Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Bojan on 21.12.2010, Tuesday, 00:48:31

Title: зашто електроника???
Post by: Bojan on 21.12.2010, Tuesday, 00:48:31
ме интересира зашто се станале баш електроничари, зашто сте одбрале баш електроника, а не некоја друга област на занимање (музичари, компјутерџии т.е. “хакери„), знам дека некои не се само електроничари, него се занимаваат и со други работи (како мене, се занимавам со столарија, електроника, електрика, механика) и од кога сте почнале да се занимавате со електроника.
Јас почнав од 6-7одд кога брат ми стигна во коце 2ра година и ми носеше плочки, ми кажуваше некои интересни работи за електрониката, па почнав да си експериментирам со сијалички некои и електромагнетот од 8мо одд што го имаше направено и како си поминуваше времето си засакав електроника и почнав сам да си правам некои плочки, да разбирам шеми, кое делче како се поврзува, па си правев некои безвезни работи со 555ка, бројачи и лед диоди (ептен сакам лед диоди, може да се каже дека секој ден наоѓам нивна примена...само немам пари за да купам па да направам тоа што сакам... :( ). а електроника сакам затоашто со малце мислење може да направиш многу корисни, интересни работи, кога чепкам електроника си се опуштам, колку и да сум напнат, електрониката ме опушта најдобро (и возење точак, ама која будала вози точак ова време???) и заради тоа сум електроничар, па која е вашата приказна зашто сте станале електроничари???
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 21.12.2010, Tuesday, 00:50:44
Лелееееее, од кај да почнам, од електрониката или од музиката... дека поврзани беа, затоа :S.

Премногу има, некогаш друг пат ако се најдеме ќе ви раскажам ако сакате ;).
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Bojan on 21.12.2010, Tuesday, 00:53:03
ај де, пиши тука...па кога ке се видиме детали ке раскажуваш...  ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: bicikle on 21.12.2010, Tuesday, 01:07:31
Ја напишав во "запознавања... " инаку и јас сакам да возам бицикла, или точак, како сакте...   :) :) :)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Malecko on 21.12.2010, Tuesday, 01:07:37
Jaс слично сум како Бојан ;D.Јас од 5-то одд почнав со електрониката,ептен ми беа интересни „глупостите“ што спаѓаат во електрониката,а да не правиме муабет за ЛЕД диоди :D.Исто и на мене,братучед-ми ми даваше некои плочки,од порано што му останале од тие комплетите по ОТП,па нешто сам се учев(99% самоук :D),ептен малце татко ми,ми објаснуваше некои основни поими(да не ставам шајки у штекер и да ги фаќам со раце :D :D).По право,татко ми е електротехничар-инсталер,па така шат пат и по малце „генетски“ ми влегло ама па различно хах.Ехх ја електроничар уште од мал сум,кога сите лепеа чамци и кајчиња во 5-то одд,ја правев трепкачи со ЛЕД,па тие „детектори“ на влажност...Еееептен добра наставничка имав во основно,која ни предаваше отп.Цело време ми даваше да си влагам таму у кабинет,па ќе затворам врата,ќе распалам тоа лемилицата и терам да праиме астабилни мулти вибратори хах :D.Ептен добро,на крај на 8-мо ми имаше дадено 3 тона делови,овие отпорничиња од 470 оми,транзистори BC547-548 мал милион ми имаше дадено,а па за ЛЕД да не ви зборам :D.Сепак интересна наука е,и не престанува да те изненадува(кога ќе те мавне струја :D),секогаш наоѓаш интересни проекти-предизвикувачки,ова за мене што да ми влезе у мозок,не излага дур не го направам :D.Е тек после станав „мањак“ по ова high voltage shit-овите :D,ептен и тоа е интересно,ама за кого како,некој има „језа“ да не го мавне/лупне струја,ама па за мене тоа правило не важи,ја терам...Тоа сплит трансформаторите мајката им ја еб*вам,до сега може имам изгорено едно 50 такви,и па не ми доаѓа памет хах ;D.Интересно е,кај и да се свртиш е електрониката,ако ти влезе „чивијата“ нема бегање. ;) ;D А фатиш леткум у рака,не го пушташ така лесно. ;) Ете ја мојата кратка сторија,иначе кога ќе има форумска збирнака,има да се отепаме до 5 сабајле од раскажување ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 21.12.2010, Tuesday, 01:33:34
ептен малце татко ми,ми објаснуваше некои основни поими(да не ставам шајки у штекер и да ги фаќам со раце :D :D)

хахахахахахаахах ;D ;D ;D ;D ;D ;D... и мене исто ми викаа... хахахахаахахахах ;D ;D ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Malecko on 21.12.2010, Tuesday, 01:38:55
ептен малце татко ми,ми објаснуваше некои основни поими(да не ставам шајки у штекер и да ги фаќам со раце :D :D)

хахахахахахаахах ;D ;D ;D ;D ;D ;D... и мене исто ми викаа... хахахахаахахахах ;D ;D ;D
Море ќути што се неам правено,мене господ ме чува хах ;D.Како мал едно 10 комада од оние малине моторчиња,во колички што ги има,на 4,5 волти што работат,е на тие џигерите им ги извадив,све у штекер лупај ги :D(ѕвер),ќе поврти 3-4 секунди и ќе се скува ;D,остај што ќе пукне,и што има опасност од струја него и ѕидот црн го правев,е за тоа на дебело плаќав аххахаха ;D ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Bojan on 21.12.2010, Tuesday, 02:22:53
хахаха со тоа шајките ме потсети...значи мајка ми и баба ми кај нас правеле торта, и мешалките ги извадиле и ми ги дале јас да ги лижам (мајка ми ми има кажувано, па затоа вака пишувам), сум ги излижал и фаќање мешалките у штекер...и среќа мешалките се допреле една со друга и направиле спој, мене не ме степало струја... :D електроничар уште од мали нозе :D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: bicikle on 21.12.2010, Tuesday, 02:28:35
за мене најголема среќа и детска радост било ставање на предмети во штекер, што ќе ми дојт при рака и мавање на играчки од земја(патос). За играчките и така и така, ама за штекерите имам одено 3 дена со модри раце-така ми имаат кажано моите, не се сеќава, а и  сега може д се најде некој зафрлен штекер(за некој регал) лепен со салотејо од поширокине, со повеќе слоеви  :D :)
А да, животна желба ми беше да ги ставам иглите од баба ми во еден трофазен штекер, ама сега имат радијатор-за парно пред него  :(
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Sajko on 21.12.2010, Tuesday, 11:52:36
Мене ме интересираат општо сите гранки: електроника, електрика, механика, информатика, возење, машинистика, столарија, лимарија.........
Кога требаше да се запишам средно од дома ми викаа за економско или гимназија, орце николов.. ама самиот си избрав ПТТ.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: VLATKO* on 21.12.2010, Tuesday, 12:15:45
и јас се запознав во 8 оделение со електрониката и одма ми стана интересна,кога дојде време да се запишувам во средно сакав во гуц да се запишам мехатроничар,ама моите не ме пуштија,па си се запишав ел. и телекомуникации во птт.Од електорникава највише со аудио техника а во последно време се заразив и со микро контролериве па ке видиме следно шо ке биде  ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: DX-er on 21.12.2010, Tuesday, 12:25:41
интересно, значи во 8мо по ОТО сте работеле електроника? Дали има некој на форумот, кога правеа АМ предаватели по во 8мо одделение?
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 21.12.2010, Tuesday, 12:58:03
интересно, значи во 8мо по ОТО сте работеле електроника? Дали има некој на форумот, кога правеа АМ предаватели по во 8мо одделение?

Мислам дека во тие кит комплетите немаше АМ предаватели... барем мислам, не ме земајте за збор, или јас постара генерација сум, па за мене немало :S.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: DX-er on 21.12.2010, Tuesday, 13:11:45
интересно, значи во 8мо по ОТО сте работеле електроника? Дали има некој на форумот, кога правеа АМ предаватели по во 8мо одделение?

Мислам дека во тие кит комплетите немаше АМ предаватели... барем мислам, не ме земајте за збор, или јас постара генерација сум, па за мене немало :S.
имаше такви предаватели за тие што беа 8мо одделение во 1997/98 година.
После тоа веќе немаше АМ предавател во комплетите
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Malecko on 21.12.2010, Tuesday, 13:39:25
Кога требаше да се запишам средно од дома ми викаа за економско или гимназија, орце николов.. ама самиот си избрав ПТТ.
Мој чоек :D ;) 8)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: SKOLS_OLD on 21.12.2010, Tuesday, 14:02:16
со електроника т.е. со аналогната кога беше "најжешка",се запишав на Народна Техника,тогаш се имаше таму во однос на денес што немаат ништо интересно(за жал >:()Од второ полугодие на 2 одделение се запишав таму,почнавме одма да правиме склопчиња.Па прво нешто електроничар што треба да го има е напојување со еднонасочен напон,тоа ми беше прв проект.Одвај го чекав моментот да започнам со 5-то одделение и да почнам да се натпреварувам.Електроника незнам зашто избрав,но јас си претпоставувам кога отидов со мајка ми во Народна Техника одма во училницата за електр. влегов.А да ставам предмети разни во штекери,немам такво нешто правено. ;DМене ми било страв да работам со наизменична струја дека еден ден го буткав утикачот од едно старо радио и ми пукна,па затоа и до ден денес се плашам(не до толку).Не сега да не брцнам утикач во штекер туку да поправам некоја работа.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: batka on 21.12.2010, Tuesday, 15:36:20
интересно, значи во 8мо по ОТО сте работеле електроника? Дали има некој на форумот, кога правеа АМ предаватели по во 8мо одделение?

Мислам дека во тие кит комплетите немаше АМ предаватели... барем мислам, не ме земајте за збор, или јас постара генерација сум, па за мене немало :S.
имаше такви предаватели за тие што беа 8мо одделение во 1997/98 година.
После тоа веќе немаше АМ предавател во комплетите

Имаше,имаше... Ја превзедовме таа шема од хрватски школски учебник.Тие во ЈУ беа многу напред,осовено Средното техничко во Загреб и Вараждин.Сите мислите дека можеби Словенците беа * перјаницата* во екс-ЈУ,ама јас тврдам дека хрватите имаа подобар образовен систем ;DЈас сум *крив* за таа шема ;),која Дх-ерот упорни ја бара.Имам во подрум некои хрватски книги од тоа време,ама треба да барам.Со еден транзистор мислам беше,имаше калем со 2 намотки.... Јас македонската електроника ја воведов во осмо одделение далечната за вас 1990 година,кога во комплетите за 8-мо одделение НТ Велес ,за прв пат стави електронска плочка и делови со кои на универзалната плочка се правеа 4 уредчиња.Тоа беше сензација (верувајте! :D :D :D) и за пошироката *околина*.Хрватите и Србите имаа конструкторски кутии за работа,а ние имавме комплет*еден за еден*-значи секој ученик имаше своја плочка и делови.Имавме среќа,малку не спонзорираше ЕУРОТЕК од Алдинци со плочките,делови од Турција,Бугарија и Русија( да! ;D ;D ;D) земавме. Иначе јас почнав со комплетот РК 160 од ПК *Никола Тесла * од Белград со некои 9 години и бев кај братучед ми во Белград еден месец за распуст и посетував курс.Тоа беше некаде  1972-3 година,не се секавам баш!  :( Кутијата беше со шасија од лесонит ,со дупки,на кои се монтираа федерчиња и на нив се вметнуваа изводи од електронски елементи.Книгата беше * Мала школа електронике*,првите изданија ;)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: SKOLS_OLD on 21.12.2010, Tuesday, 16:32:15
ја имам таа книга,првиот дел.
Еве слика (http://pic.mk/thumbs/photo01292945775.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01292945775.jpg)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 22.12.2010, Wednesday, 14:37:27
ја имам таа книга,првиот дел.
Еве слика (http://pic.mk/thumbs/photo01292945775.jpg) (http://pic.mk/?v=photo01292945775.jpg)

Епа ако е добра, дај да ја скенираме ;) (преку PM ќе се договориме ;)).

Sorry за off-topic дискусија ;).
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: SKOLS_OLD on 22.12.2010, Wednesday, 14:41:41
па може,ако имаш време.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 15:07:23
имам јас некоја ваква книга во пдф треба точно да проверам да не е оваа, да не се мачите бадијала
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: batka on 22.12.2010, Wednesday, 16:05:10
За кое издание се работи?! ;D Мојата беше 1971 година :D :D :D :D :D :D :D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 16:10:58
Мојата е со некој интегрални на слика не е таа што ја покажа погоре
оваа е мојата
(http://pic.mk/images/mse.)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: batka on 22.12.2010, Wednesday, 16:14:43
Ова е Девил многу поново издание.Овие првите имаа и ламби (докупив некој КИТ со една ламба!),ама не и интегрални кола,само транзистори и тоа најчесто АФ261,271,АС530,540,550...... ;D ;D ;D Знае ли некој нешто за овие транзистори!? Срам да Ви е- не знаете???? ;D ;D ;D ;D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 16:25:43
се тоа германиумски се :)
гледаш дека и ние знаеме
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: SKOLS_OLD on 22.12.2010, Wednesday, 16:39:36
Девил книгава од каде ти е?дај стави линк да ја симнам.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: ivica.s on 22.12.2010, Wednesday, 16:50:22
Ова е Девил многу поново издание.Овие првите имаа и ламби (докупив некој КИТ со една ламба!),ама не и интегрални кола,само транзистори и тоа најчесто АФ261,271,АС530,540,550...... ;D ;D ;D Знае ли некој нешто за овие транзистори!? Срам да Ви е- не знаете???? ;D ;D ;D ;D

Како не знаеме, АФ261 е германиум транзистор и тоа за висока фреквенција 8)



Во врска со темата,  и јас се заразив најмногу со електроника од тој комплетот по ОТП.
Најпрво почнав со (многу) едноставни работи,  првата работа што ја направив беше електрично коло со батерија од 4,5 волти, прекинувач мрзливец и сијаличе за батериска лампа  ;D ;D ;D и ова се случи кога имав 8 години.

Сакав истото да го направам за 220 волти (со поголема сијалица) ама татко ми не ми дозволи  :D :D :D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 16:54:43
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3348.new#new (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=3348.new#new)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: batka on 22.12.2010, Wednesday, 17:14:22
За првото издание на комплетите по ОТП сите шеми ,слики,скици беа цртани на рака со рапитографи.Да ја споменам првата петорка : Јулијана ,Роза,Мила,Владо и мојата маленкост. Ги * везевме * тетратките три месеци х 10 часа дневно!!!  Идеите за шемите,поставеноста,осмислувањето и конечно готовите модели беа мои.Дизајнот беше на Роза и Владо (архитекти се! :D ;)) ,а ментор ни беше г.Крсте Василевски,мој пријател кој беше Инспектор по предметот ОТП на ниво на Македонија.Прва званична промоција направивме во Скопје во просториите на НТ во Карпош ( на Партизанска) .Имаше * неверници* ,како дете не може тоа да го сработи за два часа,де ке се изгореле ;D,де немало доволно штекери во училниците :D :D :D.Донесовме две деца од Велес( едното беше шесто одделение ,а девојчето осмо!!!) Тие за 40 мин. го направија мигавецот!! Момчето сега работи во СК во ТЕАК Макпетрол (електроинжинер),а девојчето е магистер по економија ! (Колку да се знае!!! ;D ;D ;D ;D)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: bicikle on 22.12.2010, Wednesday, 18:11:42
a првата книга
Code: [Select]
http://pic.mk/?v=photo01292945775.jpg е во план да се постави... И ако сте во можност другите делови од "Mala skola elektronike" ...
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: cekaj on 22.12.2010, Wednesday, 19:33:06
Првпат се запознав со електрониката 7-мо - 8-мо, кога по физика за задача добивме да направиме проект со сијалички, поврзани паралелно и сериски. Кога го предадовме проектот, наставничката ме праша дали сакам да одам на натпревар и јас прифатив, направив еден аларм и со него го освоив првото место на локалниот натпревар. После бев и на државен каде што освоив 6-то место. После тоа паузирав со електрониката некое време, поточно една година, не знам зошто, но ѝ се вратив во втора година, кога на училиште имавме пракса. Дури тогаш научив некои работи, за кои сум немал поим дотогаш. Иако сега во трета пракса имаме автоматика и енергетика, јас си продолжив да се занимавам со електрониката и не мислам да ја оставам ;D.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Devil on 22.12.2010, Wednesday, 19:46:10
Ако ви кажам јас нема да верувате, затоа краток ќе сум :)
првпат со електроника се запознав кога имав 4-5 години
знам тогаш имавме 2-3 ламбаши телевизори дома кој не работеа, па зедов ги растурив и со ламбите си играв, пред се убаво пукаа не оти знаев јас шо се тоа :)
после тоа негде кон 3-4 оделение почнав со моторчиња да си играм и со отпорници, тогаш забележав дека отпорникот сериски со моторот намалува брзината, не знаев јас дека прави пад на напон..........
после тоа негде во 5-6 незнам точно кое оделение кога почнав по интернетот да се движам
почнав малку поактивно со електроника, татко ми ми донесе од германија едно лемило и паста за лемење, а јас успеав да најдам од кај едни пријатели дискетни единици, па ги растурав и вадев делови (кој се уште ми стојат така ), па почнав да се самоедуцирам дека од кај мене од фамилија нема никој електроничар, па читаф книги меѓу кои „TV prirucnik za vas“
кај шо имаше убаво објаснето за некои делови па така да почнав и да ги разбирам шемите малку што е што ... па се до ден денес каде што се занимавам со микроконтролери :)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: MarkoMK on 22.12.2010, Wednesday, 20:35:40
На мене изгледа ми било предодредено да се занимавам со електроника. Од предшколкска возраст ме интересирало, иако дома не сум имал некој да работи со тоа.
Прво, сум почнал со растурање. Радија, грамофони, се тоа имам „поправано“, и притоа многу пати ме има дрмано струја...
Кога тргнав во школо ми купија од Бугарија комплет се викаше „електро пионир“ - имаше моторче, зујалка, сјаличка, прекинувач, и ситни работи и се правеа некакви кола.
Јас секако ги комбинирав со компонентите извадени од радијата и се обидував да направам нешто.
После тоа во 5-то одделение се запишав на секција по електроника и таму почнав „посериозно“ со предавателчиња, детектори, напојувања...
Некаде кога бев 7-мо одделение (1996) го открив Емитер кој ми беше еден вид патоказ, и од тогаш до денес само неколку броја имам пропуштено, а доста склопови кои сум ги изработил се од таму.

Инаку ги имам книгите „Мала школа електронике“ и „Радиоприемници“, а ја имам и шемата за АМ предавателот за која зборувавте.

Батка: Знам за тие транзистори кои ги наведе, само јас кога ги барав да правам (негде 1993 год) веќе не се произведуваа.  :)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: DX-er on 22.12.2010, Wednesday, 20:48:13
Инаку ги имам книгите „Мала школа електронике“ и „Радиоприемници“, а ја имам и шемата за АМ предавателот за која зборувавте.
Би било супер ако ја ставиш на форум
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: MarkoMK on 22.12.2010, Wednesday, 20:52:51
Инаку ги имам книгите „Мала школа електронике“ и „Радиоприемници“, а ја имам и шемата за АМ предавателот за која зборувавте.
Би било супер ако ја ставиш на форум

Обавезно ја ставам, штом отидам до работилницата  :)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Syrus on 23.12.2010, Thursday, 23:45:59
Ај јас сега, епа вакаа, со електроника почнав да се занимавам во 5-6 одделение, под таа електроника спаѓаа лед диодите и електромоторчињата кои што ги обожавав и го растурав секое радио со касети само за да извадам електромоторче па макар и радиото да е исправно со нив правев секакви склопчиња, потоа почнав со ламбички почнав да ставам на точакот со батерија и прекинувач, потоа во 7-8 одделение почнав со поозбилна електроника кога на школо почнавме да правиме склопови на плочки кои воглавно беа со еден или два кондензаторчиња 2-3 отпорници и лед диоди потоа почнав да експериментирам со нив и ми беше многу интересно, една година паузирав се додека не дојдов 2ра година техничко каде што се запознав со елементите и нивната функција па почнавме со склопови паа почнав и низ дома сам и сега се усовршив, иако сега на пракса учам автоматика и автоматизирани процеси електрониката не планирам да ја запоставам, таа е веќе дел од мојот живот...... што да каже човек а да не заплаче....... :D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 24.12.2010, Friday, 01:11:13
Ако ви кажам јас нема да верувате, затоа краток ќе сум :)
првпат со електроника се запознав кога имав 4-5 години

Јас знам дека јас на таа возраст со електромоторчиња си играв, напред назад, поспоро (со помалку батерии ;D), побрзо (со повеќе батерии ;D) ;).
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Bojan on 24.12.2010, Friday, 01:27:57
Ако ви кажам јас нема да верувате, затоа краток ќе сум :)
првпат со електроника се запознав кога имав 4-5 години

Јас знам дека јас на таа возраст со електромоторчиња си играв, напред назад, поспоро (со помалку батерии ;D), побрзо (со повеќе батерии ;D) ;).

тоа ми беше пронајдок на годината, додека најдам првин на колку батерии работи изгорев неколку (која будала би ставил моторче на SMPS напојување за халогенки???) па после неколку изгорени моторчиња најдов дека работи на батерија од “тие коцкастите„ или 4,5V што се (ги има ли и денес да се продаваат тие???) па напред-назад, па поврзување на батерии и мерење напон на нив...ехеее...времиња беа тоа...
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Malecko on 24.12.2010, Friday, 01:55:53
Ако ви кажам јас нема да верувате, затоа краток ќе сум :)
првпат со електроника се запознав кога имав 4-5 години

Јас знам дека јас на таа возраст со електромоторчиња си играв, напред назад, поспоро (со помалку батерии ;D), побрзо (со повеќе батерии ;D) ;).

тоа ми беше пронајдок на годината, додека најдам првин на колку батерии работи изгорев неколку (која будала би ставил моторче на SMPS напојување за халогенки???) па после неколку изгорени моторчиња најдов дека работи на батерија од “тие коцкастите„ или 4,5V што се (ги има ли и денес да се продаваат тие???) па напред-назад, па поврзување на батерии и мерење напон на нив...ехеее...времиња беа тоа...
Ги има ги има,ѕирни по пазариве и во овие продавнициве по големки што се,веро,тинекс,супер тинекс и ќе најдеш.А имаш мислам дека и во тобако :D ;)
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: MarkoMK on 24.12.2010, Friday, 02:29:03
Ако ви кажам јас нема да верувате, затоа краток ќе сум :)
првпат со електроника се запознав кога имав 4-5 години

Јас знам дека јас на таа возраст со електромоторчиња си играв, напред назад, поспоро (со помалку батерии ;D), побрзо (со повеќе батерии ;D) ;).

тоа ми беше пронајдок на годината, додека најдам првин на колку батерии работи изгорев неколку (која будала би ставил моторче на SMPS напојување за халогенки???) па после неколку изгорени моторчиња најдов дека работи на батерија од “тие коцкастите„ или 4,5V што се (ги има ли и денес да се продаваат тие???) па напред-назад, па поврзување на батерии и мерење напон на нив...ехеее...времиња беа тоа...

Еј, да тие батериите коцкасти беа најдобри за експериментирање... :) имаа убави изводи можеше лесно да се врзе жица за нив.. Неколку пати ми се случувало да ја оставам краткоспоена преку некоја жица и утредента да ја најдам празна..

Инаку сега се сетив, како мал пронајдок ми беше кола, имаше моторче и јас направив да оди и напред и назад со 2 микропрекинувачи (со „мирни“ и „работни“ контакти).
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Bojan on 24.12.2010, Friday, 03:18:13
да да, тие батерии ми беа основна “опрема„ за напојување додека не го направив мојот прв стабилизатор :D
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Syrus on 24.12.2010, Friday, 10:21:37
Ааа и заборајв да ми кажам, во 7мо одделение растурив едно појачало од антена и во кутијата го оставив трансформаторчето но без грец уствари сите елементи ги исфрлив и си го оставив само трафото внатре на излез добив многу волти, незнаев да измерам аама кога ке ставев диода гореше, работеше добро со сијалица од камион..и ден денес така стои
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: GigaWatt on 24.12.2010, Friday, 13:37:35
да да, тие батерии ми беа основна “опрема„ за напојување додека не го направив мојот прв стабилизатор :D

Море јас уште во старт го земав адаптерот од нинтендото ;D. Си викам „што ќе купувам батерии цело време, повеќе пари за сладоледи ќе имам“, хахахахахаах ;D ;D ;D.
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: Syrus on 24.12.2010, Friday, 23:30:36
Ааа мислиси дека само ти  :D и јас така дури го прегорив и после си купив од заштедата друг и тоа со регулација :P
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: MarkoMK on 25.12.2010, Saturday, 01:23:17
Еве ја шемата за АМ предавателот што го баравте:

(http://pic.mk/images/semapr1293236930.jpg)

А овде се упатствата за работа:
Code: [Select]
http://www.box.net/shared/cy2b155e59
Во вториот фајл има и шема за АМ приемник (од истиот прирачник е), ја скенирав и неа бидејќи таму е опишано како се прави калемот (а може некој ќе сака да направи и АМ приемник, што знам  :)).
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: DX-er on 25.12.2010, Saturday, 02:10:48
Марко фала ти многу за шемата, оваа шема ја барам со години. Благодарение на тебе ја имам шемата.  Ке ја правам обавезно. реп+  :)
Поздрав и секое добро
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: MartinSk on 28.12.2010, Tuesday, 01:35:14
па искрено зашто баш електроника ни самиот незнам...кога бев многу мал постојано се врткав со дедоми те да поправаме пеглата на баба, те масината за перење те колата итн итн...сето тоа ми стана многу интересно многу жици штрафчиња...кога имав 5 години решим да ја сменам сијаличката од елката ж, имав дома резерва и ајде да сменам(извади ја расипаната вметни ја исправната)многу просто ама не видов дека има "гола" жиза и ме удри струја...ее како вчера да беше мајками секој ден ме прска со спрејови на рацеве а тие цели со дупки и изгорени хахах после тоа почнав со моторчиња, со лед диоди па се до денес каде што се занимава со се поврзано со електрониката :))
Title: Одг: зашто електроника???
Post by: aleksandar94 on 16.02.2011, Wednesday, 00:24:21
зашто електроника??? хм па интересно прашање јас ја сакам електрониката затоа што таа е една од науките чиј татко е човекот, во неа нема место за многу филозофии и се е точно и прецизно утврдено па за крај се може да се научи што е напишано од човек!