Author Topic: Полнач на акумулатори од ATX напојување  (Read 1793 times)

Offline tesla017

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
    • yu3ma
Полнач на акумулатори од ATX напојување
« Opened on 02.07.2014, Wednesday, 19:55:44 (Edited 02.07.2014, Wednesday, 20:08:12) »
Поздрав на сите.

Еве еден прост пример како да се преправи напојување од компјутер со TL494 или КА7500 во полнач на акумулатори за кола или скутер.

Шемата и документацијата ја обезбеди еден пријател од Србија Александар Јефтиќ кои го објави овоа на Српскио форум, може да се виде тука:

Code: [Select]
http://www.elitesecurity.org/t464756-Punjac-akumulatora-od-PC-napajanja
Го правив по негови упатства за еден пријател во Белград и добро работе, може да се користе како брз полнач на акумулатори само е потребно да се вентилаторо обрне да дува на унатре и дуплата диодита за 12V да се смене со појака сите непотребни жици се одстранат (сите Црвени, Портокалови, Плава, Бела се одлемат а остават се црните, жолтите, сива, љиљакова и зелена)



- Земе се АТX напојување које има TL494 или КА7500.

-Уклуче се напојуванјето (зелена и црна се споје после тука може прекидач) и мере се напоно од (pin2) и према маса (T) GND. Тука може да има 2,5V или 5V. Најчесто е 2.5V па тоа ќе го земеме како вредност.

- Најде се (pin 4), и кратко се спое на масата (T) GND (pin 7)

- Потоа се најде (pin1) Тука ќе има 3-4 отпорника који одат од 12V, од 5V, и од 3.3V (некој напојувања и немат отпорник за 3.3V) и отпорник на маса (T) GND. Сите тиа отпорници се уклонат и уфлуват се на нивно место или под плочата овиа од шемата, од 12V се воде отпорник 4К7 до (pin 1), и од (pin 1) усте еден отпорник 1К на маса (T) GND или на (pin 4) или (pin 7). Со овоа добиваме 14,4V уместо 12V на жолтите жици.

- Треба и еден отпорник од 0.1R 5W или повише оти се греје, на него поврзуваме неколку црни жици (T) GND и на другио крај парче кабал шо ке биде излез минус (E)GND ( - ) и од тука земе се уште една жица и воде се до (pin 16).

* На шемата има две маси GND една е обележана со (T) а другата со (E).

- Таа шо е обележана со (E) e маса на акумалаторо (преку отпорник 0,1R 5W), i на кутијата од напојувањето (треба да се одвоје на плочата дека се шрафе плочата у лимената кутијата да немат контакт).

- Онаа шо е обележена со (T) мора да биде изолирана од кутијата и она се нааѓа на плочата дека се сите црни жици како и заедничките жици од трафото. Тука е споен (pin 4) и (pin 7) од TL494.

- Останува ни само да го поврзаме ограничување на струјата за пунење а тоа се (pin 14) и (pin 15) и отпорник по табличката шо е со шемата зависно од потреба.

- На (pin 14) (на плочата се обично споени (pin 13) (pin 14) и (pin 15) па (pin 15) мора да се одвое од ни), се врзува отпорник од 220К a неговјо друг крај се врзе на (pin 15).Од напоно на (pin 15) ќе зависе и струјата на излазо, така дека тука ставаме уште еден отпорник од (pin 15) ка масата   (T) GND и со неговиот избор бираме и струја која је имаме на излезо.Тоа е отпорнико обележан R и тука е одма и табличката со вредностите на отпорностите за одредена струја.

- Останува ни уште поврзување на RC члано од (pin 3) се воде преко одпорник од 22К и кондензатор 10nf на (pin 15) и тоа служе за компензација.

ОПЦИОНАЛНО:

- Прекидачо треба да ги кратко спое Зелената и Црната (T) GND жица за да би го упалило напојувањето.

- На љиљаковата жица лемеме анода од црвена LED диода, а катодата преку отпорник 330R на црна жица (T) GND и со овоа добија “Standby” сигнализација.

- На сивата жица лемеме анода од зелена LED диода, а катодата преку отпорник од 330R на црна жица (T) GND и со овоа добија “Active” сигнализација.

Се надевам дека овоа ќе користе на некој.

Поздрав,
Драган Илиќ
"Master, I am here to serve you..."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одлична работа Драган, преку летото обавезно мора да се проба ова и така имам вишок напојувања :)...

Offline tesla017

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
    • yu3ma
Ефтино брзо и практично :) Од отпад може да се направе... Немам слика да пропратам како си е ред али потруди се да го преведам и пралогодам овоа на нашио јазик и да дадам добри смерници за сите кои сакат да се играт со овоа. Диодите за сигнализација ги уфрли јас од друг проект не са потребни али и не штетат. Црвената сигнализира дека е напојувањето поврзано на мрежа а зелената се пале пошто се уклуче прекидачо (зелена + црна) на некој напојувања се црвената угасе по палењето а на некој свете така да тоа се зависи од кое се користе ;)
"Master, I am here to serve you..."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Само што може смпс-то да даде некој волт повеќе и да го пробие акумулаторот.. Исто така ако е оштетен акумулаторот може да има многу мал отпор и да го цркне напојувањето, иако имам заштита... напојувањето постојано ќе се обидува да го крене напонот на 14.4в со што ќе праќа многу кратки но јаки импулси...

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Полнач на акумулатори од ATX напојување
« Reply #4 on 03.07.2014, Thursday, 17:48:06 (Edited 03.07.2014, Thursday, 18:16:46) »
напојувањето постојано ќе се обидува да го крене напонот на 14.4в со што ќе праќа многу кратки но јаки импулси...
Уште подобро...ќе има улога и како десулфатор...ако не прегори во меѓувреме
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
То е поентата што најверојатно ќе прегори. Десулфаторот го крева напонот до 60-80в, меѓутоа најчесто се врзува само на акумулатор, без полнач, дисконектриан од кола, всушност работи како осцилаторно коло... 2-3 пати имам пробано да наполнам акумулатор со смпс- толку пати има и изгорено...