Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: batka on 01.01.2012, Sunday, 19:15:16

Title: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 01.01.2012, Sunday, 19:15:16
Еве ова нека биде прва тема во 2012.Актуелна е бидејки сите имаме проблеми со акумулаторите,ако автомобилот стои надвор.Иначе,шемата ја добив од некаде,на српски е и веројатно има свој автор.Му благодарам што многу едноставно предвидел и реализирал неколку функции како старт на полнење,дел за полнење на никел кадмиумски батерии,избор 6/12 V,рачно подесување на праговите на полнење,светлосна индикација .И сето тоа со ефтини и * секојдневни* делови.Иако ви се чини дека 3А е некако премалку за полнење,според сите испитувања тоа е оптималната струја за 45/55 Аh .Значи,доколку ви треба полнач за акумулатори,го препорачувам овој.Јас веке ги собирам деловите,а печатена плочка нема,па ако некој биде добар и нема што да работи ,нека направи нацрт.Овој проект може да биде направен и на неколку посебни плочки ,па склопен во кутија.Ова го напоменувам поради тоа што релињата кои некој  може да ги набави или ги има кај себе, се со различни големини и распоред на ножичките
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: zokizoczdrave on 02.01.2012, Monday, 21:22:21
Тука фали мислам некој преклопник на влез за 10в и 20в што треба да ги менува паралелно со PB2

Споено мислење: 02.01.2012, Monday, 21:28:18
P2B се извинувам
Во табелата е означен како P2A а во шемата го нема
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 03.01.2012, Tuesday, 02:26:19
Еве го и влезниот дел на шемата,ама јас нема да го работам вака,бидејки е многу гломазен .Ке земам два трансформатора : 18 V /5A  и 15V/1А,посебни имам. Планирам на LM723 да му ставам два тримера 5К лин . кои со преклопник ке ги префрлам кога ми треба 6/12V.Преклопувањето вршете го кога е исклучен полначот!! И оној дел со полнење никел кадмиумски батерии отпаѓа ( нема потреба!)
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: gringo on 23.01.2012, Monday, 08:40:46
Батка, каде се регулира напонот на полнење на никел кадмиумските батерии?
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 23.01.2012, Monday, 08:52:22
Види на шемата: имаш преклопник со  различити струи на полнење!! Ако ти треба само за една струја стави само еден отпорник и ке ја имаш само таа струја.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: gringo on 23.01.2012, Monday, 11:14:37
Напон а не струја, гледам дека е константна струјата ама кој е напонот. Пример што ако сакам да полнам 1,2V батерија, а што ако е незнам пример 6V.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 23.01.2012, Monday, 14:28:11
Ако одиш по шемата таму има една табела за напони кога работиш со 6/12 V. Проблем нема со напонот- тој треба да е барем 3V повисок од напонот на батеријата(ите) .Значи ,напонот не е пресуден туку јачината на струјата!!! Таа треба да биде 1/10 од вредноста на капацитетот на батеријата ( изразено во mAh).Пример: ако батеријата има капацитет 2500 mAh,вредноста на струјата на полнење треба да биде 250 mA. Напонот не е пресуден- треба да биде барем +3V над вредноста на напонот на батеријата!!
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: trajcevski on 24.01.2012, Tuesday, 00:46:25
Зошто на излезот за полнење на оловни акумулатори има три диоди (1N5401) а не една?
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: Malecko on 24.01.2012, Tuesday, 01:21:29
Зошто на излезот за полнење на оловни акумулатори има три диоди (1N5401) а не една?
Tие се како заштита,и ставени се 3 за да издржат поголема струја...Ама можеш да ги замениш со една (или две) 6А6 диоди,тие се 6 амперски...
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 24.01.2012, Tuesday, 08:01:31
Ако го згрешиш полот на акумулаторот...
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: Z31GH on 20.02.2012, Monday, 00:14:13
ок убава работа е ова и би го ставил на список на проекти за оваа година, ама не ми е јасно нешто. Ова е полнач за акомулатори или за никел кадмиумски батерии? или и едно и друго? Автоматиката е добра работа за секој полнач на акомулатори, чим се достигне саканиот напон автоматски се исклучува и ќе се уклучи ако напонот падне. Добро ќе биде да може да се направи плочка. Не знам колку ќе успеам јас во тоа, ама ќе се обидам и ќе ја постирам тука.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 20.02.2012, Monday, 08:14:55
Ова е полнач за акумулатори,со додаток -полнач за никел кадмиумски батерии. Значи ,не мора ра го правиш и полначот за никел кадмиумски батерии,ако не сакаш.Плочка имаше, беше во два -три дела,ама беше со многу грешки и преправки,па најдобро е нова да си направиш.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: bosko_sk on 23.02.2012, Thursday, 02:05:35
колку чини ова?
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 23.02.2012, Thursday, 02:29:44
Тешко прашање! Зависи од каде ги набавуваш деловите,какви делови користиш....Воглавном мојот прорачун е некаде 2400 денари со трансформатор во кутија.Кутијата ја имам од друг,фабрички уред.Може и поевтино да поминеш,ако имаш некоја * златна резерва* на делови или добри пријатели. ;D
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: danix01 on 20.08.2012, Monday, 01:04:59
Веке имам изработено полнач и не сакам да го расклопувам туку сакам само да му додадам склоп кој ке го автоматизира.На нет најдов некоја шема со НЕ555 ама е скенирана со лош квалитет и не се читаат вредностите на отпорниците.Во план ми е да го автоматизирам полначот да набавам инвертор и да направам УПС кој ке напојува пумпа за парно греење во без моменти без електрична енергија.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 20.08.2012, Monday, 01:25:01
Еве нешто околу автоматиката за полнење.Се врзува на клемите на акумулаторот и кога вредноста ке мине 13,6В ( таа се мести со тримерот VR 1 min.,VR2 max) треба автоматски да го исклучи полначот од струја.Ова е едноставна и изработена шема.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: danix01 on 20.08.2012, Monday, 14:20:10
чекајки одговор синока ми дојде друга идеа.дали би функционирало онаа плоцка што ја викаат реглер од стар алтернатор од 101 дали би вклучувала и исклучувала.теоретки мислам дека би работело
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: Toma on 20.08.2012, Monday, 15:31:45
Quote
чекајки одговор синока ми дојде друга идеа.дали би функционирало онаа плоцка што ја викаат реглер од стар алтернатор од 101 ...
Се работи за динамо и шемата е  ОВАА (http://i278.photobucket.com/albums/kk120/tomazot/Semanaregulatornanaponzadinamo.jpg)
Кај поновите со алтернатор се користеше механички регулатор сличен како на сликата овде

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/LimaRegler.png)

--------------------------
промената е оваа...
и овде

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sema_punjenja.jpg)

-------------------------  
А онаа што го бараш претпоставувам дека е ова

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/MOSFET_Regler.jpg)

што според мене би требало да ја врши функцијата ама не земајки доста параметри во предвид.
Под услов дека би го користел регулаторот за напон кај алтернаторот сметам дека ќе биде поскапата варијанта
Значи моето мислење е дека во принцип би можело не навлегувајќи во економска оправданост или не.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 20.08.2012, Monday, 16:49:49
чекајки одговор синока ми дојде друга идеа.дали би функционирало онаа плоцка што ја викаат реглер од стар алтернатор од 101 дали би вклучувала и исклучувала.теоретки мислам дека би работело

Нема потреба ни од реглер ни додатни склопови.Прво ,на основната шема која е предвидена за полнење 6/12V акумулатори веке има автоматика за регулација и исклучување.Бидејки побара шема само на автоматика која би го вклучувала полначот кога ке падне напонот на акумулаторот под 11V (приближно!),или кога акумулаторот ке биде поголем од 13,6V ( наполнет акумулатор).За тоа има два тримери од кои првиот е во серија со 10V зенер( за регулирање на нискиот праг!) или оној вториот за горниот напон ( 13,6V).Значи ,таа верзија со реглери нема никаква основа бидејки падот на напонот на електрониката е помал од оној на механички реглер.Сите транзистори се BC547 или слични, а релето е 12V со контакти до 5А.Склопот се врзува директно на клемите на акумулаторот.Се извинувам што немав време ова да го напишам во првиот пост.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: danix01 on 20.08.2012, Monday, 22:02:00
фала батка ке го правам склопот.а дали имас некоја твоја идеа за како полесно да направам упс со купен инвертор
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 21.08.2012, Tuesday, 00:48:49
Ако  добро разбрав имаш акумулатор,инвертор 12/220V и уште ти треба полнач со автоматика.Направи го овој почетен склоп  и го решаваш проблемот .Инверторот треба да биде доволно моќен за да го напојува уредот.Дај конкретни податоци па ке ти пресметам која јачина на струја,напон,време на полнење итн.треба да го запазиш за да работи се ОК.Каков акумулатор имаш? Имаш ли трафо?
Која јачина ти треба на инверторот ?Освен овој имаше и други полначи со автоматика на форумов,дури и многу поедноставни и поевтини.

Споено мислење: 21.08.2012, Tuesday, 02:05:33
Еве уште неколку шеми на тема*автоматика за полначи на акумулатори*
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: danix01 on 21.08.2012, Tuesday, 11:22:24

планирам да купам инвертор од минимум 300w полначот ми е со максимална струја од 4 ампери а пумпата која треба да се напојува е 86w акумулатор имам од оние големите за камион некаде околу 90 Ah .Мислам да го правам сличен на овој HomeMade UPS - Do It YOURSELF!!! (http://www.youtube.com/watch?v=38vUs6rhKJU#ws)     но не сакам пумпата постојано да се напојува од инверторот сакам тоа да го решам со неколку релиња кога ке снема струја да се вклучи инверторот и  да поцне пумпата да се напојува од него.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 21.08.2012, Tuesday, 12:41:41
Ако е само за тоа  би се решило со многу поедноставна електроника.Значи ти треба релативно мал полнач кој само ке го надополнува 90Ач акумулаторотсо константна струја од 1-2А и автоматика која ке префрла реле кога ке снема напон во градската мрежа.Понатаму автоматски ке се вклучи инверторот кој ке даде напон за пумпата.Ке побарам шема и ке ја поставам ( сега сум на работа).
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: VLATKO* on 02.10.2012, Tuesday, 14:49:09
колеги имам едно трафо 16V-13A и сакам да направам полнач за акумулатор од него,која плочка ја препорачувате,по можност да има заштита од краток спој и да се гаси кога ке е наполнет акумулаторот,однапред благодарам
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: MARK123 on 02.10.2012, Tuesday, 21:05:30
Зраво јас го имам правено од трите понудени полначи сто ги поставил batka баш третиоти добро ме служи еве веке неколку години и има заштита од препонување,а краток спој ако има гори осигурацот
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: izotop on 09.12.2013, Monday, 22:46:58
Да ја оживеам темава (актуелна на ова ладно време :)
Ќе ја изработувам  следнава шема што ја има постирано батка погоре .
Прашањето е дали ќе работи вака како што е предвидена со тријаков TIC236  пошто неможам да го најдам тиристоров BTY79 инаку се исти шеми.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 09.12.2013, Monday, 23:06:56
Да,можеш.Иначе шемата ја има во повеќе варијанти,зависи кој ја *обработил* ;D
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: warningteam on 09.12.2013, Monday, 23:15:58
Едно прашање дали ова полначов е исто што и "Освежувач или одржувач на акумулатор"  ??? дали истиот збор се користи за двата типа или сепак не ?
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: batka on 09.12.2013, Monday, 23:44:21
Не е одржувач,туку  полнач со автоматика на полнење.Одржувачот дава 12 V 1A  отприлика и постојано е врзан за акумулаторот додека е возилото вомирување.Овој полнач дава 5-6-10А ,во зависност од активниот елемент.
Title: Одг: Полнач за акумулатор со автоматика
Post by: izotop on 10.12.2013, Tuesday, 09:35:15
^Благодарам на брз одговор