Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: RoCk-Er on 27.03.2014, Thursday, 20:43:27

Title: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: RoCk-Er on 27.03.2014, Thursday, 20:43:27
Треба да се полни акумулаторче за скутер 50цц. Имам полнач од наше производство - некоја битолска фирма. Прашањето е дали ќе ми врши работа полначот за полнење на тоа акумулаторче и ако да, колку време треба да го полнам со него?

Акумулаторче: 12V/5A
Полнач: 12V/5A

По некоја логика би требало да се полни 1 час, бидејќи 5А струја ваљда полначот ги предава за 1 час и дека и на акумулаторчево му требаат 5А, ама некако малку ми е тоа... Помагајте!  :)
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: MetallicA on 27.03.2014, Thursday, 20:47:32
не се мачи подобро земи нов, сум пробал и јас да полнам, ама не држи повеке од 2 дена.  ;) ;D
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Bojan on 27.03.2014, Thursday, 20:47:54
грешка си друже, не е малку него многу е. препорачливо е да се полни акумулатор со струја што е еднаква на 1/10 од капацитетот на батеријата, или 0,5А во твојот случај...
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: RoCk-Er on 27.03.2014, Thursday, 20:50:47
грешка си друже, не е малку него многу е. препорачливо е да се полни акумулатор со струја што е еднаква на 1/10 од капацитетот на батеријата, или 0,5А во твојот случај...

Да, да, се извинувам, сакав да кажам дека е многу кратко време - чудно е...

Па кога е така, кога треба 0,5А, значи може со адаптер некој 12V/0.5A ?
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: bicikle on 27.03.2014, Thursday, 20:59:05
него можеш да го полниш со адаптер од пазар оние што се по 100-200 денари ... 12в 1А ... Мислам во алфа имаш ефтини акумулаторчиња...
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Bojan on 27.03.2014, Thursday, 21:00:31
треба да се полни тој акумулатор до 13,8V и тогаш да се изгасне полнењето, еве една шемичка што ја најдов на нет и како што ја гледам ке заврши работа. ке ти треба трансформатор што дава барем 14V (АС), 700мА...

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/battery-charger.jpg)
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: RoCk-Er on 27.03.2014, Thursday, 21:03:32
него можеш да го полниш со адаптер од пазар оние што се по 100-200 денари ... 12в 1А ... Мислам во алфа имаш ефтини акумулаторчиња...

А времето на полнење би било Ia/Ip=T, каде Ia - ампеража на акумулатор, Ip - ампеража на полнач, Т - време во часови? Или грешам?
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Zan on 27.03.2014, Thursday, 21:05:33
Акумулаторчето треба да го полниш со струја која што е една десетина од капацитетот на акумулаторчето. Во твојот случај 10 часа со струја од 0,5А.
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Otpor on 27.03.2014, Thursday, 21:07:01
Можи да се полни со полначот за кола,само во серија поврзи една сијалица од 12 в и амперметар и гледај да ја дотераш струјата на полнење на 0,5 А:Врзувај две сијалици,разни јаки отпори само да биди 0,5 А  ;).И гледај да полначот да дава 14,4 в,за завршно полнење. Повеќе од овај напон ни под разно да полни
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: dare532 on 27.03.2014, Thursday, 22:52:26
дали со овој адаптер(подолу во сликата) изваден од модем може да направам да полнам акомулаторче такво мало
*линкот е избришан од аминистрација*
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Zan on 27.03.2014, Thursday, 23:04:55
На адаптерот пишува 12V, а тоа е малку. Треба да има 14,4 волти за полнење акумулатор.
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: Toma on 27.03.2014, Thursday, 23:56:02
Пробај ! Ако струјата е во границите на 0.5А тогаш има шанси да се дополни акумулаторот, ако напонот во " празен од" е повеќе од 12V.
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: dare532 on 28.03.2014, Friday, 00:01:41
На адаптерот пишува 12V, а тоа е малку. Треба да има 14,4 волти за полнење акумулатор.
а за дополнување како на пример зимно време што стојат акомулаторите, ќе може ли да се искористи нешто
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: bicikle on 28.03.2014, Friday, 00:32:56
Прво, види стујата што е дава полначов дали е ац или е дц, второ ако е напонот во границите 12-15в  стави отпорник од 10 оми или сијаличка 10-21w сериски врзана. може да повлече малце повеќе струја акумулаторот, да прегрее адаптерот. Акумулаторите се полнат до 15,7 волтино над 14.4 струјата треба нагло да опадне и праволиниски да опаѓа се до 15,7 волти. Таков полнач не ти се исплаќа да правиш пошто е поскап од акумулаторот  ;D, Имам гледано мали кинески акумулаторчиња кои тераат 2-3 сезони без проблем. И да е 12в адаптерот ќе може да го дополнуваш, секако до 12в па после ќе си се дополни на моторчето возејќи, ќе свтриш 2-3 круга. Провери го нивото на киселина во акумулаторот, а може и да го испереш, но претпазливо, гумени ракавици, очила и сода бикарбона обавезно. Ако ја допреш киселината ќе ја неутрализираш со содата. Алиштата веднаш ќе ги покиснеш во леѓен со една супена лажица сода и на перење, може да ти се направат дупки, па користи стари алишта. Во најмала рака дополни го акумулаторот(ако фрали течност) со дестилирана вода. Нивото на водата и тоа како влијае на акумулаторот, како и на неговиот животен век.
Title: Одг: Полнење акумулаторче за скутер
Post by: nsu on 29.03.2014, Saturday, 15:33:06
Токму така убаво објаснување не му се исплати да прави полнач.Поубаво ново акумулаторче да си купи.А за дополнување може со тоа адаптерче од 12 волти.Но никако тој адаптер на скроз празен акумулатор да го врзеш без ограничување пошто наеднаш повлекува поголема така наречена ударна струја.А ако имаш ти или имаш некој пријател автоелектричар кој има аерометар може да се види каква е состојбата на акумулаторот тоест електролитот добра или лоша.И ако е лоша ќе треба да го дополнуваш со дестилирана вода.И ќе мораш да имаш тогаш полнач со регулација и напон од 14,4 волти за повторно да го наполниш да му го продолжиш работниот век.Но не ти се исплати ако е многу стар акумулаторот.За веспа се мали и не се многу скапи.Едноставно денес не ги прават како порано и не ти се исплати да се замараш.Ако е добро акумулаторчето да ќе можеш да го дополнуваш со твојот адаптер едноставно да си го одржуваш.Така да види што ќе правиш. ;) ;D