Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Логички кола => Topic started by: DS on 06.04.2014, Sunday, 19:58:22
-
ми треба помош на некое наједноставно коло со кое можам да поврзам два прекинувачи (релеа) т.е еден прекинувач и едно реле кои што ке работат независно еден од друг и како да ги врзам истите. (како наједноставно да го изреализирам тоа?)
да работат според оваа логика.
п1 п2 излез
0 0 0
0 1 1
1 0 1
1 1 0
п.с како што гледам тоа е ексили логичко коло. кое интегрално коло во себе има вакво логичко коло?
-
Побарај на google "XOR"
-
Еве види теоретски.Со две 4011 можеш да го направиш.Само не сум сигурен што сакаш да направиш,бидејќи не те разбрав јасно.Ако сакаш дај објасни поопширно,како практично и за што бараш решение?
-
Може и со транзистори и некоја диода ова она да се направи...малце погломазно и посложено..можда ќе ти треба и шмитов тригер во случај на аналоген влез(термометар, влагометар итн...)
-
Ако мора да биде со прекинувачи (прекинувач и реле), може да ја искористиш следната шема.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/XOR-switch_zpsee654d6b.jpg)
-
Како практично решение би било ова со 4011 и два прекинувачи/сензори :едниот вклучува,другиот исклучува едно реле.
-
па сакам да врзам два прекинувачи еден обичен и еден IR-прекидач (реле), со кој ке палам сијалица од 100W . Па не знаев решение како да ги врзам за да работат најизменично, со едниот да палам на другиот да гасами така најизменично. Мислев со паралелно (тоа е или порта) ,но доколу едниот е логички кец, а го активирам другиот нема да изгаси :)
Мислам дека најоптимално решение е решението на @Zan со накрсно врзување на прекинувачите.
Ви благодарам :)
-
Мислам дека најоптимално решение е решението на @Zan со накрсно врзување на прекинувачите.
Ви благодарам :)
Тоа е „механичка“ XOR порта ;). Така и се означува кога се изучува бинарна алгебра во математика ;).
-
Мислам можеше да се реши и со флип флоп(хип хоп :) )