Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Побарувања => Topic started by: mart11n on 24.03.2011, Thursday, 12:12:12
-
Значи барам некоја шема шо ке демодулира авио сигнали.Ако некој има нека пиши.
-
Вака, по дифолт авио сообраќајот комуницира на 108,5 - 138 МХз но имам забележано дека нема ништо освен еден сигнал кој кажува температура, координати и сл. а пилоти и контрола на летање не се слуша, стварно не знам што е работата.
-
Енкрипција ,батка! :D ;)
-
http://www.techlib.com/area_50/pilarsprojects.htm#Air%20Band%20Radio
Еве еден едноставен приемник, јас го имам направено како сликата што е, deadbug стил и работеше, само треба уште еден аудио степен со LM 386 оти кај нас нема кристални слушалки. Да го наместиш на станица е тешко и фреквенцијата “бега“ по малку. Варикап диодата може да биде било која, јас ставив BB105G.
А за зборување на Air бендот има уште, ама ти треба многу среќа за да слушнеш. Зборуваат на англиски и тешко се разбира оти е со некој пилотски сленг.
-
Штом сакаш,еве една поедноставна шема ,која проверено работи.
-
фала батка ,а да те прашам има по продавници такви crystal(кристални ) слусалки или несто слично?или сепак тешко се наоѓат?
-
такви мислам дека нема веќе да се најдат...за жал...
-
Колку што знам кај нас и во светот(веројатно во поголемиот дел) фреквенцијата на која е авио бандот не е кодирана
-
Кристални слушалки тешко ке најдеш,освен некои пиезо звучничиња кои можат да се користат како слушалки.Можеш да пробаш и со помал пиезо звучник.