Author Topic: Полнач за акумулатор со автоматика  (Read 5454 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве ова нека биде прва тема во 2012.Актуелна е бидејки сите имаме проблеми со акумулаторите,ако автомобилот стои надвор.Иначе,шемата ја добив од некаде,на српски е и веројатно има свој автор.Му благодарам што многу едноставно предвидел и реализирал неколку функции како старт на полнење,дел за полнење на никел кадмиумски батерии,избор 6/12 V,рачно подесување на праговите на полнење,светлосна индикација .И сето тоа со ефтини и * секојдневни* делови.Иако ви се чини дека 3А е некако премалку за полнење,според сите испитувања тоа е оптималната струја за 45/55 Аh .Значи,доколку ви треба полнач за акумулатори,го препорачувам овој.Јас веке ги собирам деловите,а печатена плочка нема,па ако некој биде добар и нема што да работи ,нека направи нацрт.Овој проект може да биде направен и на неколку посебни плочки ,па склопен во кутија.Ова го напоменувам поради тоа што релињата кои некој  може да ги набави или ги има кај себе, се со различни големини и распоред на ножичките

Offline zokizoczdrave

  • Нов член
  • *
  • Posts: 29
  • Gender: Male
Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
« Reply #1 on 02.01.2012, Monday, 21:22:21 (Edited 02.01.2012, Monday, 21:28:18) »
Тука фали мислам некој преклопник на влез за 10в и 20в што треба да ги менува паралелно со PB2


Споено мислење: 02.01.2012, Monday, 21:28:18
P2B се извинувам
Во табелата е означен како P2A а во шемата го нема

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве го и влезниот дел на шемата,ама јас нема да го работам вака,бидејки е многу гломазен .Ке земам два трансформатора : 18 V /5A  и 15V/1А,посебни имам. Планирам на LM723 да му ставам два тримера 5К лин . кои со преклопник ке ги префрлам кога ми треба 6/12V.Преклопувањето вршете го кога е исклучен полначот!! И оној дел со полнење никел кадмиумски батерии отпаѓа ( нема потреба!)

Offline gringo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Батка, каде се регулира напонот на полнење на никел кадмиумските батерии?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Види на шемата: имаш преклопник со  различити струи на полнење!! Ако ти треба само за една струја стави само еден отпорник и ке ја имаш само таа струја.

Offline gringo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Напон а не струја, гледам дека е константна струјата ама кој е напонот. Пример што ако сакам да полнам 1,2V батерија, а што ако е незнам пример 6V.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако одиш по шемата таму има една табела за напони кога работиш со 6/12 V. Проблем нема со напонот- тој треба да е барем 3V повисок од напонот на батеријата(ите) .Значи ,напонот не е пресуден туку јачината на струјата!!! Таа треба да биде 1/10 од вредноста на капацитетот на батеријата ( изразено во mAh).Пример: ако батеријата има капацитет 2500 mAh,вредноста на струјата на полнење треба да биде 250 mA. Напонот не е пресуден- треба да биде барем +3V над вредноста на напонот на батеријата!!

Offline trajcevski

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Зошто на излезот за полнење на оловни акумулатори има три диоди (1N5401) а не една?

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Зошто на излезот за полнење на оловни акумулатори има три диоди (1N5401) а не една?
Tие се како заштита,и ставени се 3 за да издржат поголема струја...Ама можеш да ги замениш со една (или две) 6А6 диоди,тие се 6 амперски...
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако го згрешиш полот на акумулаторот...

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
ок убава работа е ова и би го ставил на список на проекти за оваа година, ама не ми е јасно нешто. Ова е полнач за акомулатори или за никел кадмиумски батерии? или и едно и друго? Автоматиката е добра работа за секој полнач на акомулатори, чим се достигне саканиот напон автоматски се исклучува и ќе се уклучи ако напонот падне. Добро ќе биде да може да се направи плочка. Не знам колку ќе успеам јас во тоа, ама ќе се обидам и ќе ја постирам тука.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
« Reply #11 on 20.02.2012, Monday, 08:14:55 (Edited 20.02.2012, Monday, 08:16:45) »
Ова е полнач за акумулатори,со додаток -полнач за никел кадмиумски батерии. Значи ,не мора ра го правиш и полначот за никел кадмиумски батерии,ако не сакаш.Плочка имаше, беше во два -три дела,ама беше со многу грешки и преправки,па најдобро е нова да си направиш.

Offline bosko_sk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
колку чини ова?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тешко прашање! Зависи од каде ги набавуваш деловите,какви делови користиш....Воглавном мојот прорачун е некаде 2400 денари со трансформатор во кутија.Кутијата ја имам од друг,фабрички уред.Може и поевтино да поминеш,ако имаш некоја * златна резерва* на делови или добри пријатели. ;D

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Веке имам изработено полнач и не сакам да го расклопувам туку сакам само да му додадам склоп кој ке го автоматизира.На нет најдов некоја шема со НЕ555 ама е скенирана со лош квалитет и не се читаат вредностите на отпорниците.Во план ми е да го автоматизирам полначот да набавам инвертор и да направам УПС кој ке напојува пумпа за парно греење во без моменти без електрична енергија.
rules are made to be broken