37:53

Title: Со обично реле до висок напон
Post by: LordZi on 30.03.2011, Wednesday, 19:37:53
Кој има реле вишок (и нерви да го истрпи зуењето :)) може да го направи ова, на излезот  во неоптеретена состојба се добиваат околу 250-260V, кои паѓаат на 100-на волти ако се стави на пр. тлеалка. Иначе, сите релиња не даваат ист напон, најдобри резултати (највисок напон) добив со тие што имаа отпорност на намотката околу 250 оми, тие со поголема отпорност даваат доста помал напон.
Title: Одг: Со обично реле до висок напон
Post by: Malecko on 30.03.2011, Wednesday, 19:40:36
Хаха,јака шема.Знам ми ја покажуваше кај тебе,ама ја заборавив :D.Ова мора да се испроба(на мене 8)).


ЕДИТ:Во атачмент ставив симулација од колото со програмот Circuit Wizard.Напонот е негде 145 волти :D
Title: Одг: Со обично реле до висок напон
Post by: LordZi on 30.03.2011, Wednesday, 20:06:32
Ако пробуваш на тебе стави некој електролит 330u/400V на излез, пошто на овој 470n ќе си имун... ;) ;D
Title: Одг: Со обично реле до висок напон
Post by: Malecko on 30.03.2011, Wednesday, 20:21:32
Ако пробуваш на тебе стави некој електролит 330u/400V на излез, пошто на овој 470n ќе си имун... ;) ;D
А чек,ако сконтав добро,колку помал е отпорот на намотката од релето,толку поголема е струјата.А за напонот,колку поголем е кондензаторот,толку поголем е напонот така? ;D
Title: Одг: Со обично реле до висок напон
Post by: bicikle on 30.03.2011, Wednesday, 20:36:17
напонот па и во добра мера и струјата зависат од индукцијата на намотката.
Со кондензатор од 470микро фарадеји можни се сериозни последици, патем од капацитетот кондензаторот не зависи ни напонот ни струјата туку само моменталната моќ односно енергијата која е насобрана во кондензаторот. Со таков кондензатор би можело да се стартува ламба од блиц, само потребен е висок напон за побуда, кој може да се изведе со траво или со оние за чкрапање од пиезо-запалките.