не, модулаторот и осцилаторот се во друг чип а ова е чисто појачувачката единица и после од тамо иде сигналот на филтер па во антена.
Чекај, не ми е јасно, што ќе ти е напојувачката секција од телефонот, има некои посебни филтри во неа или...?
Какви се тие чипови со „куглици“ не разбрав добро ?
Сеа ќе ти post-ирам слика
.
Еве слика
.
Кај нас ги викаат чипови со „куглици“. Не знам како се викаат на Англиски (сигурно не се викаат ball bearing integrated circuits, хахахахах
).
Под интегрираното коло се „пиновите“ (не личат баш на пинови, ама ај) за контакт со соодветните водови и личат на малечки топчиња контактие, па затоа ги викаат „чипови со куглици“. можеш да ги извадиш овие интегрирани кола, ама повторно да ги ставиш, „амин“. Дури и малку ако се измрдаат е проблем, може да настане краток спој помеѓу едни и други водови („куглиците“ се најчесто премногу блиски една до друга) па најверојатно ќе изгори „чипот“.
Во сите понови модели на телефони скоро сите (ако не и сите) интегрирани кола се изведени на овој начин. Проблемот е работа на мала површина и блискоста на овие чипови до водовите (ако воопшто ги видиш, премногу се тенки). Доколку работиш со „фен“ (леткум на топол воздух), интегрираните кола се толку блиску едно до друго, што дури и да работиш на 1cm од локацијата на која се наоѓа „чипот“, има голема шанса да го загрееш „чипот“ до тој степен што ќе ги стопиш калајните „куглици“ и ќе го „издуваш“ (изместиш) чипот од својата оригинална положба, така да може после да биде неупотреблива целата плочка бидејќи не можеш да го вратиш назад „чипот“ во неговата оригинална позиција :S.