Author Topic: испитување на фаза на трофазен штекер  (Read 8032 times)

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male

Не е работата да не ми треба таа жица нормално дека ми треба затоа е трифазен утикач.
Работата  е тоа што работам во ладилник и кога одиме да санираме некој дефект товарени сме како магариња и работиме од -18степени па нагоре и сега на таа температура качен на скала стоиш на мраз уште унимер или како што работиме ние со сиалици во серија ми треба сепак е подруго со фазомерме,ме разбирате нели.
Во ред сепак фала на сите одговори. ;)

за тие услови на работа значи ги проверувате греачите за топењето на мразот и вентилаторите во коморите. Ќе си направите некое помагало или на продолжен кабел за да брзо проверите, или најстара метода со две сијалици во серија, или чекајте да дојде Август па да се работите :) се шалам
поздрав

Offline masinist

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Вака ај провери колку ти е напонот помеѓу сите фази и нула или заземјување и пиши .
Денеска го мерев 89в.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Значи вака напонот помеѓу било кои две фази треба да ти биде 400 V а помеѓу фаза и нула и фаза и заземјување треба да бида 230 V освен ако не си во подрачје со слаб напон каде може да биде и помало . Значи следува да ги направиш овеи неколку работи :
Да измериш напон помеѓу секоја од фазите поединечно ако напонот помеѓу нив ти е 400 V значи дека немаш проблем со фазата  туку со нулата , ако на некоја не добиеш 400 V значи дека кабелот на некое место ти е оштетен (се допираат помеѓу себе)
Да измериш напон помеѓу секоја од фазите и нула ако не добеш над 210 V  значи имаш проблем со нулата ;

E па вака Напонот на сите три фази помеѓу себе си во ред 380в кога сите три осигурачи се воред за трофазни ел.мотори ретко користиме нула поцесто само заземјување. Она ѓто го напињав е напонот помеѓу фазата со изваден осигурач и нулата другите се во ред 220в.
За полесно да ти ги кажам  ги ставам фазите R,S,T во случај кога R е исклучена или азгорен осигурачот, изваден тогаш напоните помечу фазаите се вака R-S 170v R-T v270 S-T 380v

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
машинист ова што го пишуваш кажува дека имаш проблем најверојатно има некоја грешка во инсталацијата па ако си во можност да си пуштиш друг кабел и да не се малтретираш со ова пуштај и по можност од други осигурачи . а за тоа со трофазните мотори никогаш не се користи нула затоа што на помалите мотори обично звездиштето им се прави на местото за приклучок на струја (според тоа дали ќе работи во ѕвезда и тријаголник) па така да не им е потребна нула  ;)