Абе многу погрешно го ставате она * полага за радио-аматер* :Никој не мора да полага за да биде радио-аматер!!!!Прво постојат приемни радио-аматери ( кои само примаат/слушаат врски SWL - не се полага испит и класа за ова!),потоа има радио-аматери-конструктори(кои конструираат уреди) радио-аматери оператори( кои одржуваат врски) ,АRG аматери кои се такмичат во *лов на лисица*,итд. Значи поимот радио-аматер е малку поширок! Врскарите во војска полагаат класа радио-оператор (порано се почнуваше од 3-та класа, а 2-та и прва веке беа професионални!!) За на брод треба да имаш операторска класа,ама тоа е малку подруг вид,каде важат и други правила и има други кратенки и спелување.
Споено мислење: [time]21 Декември 2011, 20:51:28[/time]
Друга приказна е што многу професионалци се и радио-аматери и додека пловат со брод,со авион или се во вселената,покрај професионалните одржуваат и радио-аматерски врски.Се разбира ,професионалните фреквенции се едни,а радио-аматерските се сосема на друго ниво и кај нив важат други правила во однос на професионалните фреквенции и врски