Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: RoCk-Er on 23.09.2016, Friday, 17:00:49

Title: Проблем со бас засилувач
Post by: RoCk-Er on 23.09.2016, Friday, 17:00:49
Ај здраво! Вчера купив половен комбо бас засилувач Fame Megatone PL-60B, функционира ок (колку шо го прочепкав) и единствена забелешка за сега е тоа што доколку го пуштам погласно, на пониските фреквенции се јавува некое грчење, како да тресе звучникот, според мене лабаво нешто во конструкцијата. Тоа го заклучив бидејќи кога ќе го притиснам звучникот од страната кај обрачот, кај што е прицврстен за предната плоча, грчењето се губи. Дали некој имал сличен проблем?
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: munja on 23.09.2016, Friday, 20:04:39
Извади ја металната мрежа за заштита провери дали звучникот е добро стегнат ако е стегнат пробај без неа дали ке ги има истите звуци ако ги нема значи до мрежата, врати ја назад и потруди се добро да ја стегнеш.
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: batka on 24.09.2016, Saturday, 13:07:38
Проблемот е во звучникоту(издуван е!),веројатно е одлепуван,можеби премотуван и не е добро залепен.Извади го звучникот и пробај со рака и визулено дали  мембраната ,спајдерот и калотата се добро залепени.Акоа имаш пробај го појачувачот и на друг звучник за да се увериш.
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: RoCk-Er on 24.09.2016, Saturday, 14:38:58
До мрежата не е - проверено. Батка за звучникот шо викаш колку шо можам да проценам не е издуван, али сепак ќе го извадам и ќе проверам. Сепак мислам дека или не е стегнат добро или дрвото е попуштено на споевите некаде па затоа има некои вибрации. Ако не се снајдам ќе те барам да го ѕирнеш (и ја сум од Велес) за стручно мислење, ако не ти е проблем  :).
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: didy on 24.09.2016, Saturday, 15:49:34
Би требало да се разлкува звукот од “мумлање“ на кутијата од ниски фрекфенции, или стругање на намотот во процепот на магнетот, ако има одлепување и изгубено концентричност на намотот.
Ќе биде метален звукот.
Ќе ја средите со Батка, па отсвири му една на уфце, да се развесели :)
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: batka on 24.09.2016, Saturday, 20:22:51
Помини во Тренд компјутери во среда попладне,ќе видиме.Иначе басот е 12 инчи.како ти кажав провери го со друг бас звучник ,спореди го звукот,Предпоставувам дека има луфта во лепењето на спајдерот,калотата или мембраната,па дава некое тресење или лош бас кога попушташ. Најдобро пробај прво со друг звучник.
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: RoCk-Er on 24.09.2016, Saturday, 21:10:36
Би пробал со друг звучник али немам на располагање. Инаку можам да поминам во среда во Тренд, пиши ми тел. број во ПП па ќе се пречуеме.
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: RoCk-Er on 13.10.2016, Thursday, 02:54:11
Знам дека доцнам со одговоров, али сепак да си кажам :) Средив со појачалото... проблемот беше во кутијата - дрвото попуштило на споевите... го стегнав со неколку штрафови и сега е добро... иако може да се потстегне на уште неколку места, но за сега е доволно
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: GigaWatt on 13.10.2016, Thursday, 12:21:19
Знам дека доцнам со одговоров, али сепак да си кажам :) Средив со појачалото... проблемот беше во кутијата - дрвото попуштило на споевите... го стегнав со неколку штрафови и сега е добро... иако може да се потстегне на уште неколку места, но за сега е доволно

(http://www.mediafire.com/convkey/06ca/21xxlzwu20xfo9uzg.jpg)

Вака зашрафи го и никогаш нема да попушти ;D ;D ;D.
Title: Одг: Проблем со бас засилувач
Post by: nsu on 13.10.2016, Thursday, 13:49:17
Легенда си Гига   ;D ;D ;D