Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: MarkoMK on 24.10.2010, Sunday, 09:51:55

Title: Електростатски филтер
Post by: MarkoMK on 24.10.2010, Sunday, 09:51:55
Имам котел за парно греење. Идејава ми е да направам филтер за него, за да не испушта многу црн чад односно за да можам да согорувам и други „не-дрвени“ материјали (пластика??). Вака ако ставам едно парче пластика одма искача црн чад и после се жалат комшиите црни им биле алиштата  :) :)

Мислам дека електростатски филтер лесно може да се направи  ??? од некој генератор на висок напон кој ќе се постави по должина на оџакот и ќе ги лепи црните честички од димот - како што се лепи прашина на екранот од ТВ. На интернет барав ама нема многу податоци за оваа работа. Ако знае некој нешто нека пише  :) :)
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: SKOLS_OLD on 24.10.2010, Sunday, 11:33:10
А ти на што се грееш на пластика или на дрва.Јас  се греам а пелети,дрва и брикети!Имам  филтер ама незнам каков(не се гледа црн е)!! ;D
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Malecko on 24.10.2010, Sunday, 15:07:50
Па би требало да може да се направи нешто со негативен генератор за напон и некоја метална мрежа да се постави па тие што летаа од оџакот да се лепат на мрежата,ама не сум сигурен колку ова ќе успее :)
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Devil on 24.10.2010, Sunday, 15:09:37
мислите нешто како јонизатор на воздух да правите ?
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Malecko on 24.10.2010, Sunday, 15:12:32
мислите нешто како јонизатор на воздух да правите ?
Па јас мислам така нешто со негативен генератор на јони кој ќе генерира негативни јони и тоа да се поврзе на мрежа па тие како „парчиња“ што летаат од оџакот да се лепат на мрежата. ;D
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Devil on 24.10.2010, Sunday, 15:15:29
нека направи подобро повеќе мрежи со поголеми отвори пошто може ако се мали отворите за брзо време да му се затнат па ќе мора на секое да ги чисти вака повеќе ќе трае ;D
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Malecko on 24.10.2010, Sunday, 15:18:59
нека направи подобро повеќе мрежи со поголеми отвори пошто може ако се мали отворите за брзо време да му се затнат па ќе мора на секое да ги чисти вака повеќе ќе трае ;D
Па така некако ќе му дојде...MarkoMK ако сакаш да пробаш да видиш да го направиш тој генераторот кажи ќе ја поставам шемата.Ептен е проста само каскада е. :D
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: SKOLS_OLD on 24.10.2010, Sunday, 15:24:38
не му треба електроника!Може да се запали и да дојде до голема опасност!Еве сега го прашав вујко ми што користи како филтер и ми кажа дека имал купено жица (мрежа) и е аправена во голема топка!Не ви требаат никакви електроники каскади,котелот што ми е во подрум е стар колку куќата(25 години) и од тогаш има  поставено флтер кој го менуваат на секои 3 години! ;) ;D
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: Malecko on 24.10.2010, Sunday, 15:35:59
Еве ти шема па сеа пробувај види тоа со мрежата што вика SKOLS па ако не си задоволен пробај и со овој склоп:
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2480.msg22147;topicseen#new
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: MarkoMK on 24.10.2010, Sunday, 17:08:50
Па би требало да може да се направи нешто со негативен генератор за напон и некоја метална мрежа да се постави па тие што летаа од оџакот да се лепат на мрежата,ама не сум сигурен колку ова ќе успее :)

Добра идеја Malecko. Ќе размислам како може да се реализира ова. А мислите дека негативен напон би привлекувал подобро од позитивен?

нека направи подобро повеќе мрежи со поголеми отвори пошто може ако се мали отворите за брзо време да му се затнат па ќе мора на секое да ги чисти вака повеќе ќе трае ;D

Јас мислев на друг начин - како што е оџакот да се заокружи од внатрешна страна со електродата, значи надолжно, не попречно, и тој дел од оџакот (ќумецот) да може да се вади по потреба да се чисти.

Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: batka on 24.10.2010, Sunday, 17:31:41
И Топилницата во Велес ставаше филтри едно време :D :D ;D >:( ,ама..... Ова тема не се решава со електроника,никако.Електростатски филтер е скапа работа и сигурно нема да го наравиш! Не затоа што не знаеш,ами не знае никој во Македонија! ???
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: SKOLS_OLD on 24.10.2010, Sunday, 17:43:21
па нека ставу филтер како што му кажав каков што имам јас на мојот оџак од котелот!Со жица(мрежа) нека направи топка  и ека ја стави во оџакот! ;) :D
ПС. Јас кога им зорев они прават со јонизатори! :P
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: didy on 02.01.2011, Sunday, 00:49:51
комплициран проект
со класичен оџак не правиш ништо, потревни се “комори“ каде ќе се одвива процесот на апсорпција на честиците, па пауза или резервна комора да може со  реверзен  напон за да “налепеното“ се одвои.од филтерот.
Title: Одг: Електростатски филтер
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 01:31:45
незна зошто велите тежок пторкт.. ? Теоретски претставува само две електроди низ кои врви воздухот. значи еден цилиндар без дно и капак, насреде една шипка би биле двете електроди, некој едноставен систем за детерминација на затнат оџак и тоа би било све. сега напонот треба мислам да се одтеди према површината и радиусот, само не ги знам пресметките. Исто така електродите може да се после оџакот, односко како продочжеток на оџакот, за полесно чистење. Инаку палетите брикетите и дрвото создаваат многу помалку црнеали него пластиката, па така топка од жица би ребалод а се менува многу често.