Author Topic: Руски метал детектор ПИРАТ  (Read 14920 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Руски метал детектор ПИРАТ
« Opened on 26.06.2017, Monday, 01:47:36 (Edited 12.02.2019, Tuesday, 23:22:23) »
Прочитав и видов многу написи и клипови и секаде убави зборови за овој едноставен,но прифатливо добар метал детектор наречен ПИРАТ. Лесен е за изработка со два ИК , кои лесно се наоѓаат и три транзистори од кои само Т2 е критичен,односно на ова место може да се стави мос фет , па дури и високонапонски НПН транзистор со  пробоен напон С-Е над 200 волти,поради индукцијата на самиот кален за трагање на  кој е врзан.
Метал  детекторот "ПИРАТ" е развиен во Русија и лесно  се прави .Конфигурација не содржи програмабилни елементи од кои толку многу се плашат конструкторите, не постојат скапи и ретки елементи и неговите параметри не се нималку инфериорни во однос на некои странски детектори ,кои чинат 100-300 ЕУ. Главните предности на овој уред пред други шеми на едноставни метални детектори - е стабилноста и опсегот на барање.. Можат да го направат и  луѓето кои имаат мало познавање на електрониката.
Параметри: Напојување- 9-12V -30-40 mA  , чуствителност -25 милиметарска монета - на 20 см во земја , а големи метални предмети -150 см во земја
Уредот се состои од две главни компоненти, предавателот и приемникот. Пренесување на јазолот се состои од генератор на импулси со чипот NE555 и моќниот транзистор IRF740. Добивањето на  јазолот  е со  чипот TL o72 и транзисторот ВС547.

Шематски дијаграм на метал детекторот ПИРАТ
Калемот е кружен 190 mm и содржи 25  намотки жица 0.5 мм. Транзистор Т2 може да се заменува и со биполарен транзистор NPN со С-Е напон не помал од 200 волти. Може да биде и на ладилник , ако се работи подолго ввреме. Во екстремен случај како Т2 работи дури и  BD 911, па можете да експериментирате. Како T3 можат да се користат речиси било кој NPN транзистор. Правилно составенa единица практично не бара приспособување. Ако имате осцилоскоп може да се провери на Т2 должина и фреквенцијата на осцилаторот. Оптимална варијанта е 130 – 150 mks, а фреквенцијата 120-150 Hz.

Кога ќе го вклучите  детекторот почекајте 15-20 секунди, по што регулаторот "чувствителност" е во позиција во која на звучникот  се слуша *кликање* .Ова е максималната чувствителност. Уредот е лесно  да се направи и да се работи  со него,се учи  само за неколку  часа.

Ке ја дадам и шемата и изглед на плочката која треба да биде некаде со должина 8 см ( треба пропорционално да се  намали).Доколку има некој време нека понуди готови плочки, ке има побарувачка. 8)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Батка кое е предаен а кој приемен дел?
Гледам осцилатор, два транзистори засилувачи и калем, Приемниов дел преку отпорник ја “прима“истата фрекфенција, каде е избивањето односно приемот?
теоретски имаме една фрекфенција што зрачи,и треба приемен дел со изобличување од некој метал да ја прими со “поместување“ од основната и таа разлика да се слуша како звук.
 ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Руски метал детектор ПИРАТ
« Reply #2 on 26.06.2017, Monday, 19:54:41 (Edited 26.06.2017, Monday, 20:03:34) »
Принципот е избивање. Осцилаторот е со НЕ555 и два транзисторти Т1/2 и една омча(калем) кој работи некаде на 150 Хз.Е сега Тл072 со транзистор и звучникот го  регистрира *избивањето* кога некој метален предмет ќе ја наруши фреквенцијата на осцилаторот.Тоа се слуша како *штракање* и колку е појако ,толку металот е поблизу до калемот а фреквенцијата повеќе бега. ;D


RO80

  • Guest
Дoстa дoбрa шемa прoверенa е рускa е мaлку поразлична oд в вoените клaсични руски детективи. Акo рaзбирaте руски а можете леснo и да си преведете на англиски сo смaртфoните еве линк и сo кoрисни други шеми. Впрoчем истaтa е искoпирaнa oдoвде
Code: [Select]
http://vopros-remont.ru/elektrika/metalloiskatel-svoimi-rukami/

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 226
Re: Руски метал детектор ПИРАТ
« Reply #4 on 12.02.2019, Tuesday, 01:44:58 (Edited 12.02.2019, Tuesday, 14:42:47) »
Не ги отвара фајловите...
Ако не тие мака, можеш повторно да ги постираш или да ми ги испратиш во пп ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Руски метал детектор ПИРАТ
« Reply #5 on 12.02.2019, Tuesday, 14:40:34 »
Види на овој линк


Code: [Select]
https://www.drive2.ru/b/2051404/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Руски метал детектор ПИРАТ
« Reply #6 on 12.02.2019, Tuesday, 14:47:50 »
Еве шемата и изглед на плочката .ИК беше 4х ОР TL074 мислам.