Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: gonik on 26.06.2019, Wednesday, 21:39:28
-
Здраво колеги. Потребен ми е влез во сервисно мени за овој ТВ за да го намалам позадинското осветлување кое верувам е на 100 фабрички поставено. Менував неколку лед диоди, па за да спречам брзо повторување на проблемот треба да се намали, опцијата ја нема во обичното мени. Тоа е оној модел кој има 2 тенки лед ленти на дното од екранот и врската со нив и плочата е со флет кабел. Го затворив ТВ па немам други податоци за него. Ако ептен мора пак ке го отворам.
-
Пааа... најбрзо ќе добиеш одговор ако пишеш која е шасијата.
-
Главна плоча: CV9202H-DPW
Панел: LSC320AN03-W01
Напојување: CVB32005
-
Стисни Input (можно е и да е означено и како Source или A/V), па потоа внеси 2580. Пробај ;).
-
Браво мајсторе, секоја чест. Тоа е тоа. А бев толку близу, пробав многу комбинации, меѓу нив и Мену+2580, а всушност требало Инпут. И навистна беше наместено на 100, го намалив на 80 и мислам дека направив коректен компромис меѓу квалитетот на сликата и векот на траење на осветлувањето. Голем поздрав... ;)
-
И навистна беше наместено на 100, го намалив на 80
Не значи дека си направил многу.
За да си сигурен дека си ја намалил струјата на подносливи граници требало да ја измериш струјата на 100 и струјата на 80.
За квалитетно заднинско и да издржи подолго време треба барем 30% да се намали струјата.
Сега ти не знаеш колку е намалена струјата така да не сум сигурен дека си направил добра работа!
Погледај од 8-ма минута!
https://www.youtube.com/watch?v=WDV9QiQAXf8