Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: GigaWatt on 21.12.2011, Wednesday, 00:37:15

Title: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: GigaWatt on 21.12.2011, Wednesday, 00:37:15
извинете, моја грешка. Антената е за кратки бранови, односно за 7 и 21МХз

Ама не ми е јасно, за што би ја користела војската таа антената batka што ја спомна, за радио-аматерство? Па нели само на цивили им е дозволено да бидат радио-аматери, или грешам?
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 21.12.2011, Wednesday, 07:02:06
грешиш друже, радиоаматери не се само цивили, тоа е за сите. NASA има радиоаматерска станица за комуникација со земјата, секој пилот што вози цивилен или воен авион е радиоаматер. Ако си заприметил на авионите на поранешен МАТ имаше Z3 ознаки, на воените авиони исто
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: GigaWatt on 21.12.2011, Wednesday, 11:33:24
Аха, ОК, не сум знаел ;).
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 15:30:11
извинете, моја грешка. Антената е за кратки бранови, односно за 7 и 21МХз

Ама не ми е јасно, за што би ја користела војската таа антената batka што ја спомна, за радио-аматерство? Па нели само на цивили им е дозволено да бидат радио-аматери, или грешам?


Izvinete za latinicata!Nemam moznost da smenam kirilica ;D

Ako procitavte vo postot imav crtez i podatoci za W3DZZ kako i za kos dipol.AT 5 e antena koja moze da se koristi od 500 Khz do 30 Mhz.Toa se postignuva so trapovite ili so izdolzuvanje ili skratuvanje na antenata.Znaci,ne se raboti za amaterska ili profesionalna antena ( vprocem takvi anteni veke kako klasifikacija ne postojat,bidejki veke i amaterite imaat *profi* anteni ;D)Se raboti za KT sirokopojasna antena! Edna od podobrite KT anteni.Ima prifatliv SWR  i se podesuva mnogu dobro so antenskata kutija koja doadja so nea.
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 18:23:45
Z31GH ова интересно е, значи космонаутите, пилотите на борвените и цивилните авиони се радиоаматери, молимте пиши кои уште од професиите се и радиоаматери?

73
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 18:29:34
Dx ер не се сите радио-аматери,некои се и професионалци.Има и радио-аматери - аматери и радио аматери,ама чија професија се поклопува со одржување врски,комуникација на разни нивоа итх.
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 18:31:18
да да па на тоа  и мислам, не викам дека радиоаматер треба да биде космонаут, туку кои други професии освен пилоти и космонаути треба да имат познавање или да бидат радиоаматери
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 18:35:02
да да па на тоа  и мислам, не викам дека радиоаматер треба да биде космонаут, туку кои други професии освен пилоти и космонаути треба да имат познавање или да бидат радиоаматери

Радио-аматери има лекари,наставници,психолози,знам еден  психијатар,пекар и машиновозач.Од сите професии.На ЦБ банд во УСА има куп камионџии,ученици,дедовци,баби,ренџери,терачи на коњи... ;D ;D
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 18:45:55
да да па на тоа  и мислам, не викам дека радиоаматер треба да биде космонаут, туку кои други професии освен пилоти и космонаути треба да имат познавање или да бидат радиоаматери

Радио-аматери има лекари,наставници,психолози,знам еден  психијатар,пекар и машиновозач.Од сите професии.На ЦБ банд во УСА има куп камионџии,ученици,дедовци,баби,ренџери,терачи на коњи... ;D ;D

во ред е тоа, но, лекарите и адвокатите не важат дека се блиски со радиоаматеризмот за разлика од космонаутите кои важат за блиски. Сега од колегата дознав и за пилотите. Ме интересира кои уште професии се блиски со радиоаматеризмот ?
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Devil on 21.12.2011, Wednesday, 18:52:31
врскарите во војската :)
сите се радиоаматери и работаат на одржување на радио врските (од поправка на репетитор па до зборање на токи воки :))

за да добиеш дозвола за капетан на брод МОРА да имаш положено радиоаматерски испит од А класа (така беше последно барем)


Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 18:52:51
Па, ти кажав- сите можни ! Има рибари на бродчиња,имам QSL карта од капетан на брод,од авто механичар ,од планинари,извидници,пекари,медицински сестри......да се чудиш- сите професии се опфатени.Радио-аматери има насекаде и (освен кај нас :D :D :D) на сите им е мило да кажат дека се  радио-аматери.
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 21.12.2011, Wednesday, 19:06:12
Точно така, Пилотите и космонаутите одат на обука за радиоврски која е задолжителна за нив. и тие имаат право да работат до 250 гхз, што значи сите фреквенции вклучувајќи ги и радиоаматерските фреквенции. Имаше авион на МАТ со ознака Z3AAA убаво го паметам.

Споено мислење: 21.12.2011, Wednesday, 19:08:45
А сте знаеле ли дека TITANIC имаше повикувачки знак MGY и двата врскари беа радиоаматери који ја пренесија SOS пораката преку телеграфија дека бродот тоне, aма мислам дека е најпаметно за овие муабети да отвориме нова тема
Title: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 19:10:52
Точно така, Пилотите и космонаутите одат на обука за радиоврски која е задолжителна за нив

еее па тоа ми беше зборот, бараме професии кои имаат и радиоаматерско во нив, значи мора да се радиоаматери, а лекарот и адвокатот и немора :D ;D да е радиоаматер
Title: Одг: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 19:24:28
Е,сега да не мешаме работи! Радио-аматер  е аматер кој ја сака радио техниката и тој може да има било каква професија!!
А,професии за кои зборувате ,сепак се блиску до професионалците! Има професии кои мораат да знаат и да се запознаени со телеграфија,познавање уреди,остварување на врски,потоа познавање на кодекс на врски итд. Да почнеш од полицајци,пожарникари,па до таксисти итд.Тоа се професии на кои им треба познавање од радио-врските,ама не значи дека се тие радио-аматери.Не мешајте радио-аматеризам со професии.
Title: Одг: за кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 21.12.2011, Wednesday, 19:37:58
Е,сега да не мешаме работи! Радио-аматер  е аматер кој ја сака радио техниката и тој може да има било каква професија!!
А,професии за кои зборувате ,сепак се блиску до професионалците! Има професии кои мораат да знаат и да се запознаени со телеграфија,познавање уреди,остварување на врски,потоа познавање на кодекс на врски итд. Да почнеш од полицајци,пожарникари,па до таксисти итд.Тоа се професии на кои им треба познавање од радио-врските,ама не значи дека се тие радио-аматери.Не мешајте радио-аматеризам со професии.
добро...

муабетот меѓу мене и Z31GH беше околу професионалците кои мора да положат и за радиоаматери.

иначе да, секако и хигиеничарот и претседателот може да се радиоаматери, тоа не го спориме
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 20:33:15
Дх-ер професионалците не полагаат за радио-аматери.Тие полагаат само класа за радио-оператори,обично А и Б лиценца,ама на Запад со таква лиценца се добива работа,па не е веке тоа аматеризам.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Devil on 21.12.2011, Wednesday, 20:36:13
зависи кој профиесионалци, врскарите во војсктата мора да имаат положено за радиоаматери (барем повеќето) а за капетан на брод исто мора да си радиоаматер
само мислам дека ова беше ограничено во зависност на тоа колку далеку одиш од брегот
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 21.12.2011, Wednesday, 20:47:56
Абе многу погрешно го ставате она * полага за радио-аматер* :Никој не мора да полага за да биде радио-аматер!!!!Прво постојат приемни радио-аматери ( кои само примаат/слушаат врски SWL - не се полага испит и класа за ова!),потоа има радио-аматери-конструктори(кои конструираат уреди) радио-аматери оператори( кои одржуваат врски) ,АRG  аматери кои се такмичат во *лов на лисица*,итд. Значи поимот радио-аматер е малку поширок! Врскарите во војска полагаат класа радио-оператор (порано се почнуваше од 3-та класа, а 2-та и прва веке беа професионални!!) За  на брод треба да имаш операторска класа,ама тоа е малку подруг вид,каде важат и други правила и има други кратенки и спелување.

Споено мислење: [time]21 Декември 2011, 20:51:28[/time]
Друга приказна е што многу професионалци се и радио-аматери и додека пловат со брод,со авион или се  во вселената,покрај професионалните одржуваат и радио-аматерски врски.Се разбира ,професионалните фреквенции се едни,а радио-аматерските се сосема на друго ниво и кај нив важат други правила во однос на професионалните фреквенции и врски
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 21.12.2011, Wednesday, 21:01:20
Сепак добра е темата и прашањето за који професии треба да се има радиоаматерска диплома. Има доста професии од који ние ги знеме само неколку. Врскарите мора да се радиоаматери и тие полагаат во војската или веќе доаѓаат како регрутирани врскари како спремни радиоаматери од порано. Полицајците не мора да се радиоаматери оти се ограничени на една фреквенција, пожарникарите исто. Е сега центарот за справувањер со кризи има радиооператори који се радиоаматери, пилотите веќе ги спомнавме, воените врскари исто. Таксистите не се радиоаматери оти користат фреквенции што не се во радиоаматерско подрачје, а и не смеат да ги користат радиоаматерските фреквенции за комерцијални цели

Споено мислење: [time]21 Декември 2011, 21:06:32[/time]
ах да, цивилните бродови, односно интерконтиненталните поморски бродови исто имаат радиоаматери како оператори, тие мора да се радиоаматери иако таму се користат и marine communication покрај радиоаматерска опрема, ама таа е VHF. Во случај кога треба да се побара помош од многу далеку се користи радиоаматерска опрема, замисли на сред океан да застане бродот, до ден денес се користи и телеграфијата за SOS. секој брод си има повикувачки знак.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 22.12.2011, Thursday, 16:16:11
* Полицајците не мора да се радиоаматери оти се ограничени на една фреквенција * :D :D :D :D Некои и немаат фреквенција  8) ;)

Споено мислење: 22.12.2011, Thursday, 17:42:34
*интерконтиненталните поморски бродови исто имаат радиоаматери како оператори, тие мора да се радиоаматери иако таму се користат и marine communication покрај радиоаматерска опрема, ама таа е VHF.*
Погрешно! Очигледно не си бил на брод и тоа прекуокеански.Овие бродови имаат 3 или 4 нивоа на телекомуникации,сателитски телефони,телепринтери,КТ и УКТ опрема.Имаат GPRS ,имаат сателитско наведување и позиционирање и врските воопшто не се изведуваат на КТ опсезите,Меѓутоа,операторите се дааалеку од радио-аматери,туку се 100% професионалци.Велам,меѓу нив има и радио-аматери кои повремено (само повремено!) се јавуваат на аматерските подрачја и прават вези на КТ или УКТ. Сепак,СОС сигналот не се емитува рачно ,ами постои *emergency radio komunikation system * кое е нешто како црна кутија кај авионите и автоматски се вклучува и емитира независно од сите други системи.Тоа е автоматски независен систем со батерија која може 12 часа да емитува и под вода ако е бродот потонат.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 22.12.2011, Thursday, 23:21:28
Имаат GPRS
што ке му е GPRS кога нема GSM? Да не мислиш на GPS ?


*emergency radio komunikation system * кое е нешто како црна кутија кај авионите и автоматски се вклучува и емитира независно од сите други системи.Тоа е автоматски независен систем со батерија која може 12 часа да емитува и под вода ако е бродот потонат.
ако бродот потоне, нема шанса сигналот да се фати од дното на океанот па се до површината а камо ли до сателит освен ако не емитува на VLF подрачјето кое е на неколку херци ама за тоа треба антена колку од кај мене до кај тебе :)
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 22.12.2011, Thursday, 23:50:54
Да,мислев на GPS !Грешка во пишувањето.
Како комуницираат подморниците? Има шанси да се фати сигналот и од друг брод и од сателит.И во вода и во ваздух.Впрочем се користат други врсти на емисија а не CW,SSB или RTTY. Има многу други начини на комуникација ,отворени,затворени,заштитени и незаштитени.Русите имаат свои,Американците и НАТО свои.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 23.12.2011, Friday, 00:04:19
Околу подморниците, комуницираат преку VLF на неколку херци па така за да пратат една кратка порака која е во дигитална форма треба да емитуваат во просек по 15 минути. Антената им е жица поставена од почеток до крај на подморницата и секако има нешто што ја компензира импедансата да не треба антена колку од Скопје до Велес. Друг начин е со ултразвук и поставување на примопредавателни станици под морињата ама овој начин не е толку ефикасен и мислам дека и не се користи. Иначе сигналите од неколку херци нема шанса да ја пробијат јоносверата за да стигнат до сателитот па така ако некој брод забележи добро, ако не на здравје.

Колку за информација, верувале или не, 60Hz се слушаат кај нас! Ај погодете од кај иде тој сигнал ?
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 23.12.2011, Friday, 06:03:24
Колку за информација, верувале или не, 60Hz се слушаат кај нас! Ај погодете од кај иде тој сигнал ?

60 хз...уффффффф појма немам, ама знам дека некоји часовници преку радиосигнал се подесуваат да се секогаш на точно време, можеби мислиш на тоа

Споено мислење: 23.12.2011, Friday, 06:43:54
* Полицајците не мора да се радиоаматери оти се ограничени на една фреквенција * :D :D :D :D Некои и немаат фреквенција  8) ;)

Споено мислење: 22.12.2011, Thursday, 17:42:34
*интерконтиненталните поморски бродови исто имаат радиоаматери како оператори, тие мора да се радиоаматери иако таму се користат и marine communication покрај радиоаматерска опрема, ама таа е VHF.*
Погрешно! Очигледно не си бил на брод и тоа прекуокеански.Овие бродови имаат 3 или 4 нивоа на телекомуникации,сателитски телефони,телепринтери,КТ и УКТ опрема.Имаат GPRS ,имаат сателитско наведување и позиционирање и врските воопшто не се изведуваат на КТ опсезите,Меѓутоа,операторите се дааалеку од радио-аматери,туку се 100% професионалци.Велам,меѓу нив има и радио-аматери кои повремено (само повремено!) се јавуваат на аматерските подрачја и прават вези на КТ или УКТ. Сепак,СОС сигналот не се емитува рачно ,ами постои *emergency radio komunikation system * кое е нешто како црна кутија кај авионите и автоматски се вклучува и емитира независно од сите други системи.Тоа е автоматски независен систем со батерија која може 12 часа да емитува и под вода ако е бродот потонат.

ок се согласувам со тебе со оглед дека не бев на брод никогаш, знам дека имаат и дигитални системи за комуникација, најверојатно КТ-то е како бекап и последно нешто што би се употребило ако сите останати системи паднат
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: DX-er on 23.12.2011, Friday, 12:48:07
60 хз...уффффффф појма немам, ама знам дека некоји часовници преку радиосигнал се подесуваат
Не, часовниците се подесуваат на 77,5КХз од предавател стациониран во Франкфурт. 60Hz е струјата во Америка чиј сигнал се гледа на спектрален анализатор. За нашава струја 50Hz да не збориме :)
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: GigaWatt on 23.12.2011, Friday, 13:23:19
Не, часовниците се подесуваат на 77,5КХз од предавател стациониран во Франкфурт. 60Hz е струјата во Америка чиј сигнал се гледа на спектрален анализатор. За нашава струја 50Hz да не збориме :)

Ама тоа го има секаде околу нас, електроамгентно зрачење од мрежата за напојување, пипни осцилоскопска сонда со прст, ќе видиш каков сигнал ќе добиеш на екранот ;D, наизменичен (малку изобличен ;D) со фреквенција од 50Hz и напон Vpp од околу 2, 3V ;). Ама во тој сигнал нема ништо кодирано, тој е само мрежен напон, ништо преку него не се пренесува. Порано се има користено за синхронизирање на вертикалниот отклонски степен кај телевизорите, ама одамна не се користи тој систем.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: stefan1984 on 26.12.2011, Monday, 20:58:55
Кај нас каде може да се научи основа за радио аматер ?
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Devil on 26.12.2011, Monday, 21:14:30
во некој радиоаматерски клуб
телекомуникации на школо, само што таму не се учи за радиоаматери него баш за телекомуникации, како се добива сигналот, како се модулира демодулира и такви некој технички информации
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 27.12.2011, Tuesday, 08:12:43
Македонија нема доволно организирана структура за организирана обука на радио-аматери оператори ( така би требало да е полниот наслов за овој тип на аматери!).Чест на поединци и некои клубови,ама мислам дека кога Сојузот на Радио-аматери се оддели од Народна Техника ,некако замре и таа педагошка активност.И полагањата се некако * про форме*,барем така ми се чини.Се учат прашања напамет,а и не сум сретнал некој млад надежен телеграфист веке подолго време.Што би рекол Гига - извините ако грешам-,ама мислам дека реално зборувам.
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 28.12.2011, Wednesday, 23:00:46
@stefan1984

Оди во најблискиот радиолкуб, во темата „радиоаматери општо„ е све објаснето
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: ivica.s on 29.12.2011, Thursday, 13:39:25
Не, часовниците се подесуваат на 77,5КХз од предавател стациониран во Франкфурт. 60Hz е струјата во Америка чиј сигнал се гледа на спектрален анализатор. За нашава струја 50Hz да не збориме :)

Ама тоа го има секаде околу нас, електроамгентно зрачење од мрежата за напојување, пипни осцилоскопска сонда со прст, ќе видиш каков сигнал ќе добиеш на екранот ;D, наизменичен (малку изобличен ;D) со фреквенција од 50Hz и напон Vpp од околу 2, 3V ;). Ама во тој сигнал нема ништо кодирано, тој е само мрежен напон, ништо преку него не се пренесува. Порано се има користено за синхронизирање на вертикалниот отклонски степен кај телевизорите, ама одамна не се користи тој систем.

И плус фреквенцијата на мрежата не е ни оддалеку доволно стабилна за часовник по нејзе да се синхронизира. Порано имало некои електрични часовници кои тоа го правеле, ама тогаш на луѓето изгледа не им се брзало толку како денеска.  :D
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: GigaWatt on 29.12.2011, Thursday, 14:08:03
И плус фреквенцијата на мрежата не е ни оддалеку доволно стабилна за часовник по нејзе да се синхронизира. Порано имало некои електрични часовници кои тоа го правеле, ама тогаш на луѓето изгледа не им се брзало толку како денеска.  :D

Па претпоставувам дека поради тоа и се има напуштено тој начин на синхронизација ;). Не е доволно прецизен ;).
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: Z31GH on 07.01.2012, Saturday, 15:25:35
Значи за горе наведениот наслов можам да речам дека за некоји професии во склоп на обуката за таа професија им спаѓа и радиоаматерска обука како и испитот
Title: Одг: За кои професии треба да се има и радиоаматерска диплома ?
Post by: batka on 07.01.2012, Saturday, 15:31:48
Пак да те исправам : За некои професии е потребен операторски испит ( значи познавање уреди,потоа кратенки, спроведување на врска со одредени протоколи ,познавање (или не!) на телеграфија,телепринтер или друг облик на комуникација ).Во ниедна спецификација за работно место или работни задачи не стои дека треба да има радио-аматерска обука ( во ниеден Службен весник такво нешто не постои).Друго е што 95% од професионалците започнале како радио-аматери!