Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: BorceBT on 03.12.2009, Thursday, 03:33:46

Title: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: BorceBT on 03.12.2009, Thursday, 03:33:46
Секој кој користел рачен алат на батерии (воглавно бормашини) е свесен дека батеријата не трае ни приближно колку што пишува во спецификацијата (1000 полнења или повеќе). Но, проблемот најчесто не е во тоа колку полнења сме направиле туку како сме постапувале према батериите. Најголем проблем имаат батериите во два главни случаи: Препразнување и Преполнување.

1. Препразнување: Имено што се случува. Секоја батерија на рачниот алат е составен од индивидуални батерии (келии). Кога најслабата келија ќе се потроши таа веќе не дава струја туку стои таму само како отпорник и низ неа тече струјата од другите батерии кои не се дотрошени. Со ова се појавува инверзен напон на батеријата и таа внатрешно врие и се препразнува и оштетува толку да наредниот пат е се послаба и послаба и во еден момент станува најслабата алка и батеријата глобално откажува (веќе таа батерија и како отпорник не работи).

2. Преполнување: Полначите за батерии што ги даваат со рачниот алат најчесто не се регулирани напонски и се составени од обичен трансформатор и една диода. Ова значи дека ако ја оставите батеријата подолго од предвиденото (а всушност и како би знаеле колку е предвиденото за одреден степен на истрошеност?) батеријата ќе се преполни, батериите ќе зовријат и се случува слично оштетување како горе споменатото.

Решение? Решението кое го смислив е едноставно и евтино (во споредба со купување на нова батерија или келии) и со сигурност ќе постигне вашата батерија да можете послободно да си ја дотрошите до крај па дури и да ја заборавите на полначот подолго од предвиденото со што би требало да ви трае барем двојно во поглед на полнења и празнења.

Шема:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=310.0;attach=62)

Како функционира шемата: Шотки диодите SR560 (или слични) се ставаат на секоја ќелија и ги штитат ќелиите од инверзен напон, едноставно поголемиот дел од струјата тече низ нив наместо низ батеријата кога келијата е празна. И второ зенер диодата која е ставена на целата батерија ја штити батеријата од преполнување со тоа што го држи напонот на максимум дозволениот. Не заборавајте дека зенер диодата мора да е од моќните (5W) иначе ќе изгори.
На шемата е прикажана вредност на зенер диода за батерија од 7.2V За да ја пресметате вашата зенер диода користете вредност 30% поголема од напонот на батеријата. Запамтете дека доколку нема соодветна зенер диода можете да комбинирате (да поврзувате редно повеќе диоди) се додека не го постигнете (отприлика) напонот кој го пресметавте.

На сликата подолу е прикажан батериски пак со залемени диоди:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=310.0;attach=66)
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: DX-er on 03.12.2009, Thursday, 12:43:32
одлична работа :) него ова да не требаше во VIP да биде?
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: LordZi on 03.12.2009, Thursday, 15:48:13
Хм, јас скоро секој ден употребувам акумулаторска бормашина и иако не сум приметил некое позначајно намалување на капацитетот на батеријата превентивно ќе го применам ова решение. Значи, за 12 волтна батерија зенерот би бил околу 15V/5W?
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: BorceBT on 03.12.2009, Thursday, 16:30:04
Да, така е. Таков зенер би требало да има на лагер по продавниците, ако нема ставаш неколку од по 1.3W паралелно ;)
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: Zdravkovski on 15.01.2010, Friday, 19:52:09
кога ќе бидам во можност ќе ја испробам методава па ќе пишам што сум направил
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: Bojan on 03.03.2010, Wednesday, 00:16:50
а луѓе знае некој кај се продаваат такви NiCd батерии што се за електричен алат??
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: BorceBT on 03.03.2010, Wednesday, 00:58:13
Тие што се на сликата се купени од Алфа електроник од Битола, специјално за таа намена се, Турско производство се но досега еве работат добро па се надевам дека ќе биде се океј.
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: Bojan on 03.03.2010, Wednesday, 01:16:05
што пари???
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: BorceBT on 03.03.2010, Wednesday, 01:56:12
Мислам дека беа над 100 денари парче ама не сум сигурен, прашај за сигурно.
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: Zdravkovski on 03.03.2010, Wednesday, 18:30:10
ако купиш со над 2000 мА сигурно се околу 150 ден а ги има и на тезгите на пазар
Title: Одг: Заштита на батерии за рачен алат
Post by: Devil on 03.03.2010, Wednesday, 20:45:34
со тие од пазар е проблем што незнаеш се каде стоеле
снег, дожд, сонце разни глупости
па му паднале некому, друго што се тотален фуш од негде купени по невидена цена а овај ти ги продава трипати повеќе, не дека во некои продавници се подобри, ама барем не се изложени на секакви временски непогодби и ќе траат малку повеќе