Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:09:33
-
Ова е мој дизајн на пример за една NC машина која е контролирана со компјутер. Идеата на машината беше да направам машина која ке црта плочки место мене рачно и....за поголеми работи е сосема добра :D Еве слики и шемички од контролерите (и шемите се мој дизајн бај д веј).
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=19.0;attach=12741)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=19.0;attach=12743)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=19.0;attach=12745)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=19.0;attach=12747)
-
добра работа!
Уште ако можеш да и ставиш некое шило наместо фломастерот,да ја гребе плочката и имаш готова плоча! немора и во раствор да ја ставаш после,ама дали е можно тоа?
Ако можеш да пробаш види дали ке успее и одма ја правам! ;D
-
Механички не е доволно јака за да може да „греби“ или да глода прецизно под 1мм прецизност. Треба многу поубави навојни вретена да ти направат (овие се од дебојот за теписи за скали што се) и ако имаш поубави би требало прецизноста да е многу подобра.
-
Абе на сликава ко што гледам само X и Y оска имаш, а за горе долу,т.е Z?
-
на првата слика десно долу има едно каде што пишува кон глава
тоа е за алатот на него се крева и спушта
-
Некако сложен ми изгледа дизајнот ради користење на ПИК-ови. Ме интересира од каде ги набави степ моторите и по која цена ? Што софтвер користиш за контролирање ?
И јас планирам да правам една доколку ми се пружи шанса со слободно време, но со користење на L297 и L298 интегралци.
Поздрав.
-
Степ моторите се од стари матрични принтери (Epson). Софтверот за контрола е направен од мене. И јас сакав да користам интегралци за контрола од почеток но немаше кај нас да се набават... у ствари ми набавија на крајот ама веќе имав направено контролери со PIC и ем беа поинтелегентни ем ми останаа драјвер колата :)
-
Степ моторите се од стари матрични принтери (Epson). Софтверот за контрола е направен од мене. И јас сакав да користам интегралци за контрола од почеток но немаше кај нас да се набават... у ствари ми набавија на крајот ама веќе имав направено контролери со PIC и ем беа поинтелегентни ем ми останаа драјвер колата :)
Да... кај нас ги нема контролерите но би можеел да се порачаат од странство. Ме интересира, осовинките ги направи сам, ако не, од каде ги набави ? Истотака ме интересира каков е нивниот навој ?
-
Интересното кај машината е што е направена од делови кои можат буквално да се купат на пазар кај нас. Осовините се користат како затегачи за теписони за скали по куќите :D не се премногу прецизни но со финта (по 4 мутери на осовина) има релативно мала грешка од 0.1мм. Не е којзнае што бидејќи со куглични вретена може да се добие 10 до 100 пати поголема прецизност сепак требаше нели да се порачува се специјално од странство а ова беше проект да се направи нешто од „ништо“ а доколку се сака да се направи дизајнот професионално се разбира дека треба да се набави се ново од германија и да се прави.
-
Интересното кај машината е што е направена од делови кои можат буквално да се купат на пазар кај нас. Осовините се користат како затегачи за теписони за скали по куќите :D не се премногу прецизни но со финта (по 4 мутери на осовина) има релативно мала грешка од 0.1мм. Не е којзнае што бидејќи со куглични вретена може да се добие 10 до 100 пати поголема прецизност сепак требаше нели да се порачува се специјално од странство а ова беше проект да се направи нешто од „ништо“ а доколку се сака да се направи дизајнот професионално се разбира дека треба да се набави се ново од германија и да се прави.
Не ги знам тие осовинки... ќе треба да се распрашам по нашиве железари и да почнам да копам по стари печатари ;D
-
и јас сакав да правам CNC машина, ама па се одкажав заради тоа што нашиот пазар „изобилува“ со работи што ти требаат за CNC машина...имам еден поголем мотор....ми фалат уште 2(или 3) за сите мотори да ги накупарчам...па тогаш може да се прави некое CNC машинче...
иначе...ако сака некој такви моторчиња од епсон принтер...имам дома некој 4-5-6 моторчиња што така ми седат...па ако сака бизнис да правиме....
-
Кажи карактеристики на моторчињата и што цена би ги дал.
Немој само да ми кажеш „предложи цена“ :)
-
Ве молам во делот продавам/купувам купувајте/продавајте :) Имам и јас нешто мотори ке ги огласам таму.
-
Mozes li da snimis video da vidime kako raboti!!!
-
Ако може да потснимиш едно видео или некоја слика после цртањето.А плочата ја прицврстуваш ја стегнуваш со нешто или со обичен лепак салотеп ја лепеш по крајот.
-
Плочата се фиксира со дуплофан трака а лист со селотејп, за жал машината нема вакум-систем за да држи сама.
-
Jас да ти предложам нешто околу вакумот,да дупниш дупки на дрвото кајшто лежи плочката и одолу ако имаш простор стави од оние што се за шофершајвни ваденје клаванје вакум што прават,ги има во дебојот,еуротулс најчесто само треба да ги дупниш дупките спрема формата на вакум слушалките.
-
ама ќе му бега многу
му треба некој држач гумен кој ќе се лепи за плоча, односно кај дупките на плочата да ставиш гума за да може полесно да се фиксира
-
Нема потреба од гуми кај дупките тоа самото на него има гума и со вртење на рачето на него што се наоѓа се ствара вакум и ке се залепи за дрвото гумата од слушалката за вакум,а пак најсетне нека проба на едно парче дрво да не ги дупни дупките за џабе и ако е функционално ке го примени и на ЦНЦ машината :).
-
Ме итнересира по која цена ги набави транзисторите BDX53C и кое е нивното време на активирање затоа што не успејам да го најдам тој податок во нивниот даташит.
Истотака, овде користиш целосен чекор за ротација на моторите т.е. ги активираш редоследно A, A`, B, B` или ?
Пои.
-
BDX53C мислам дека беа по 30-40 денари парче ама не се сеќавам точно. Иначе времето на активирање не е сигурно премногу брзо бидејќи се работи за дарлингтон транзистор но сепак барем до 20MHz одат при осцилации што значи и не е лошо (доста брз дарлингтон транзистор, а далку побрз од кој било мосфет).
Околу степ моторите и нивна контрола:
Постојат биполарни степ мотори и униполарни степ мотори. Едните имаат 4 жици (биполарните) а другите (униполарните) 5 или повеќе. И двата типа на мотори имаат два основи мода на возење: full step (цел чекор) и half-step (половина чекор). Исто така постојат и два секундарни мода на работа а тоа се power step (моќен чекор) и quarter-step (четвртина степ, но моторите во овој режим веќе нема да имаат воопшто снага и овој мод многу ретко се користи). Чекорите се следни:
Униполарен степ мотор
-------------------------------
Жица 5 на минус.
Цел чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 1
2 2
3 3
4 4
Пола чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 1
2 1 и 2
3 2
4 2 и 3
5 3
6 3 и 4
7 4
8 4 и 1
Моќен чекор:
Чекор: Струја (плус) на жица:
1 4 и 1
2 1 и 2
3 2 и 3
4 3 и 4
Биполарен степ мотор
-------------------------------
Цел чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-)
2 3(+), 4(-)
3 1(-), 2(+)
4 3(-), 4(+)
Пола чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
2 1(+), 2(-)
3 1(+), 2(-) и 3(-), 4(+)
4 3(-), 4(+)
5 1(-), 2(+) и 3(-), 4(+)
6 1(-), 2(+)
7 1(-), 2(+) и 3(+), 4(-)
8 3(+), 4(-)
Моќен чекор:
Чекор: Напон на жица:
1 1(+), 2(-) и 3(-), 4(+)
2 1(+), 2(-) и 3(+), 4(-)
3 3(+), 4(-) и 1(-), 2(+)
4 1(-), 2(+) и 3(-), 4(+)
Се надевам дека е јасно и дека од ова ќе произлезе некоја нова машина (сакаме да знаеме каква).
-
Јасно ми е како работат степовите.
Уште транзистори да најдам ми фалат. Како и да е, ќе користам контролер кој ќе е дизајниран со помош на U/D Counter специфично CD4516 и демултиплексер за возење на степовите во целосен чекор т.е. full step - CD4028.
Јас заедно ќе ги напојувам, значи ќе ми е common Vcc на моторите каде што ќе имам Струен ограничувач ради првичното потеглување на струја од страна на калемите во степерот.
Машината во прв поглед ја правам ради PoC (Proof of Concept) и намената мислам дека ќе и е за некое минијатурно гравирање и обработка на ППК плочки.
Мотори имам 23LM-C057-02, 2,6V на 2.5A.
-
леле борче, господ здравје да ти даде за ова со чекориве....ептен си ме израдувал за тоа...а home position 0101 ли е или 1010?
-
леле борче, господ здравје да ти даде за ова со чекориве....ептен си ме израдувал за тоа...а home position 0101 ли е или 1010?
Каква Home Position ?
Ова не е серво.
-
Нема home position, можеш да почнеш од кој било број на чекор. Ако одиш во стилот: 1, 2, 3, 4 моторот врти напред а ако одиш во стилот 4, 3, 2, 1 моторот врти наназад.
-
Прво браво -закон е нема што
Второ нели треба соофветна програма за машинава да работи ?