Author Topic: Menheten -конструкција за аматери и професионалци  (Read 1547 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Menheten -конструкција за аматери и професионалци
« Opened on 01.01.2016, Friday, 14:54:48 (Edited 01.01.2016, Friday, 14:59:12) »
Menheten  -конструкција за аматери и професионалци

Многупати ни се брза ,а немаме услови и време да направиме печатена плочка за некоја конструкција,па не е на одмет да се запознаеме со една техника за брза градба на електронски уреди позната и како Menheten  -конструкција.
Со овој метод се овозможува брза конструкција на плочка за сместување на електронските елементи при изработката на некоја електронска конструкција,независно дали е едноставна или сложена.
Потребна ни е едностран или двострано каширан витропласт (подобар е!) или пертинакс. Постојат разни дебелини на материјалот и  според тоа  можно е на два начина да се изработи плочката.
1.Ако е витропластот со поголема дебелина ,може да се примени полесната метода на изработка:
- најдете едно метално цевче со внатрешен дијаметар 5мм и дебелина на ѕидовите 1-2 мм. Доволна е должина од 3-5 см.Едниот крај наострете го и делумно назабете со турпија.Ставете го цевчето во бормашина и направете кружни форми на плочата како на сликата. Средниот дел на  кругот електрички е одделен од плочката и на него ставете калај.Тоа ви е една лемна точка.Повеќе клемни точки направете според шемата и деловите кои ги имате на располагање.
2.Вториот метод е ако најдете потенок витропласт ( поеластичен) и со соодветен алат можете да направите крукчиња до дијаметар 5 мм.Овие крикчиња се електрично одвоени од плочката која во овој случај ке биде масата на уредот.Крукчињата со брз лепак ги лепиме на плочката и добиваме лемни точки.На нив лемиме калај ,а потоа и електронските делови.Од парчиња витропласт може да се направат и подножја за ИК.
Од  плочките витропласт може да се направат и добри ( на изглед) и функционални кутии за вашите конструкции .
Среќна и успешна работа и повеќе конструкции во 2016.

Offline frost5551

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Интересно, на ваков начин би можело да се направи брза и одлична плочка. Во секој случај одлична идеја која може да најде примена.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Menheten -конструкција за аматери и професионалци
« Reply #2 on 02.01.2016, Saturday, 02:14:47 (Edited 02.01.2016, Saturday, 02:21:15) »
Методот е особено добар за ВФ конструјции каде треба добро оклопувње на уредот,но е добар и за други намени (во НФ техниката). Еве како изгледаат кутии направени од витропласт: