Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: pande2007 on 29.12.2010, Wednesday, 22:27:27

Title: Ми треба Напојување за свичеви
Post by: pande2007 on 29.12.2010, Wednesday, 22:27:27
Имам мрежа ЛАН од отприлика 100 свицеви е сега моментално тие се напојуваат од 220в со адаптери оригиналини на 9 в наизмницно.
Сакам да пуштам напон по кабелот 60-70 волти од трансформатор,која волтажа ке оди до свичот е сега таму ми треба некој трасформатор со стабилизатор со влезна волтажа пример од 20-60 в а излез 9в нименично.
Ако некој има решение пишете
Title: Одг: Pomos okolu trasnformator.
Post by: DX-er on 29.12.2010, Wednesday, 22:58:48
Здраво
Прочитај ги правилата

Забрането е пишување на латиница... прекуцај го постот на кирилица и поправи го насловот према правилата (се е убаво обаснето) во спротивно темата ке биде отстранета

Правилата:
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0
Title: Одг: Pomos okolu trasnformator.
Post by: Malecko on 29.12.2010, Wednesday, 23:18:33
Тоа да најдеш трафо,обично,како оние од пазар и секундарниот да не го чепкаш,да ги оставиш тие 9V,а примарниот да го отмоташ и да ставиш нова жица со мерења да дојде за да може да работи на 70V,или па со одмотување... ;) :)
Title: Одг: Pomos okolu trasnformator.
Post by: GigaWatt on 29.12.2010, Wednesday, 23:35:07
Може и со пропорции да се стигне до саканиот напон, ако на влез имаме 220V, а на излез толку и толку волти, колкав напон ќе имаме на излез ако велзниот напон ни е 70 или 80V. И според пресметките, ќе добиеме колкаво трафо ни е потебно (приближно). На пример, за 220V напон на примaр, некое трафо на секундарот ни дава 24V, значи за напон на примар од околу 70V, ќе дава напон на секунар од околу 8V (третина од излезниот напон). Значи според овие груби пресметки, ти треба трафо кое на излезот ќе дава напон од околу 25V за да при влезен напон од 70-80V добиеш излезен напон од околу 9V (наизменичен).
Title: Одг: Напојување за свичеви
Post by: Bojan on 30.12.2010, Thursday, 03:20:04
да, добра е идејата на гига, тие имаат некој сооднос на напоните, на пример ако на примар има 220V а на секундар 110V значи односот помеѓу примарот и секундарот е 2:1, значи ако на примарот има 2V на секундарот ке има 1V, тебе би ти требало трафо со однос на намотките 7,8:1 ако имаш 65V на примар, на секундар ке добиеш ~8.3V, а за тоа ти треба трафо со напон на секундар од ~28V (мислам дека стандардна вредност на трафо е 24V, ама не ме земај за збор) какво трафо ке ти треба зависи од тоа колкав напон мислиш да донесеш на примар...а можеби ке ти треба и малце експериментирање за да добиеш напон колкав што сакаш...
Title: Одг: Напојување за свичеви
Post by: GigaWatt on 30.12.2010, Thursday, 03:59:19
Може дури и во серија да врзе два тансформатори (на пример, примар со примар, секундар со секундар) за да го добие потребниот напон ;), ако не може да најде трансформатор со пресметаната вредност (ако е некоја нестандардна).
Title: Одг: Ми треба Напојување за свичеви
Post by: MarkoMK on 30.12.2010, Thursday, 15:03:30
Имам мрежа ЛАН од отприлика 100 свицеви е сега моментално тие се напојуваат од 220в со адаптери оригиналини на 9 в наизмницно.
Сакам да пуштам напон по кабелот 60-70 волти од трансформатор,која волтажа ке оди до свичот е сега таму ми треба некој трасформатор со стабилизатор со влезна волтажа пример од 20-60 в а излез 9в нименично.
Ако некој има решение пишете
Зошто бараш едниот трансформатор да биде, на пр. 220/70 V а другиот трансформатор бараш да биде од 20 на 9 V?
Ако биде првиот од 220/70 вториот треба 70/9 V.

Незнам што подразбираш под „трансформатор со стабилизатор“ ама ако мислеше на исправувач нема да ти треба пошто сакаш наизменичен излез на 9 V.

Решението е едноставно, само со трансформатори се изведува. Ќе обратиш внимение на моќноста - големиот трансформатор треба да е доволно моќен да ги „храни“ сите помали што ќе бидат приклучени.

А напонот од 70 В планираш да го пушташ по истите водови за податоци или ќе си има посебен вод за нив?
Пошто ако идат преку истите жици треба најверојатно некои филтри да ставиш. :)