Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: MarkoMK on 08.01.2013, Tuesday, 19:53:06
-
Здраво. Ме интересира дали може на халогени сјалици кои работат на 12 волти (преку трафо) можам да ставам димер. Според некоја моја логика не би можело пошто димерот не „сака“ индуктивни товари.. Ако е така тогаш што е решението? Дали има посебни димери за вакви намени? ???
-
Ме интересира дали може на халогени сјалици кои работат на 12 волти (преку трафо) можам да ставам димер.
Може, ќе работи без проблем.
-
Па и пожелно е кај халогенки да се монтира димер... Исто добро е димерот не само полека да ја гаси, и полека да ја пушта сијалицата- ќе и се продолжи векот на траење....
-
но тој најверојатно ќе треба да биде монтиран на примар на трафото нели?
-
Да, на примар треба да биде.
-
Eве вака некако.А вторава шема е за димер на неонка.
-
не ми е јасно нели халогенките иако работат на 24 В тие се на наизненичен напон а не на прав
-
Да, тие работат на наизменичен напон, што е проблемот?
-
па проблемот е во тоа дека од шемата која е дадена погоре е дадена со грец.
-
Аха, сега видов, во секој случај нема проблем, исто ќе работи.
-
Здравковски,регулацијата е во примарот,а на секундарот трафото ке даде наизменичен напон од 0-24 V,Значи.само одстрани се во секундарот и трафото нека дава 24 V на секундарот.
-
батка не ми беше поентата дека си згрешил со шемата, само не сум имал прилика да работам со овиие халогенкиве и затоа е дојдено да недоразбирањето. Инаку се друго ми е јасно како финкционира и колото и шемата која си ја поставил, дури и на едно видео од емитер го видов димерот за неонки за кој лас лично мислев дека нема шанса да работи! ама како викаат една слика илјада зборови а тоа беше дури и видео :D
-
Не нема недоразбирање -ова сепак е шема за друга намена,за регулација на напон 0-20В едносмерен.Ама ми дојде прво до раце па затоа ја ставив,а за преправката се знае дека може да се направи и проверено ке работи.А за димерот за неонката- онака ја ставив ,колку да ја имате. ;D
-
Секако ќе работи со регулација за секоја сијалица од 24 волти, но ако е во прашање “халогена“,ефектот е кога е во номинално напојување, и кога стаклото е загреано околу 300 степени, и нема потемнување со долготрајна употреба на овие светилки со вжарено влакно.
-
Ако оди од нула до максимум и ги остави така ефектот ке биде постигнат,ама ако ги остави на помал напон тогаш ништо.Сепа,животниот век ке им се продолжи ако постепено се дига напонот при вклучување,за да имаат време да се загреат до максимумот.
-
Може и на еднонасочен напон да работат, па димерот на секундар после грецот и кондензаторите... Зависи за какава намена е халогенката- во кола нели работи на 12 ДЦ ?
-
за на ДЦ напон да работат ке тече поголема струја, ке треба да ставаш грец што тој ке грее па проблеми повеќе ке си правиш, затоа стави ги на АЦ напон и терај си :)
-
И тука си во право, сакав да кажам само дека постои таква можност.
-
Фала ви на одговорите, значи како што можам да заклучам можно е со обичен димер да се регулира, според шемата на батка, со тоа што треба паралелно на примарот да се врзе сјалица од 10 вати.
-
нај обичен димер можеш да ставиш, чичко ми работи како електричар и онакви нај обични димери става за такви работи...
-
Фала ви на одговорите, значи како што можам да заклучам можно е со обичен димер да се регулира, според шемата на батка, со тоа што треба паралелно на примарот да се врзе сјалица од 10 вати.
Не би требало да има сијалица на примар на трафото, не знам зошто е таму поставена. Димерот ќе работи и без таа сијалица.
-
Стави си сијалица ,за секоја сигурност.Нека има баласт