Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: batka on 25.07.2010, Sunday, 20:15:23

Title: Дигитално ехо
Post by: batka on 25.07.2010, Sunday, 20:15:23
Ова е шема на дигитално ехо,кое служи како гитарски ефект,ама може да се употреби и да  се *освежи* некој постар разглас кој нема вградено таков ефект.Проблемот може да биде интегралчето,кое да спомнам дека не беше поскапо од 6-7 ЕУ.Да напомнам дека ценетите форумџии не треба да се лутат ако не поставам и печатена плочка за некој уред,па мораат сами да ја проектираат.Ама така подобро се учи..
Title: Одг: Дигитално ехо
Post by: GigaWatt on 26.07.2010, Monday, 02:47:24
Да напомнам дека ценетите форумџии не треба да се лутат ако не поставам и печатена плочка за некој уред,па мораат сами да ја проектираат.Ама така подобро се учи..

Па да, али ако некој веќе има направено ППК, фер е да ја стави. Кога ќе нема ППК од определено коло, фер е некоја ако ја направи да ја стави и други да може да си ја симнат, не реди друго, некогаш еден ќе направи, друг пат друг... и така се учи ;).
Title: Одг: Дигитално ехо
Post by: batka on 26.07.2010, Monday, 03:19:48
Жалам,ама печатената плочка ја правам секогаш спрема условите - кутија,расположлив материјал.Многу често ја нанесувам со трансфер хартија  директно на плочка,а компот го форматирам барем на 3 месеци,па многу такви опции одат во неповрат.