Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 00:59:41

Title: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 00:59:41
Може ли некој да ми даде шема за предзасилувач за ДВД вуфер со 1 влез / 1 излез бидејќи плеерот не работи (мислам дека ласерот е ојден, но не ни мислам да го поправам). Звучките од по 10W се преклучуват на вуферот па затоа мислам дека предзасилувачот може да ми заврши работа (ако сум грешка поправете ме). А сигналот сакам да го зимам од комјутер, телефон...На форумот потражив нешто што би можело да ми заврши работа но ненајдов ништо..  :)
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: GigaWatt on 07.12.2013, Saturday, 05:50:32
Ласерот на DVD плеерот не работи? Можеби може да се преправи да му се носи обичен стерео сигнал. Пиши модел и производител ;).
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: MarkoMK on 07.12.2013, Saturday, 09:18:11
Што вика Гига, пиши модел да видиме. Потшо еден другар исто има вуфер од ДВД и дирекно му носи сигнал од компјутер без никаков предзасилувач.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 11:31:28
DVD Player HT435E.. Јас знам дека ласерот му е ојден но и далинското исто така не работи така да незнам колку ке ми се исплати да го поправам.. Па затоа и потражив шема за предзасилувач.. Дома пробав да земам сигнал од мали звучки (најобични од 3W). Излезот од вуферот го боцнав на звучките на местото на слушалките одлично пее но ме стра малите звучки да не ги изгорам..
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: MarkoMK on 07.12.2013, Saturday, 11:54:31
Малце е нејасно. Излезот од вуферот си го споил со сигналот од звучниците?  ???
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 12:47:44
Вака.. На вуферот имам 2 бананки(така да ги кажам) кој се уклучуваат на ДВД плееро (има слика во прилог подолу а местото каде што ги улклучувам бананките од вуферот на ДВДто е доле лево ќоше ). Но јас на малите звучки ја користам само едната бананка другата е за ниските фрекфенции мислам (не сум сигурен). А на самите звучки имам место за слушалки да уклучам и на тоа место јас ја ставам таа бананка !!!

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/17614269_2_800x600_rev001.jpg)
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: GigaWatt on 07.12.2013, Saturday, 17:59:42
Кинеско плеерче се разбира ;D. Плеерот се води под Neo DVD-HT435E. Е сега, другите прашања ;).

Јас знам дека ласерот му е ојден но и далинското исто така не работи така да незнам колку ке ми се исплати да го поправам..

Се се контролира преку далечинското или има команди и на плеерот? Има ли Aux влез и ако има, дали е стерео или 5.1? Дали може рачно (без далечинско) да менуваш меѓу изворот на звук (DVD, FM, Aux...)?

И ако може слики со малку поголема резолуција, препорачливо со фото апарат. Ќе ни требаат слики и од плочките и компонентите внатре за да пробаме да најдеме шема од плеерчево ;).
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 19:25:53
Во прилог го има ДВД како изгледа однапред. Што излези има веке ставив слика. Иначе нема АУКС влез но каде што се приклучуваат бананките од вуферот на ДВДто пише 5.1ch.Дополнително ке ставам слики од внатрешноста на ДВДто и слики од тоа како изгледа однапред и одпозади !!

Code: [Select]
http://prodavalnik.com/dvd-player-neo-dvd-ht435e-i17384643
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/dvd.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo-0022.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo-0027.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo-0024-1.jpg)

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo-0025-1.jpg)
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: batka on 07.12.2013, Saturday, 19:59:55
Кодирај линкови Петрушев!!
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 20:05:31
Извини заборавив а иначе batka ти си ја постирал оваа шема:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10219.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10219.0)
и ќе може ли да ја искористам како предпојачало за вуферот (го има во прилог), а ДВД уопште да не му се мучам да го оправам ??

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/vufer.jpg)
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: batka on 07.12.2013, Saturday, 20:07:46
Можеш слободно.Линкови за теми од Форумот не се кодираат,а овој надворешниот линк поврати се и кодирај го!
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: LordZi on 07.12.2013, Saturday, 20:13:11
5RuseV, земи под хитно прочитај ги правилата и применувај ги во иднина, ова твоето пишување не личи на ништо, ниту линкови кодирани, ниту слики ставени како што треба, ниту темата отворена кај што треба, и тоа не ти е првпат, цело време досега некој трча по тебе да ти ги средува постовите...
Ова сфати си го како опомена, следниот пат ако не се како што треба постовите ќе ти одат директно во канта...
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 07.12.2013, Saturday, 20:20:35
Добро .. Но ств незнам како да кодирам некој линк.. А што се однесува до пишувањето што му фали ??  ;D
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: GigaWatt on 08.12.2013, Sunday, 06:25:50
Што се однесува до сликите.

2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

Upload-ирај ги сликите на екстерен host но не ги вади од attachments, тоа е наша работа. Ако ги извадиш од attachment, се губи врската меѓу името на сликата и кодираното име кое скриптата и го дава на сликата и потоа не може да се лоцира сликата на серверот и не можеме да ја избришеме. Стои, ама никој не знае под кое име стои. Значи, кратко и јасно, upload-ирај ги сликите на екстерен host и не ги вади од attachment на post-от. И не се чуди ако ги upload-ираш на imageshack или на некој друг host кој не е photobucket или tinypic, а си го видиш edit-иран post-от со други линкови до сликите на photobucket.

Инаку, квалитетот на сликите е катастрофа, скоро ништо не се чита од нив. Напоменав дека е пожелно е сликите да бидат направени со дигитален фото апарат, а не мобилен телефон ::).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SHOT0755.png)

Не го спомнав ова за џабе, ми требаше да видам некои податоци од сликите кои не може да бидат толку прецизни ако сликата е направена со мобилен телефон.

Што се однесува до кодирањето на линковите.

Еве како правилно да ги кодирате вашите линкови:

(https://i.imgur.com/Ss1l0rh.gif)

Значи не е важно само да направите copy/paste туку треба линкот и малку да го уредите.
Со ова ќе се добие да не се спамира и да не се рекламираат туѓи форуми, страни, портали
а и е своевидна заштита од хакери. Плус тоа вие самите ќе се заштитите од понатамошни расправии со администаторите / модераторите  ;D

Линкови кој водат до некој одреден дел во форумот не мора да се кодираат, исто така не мора да ги кодирате линовите од видеа (пр од youtube )

Инаку со последната слика всушност ми ја разјасни ситуацијата. Засилувачот е во woofer-от, така? Епа ако е таква ситуацијата, повторно ќе те прашам, дали DVD плеерот има стерео (не 5.1) Aux In или не? Сликај или пиши. И ако има, дали може рачно да бираш кој влез ќе биде активен (DVD, FM, Aux), без далечинско.

Прашањава не се поставуваат за џабе. Колку повеќе информации имаат членовите кои сакаат да ви помогнат на располагање, толку е полесно за нив да ви помогнат. Со слики со лош квалитет, сликани од мобилен, без адекватно осветлување, без блиц, во вакви ситуации (Кинески no name брендови) не може да ви помогнеме. Од една страна сакате помош, но од друга, не одговарате на поставените прашања и барања ::). Не се чудете ако не добиете одговор.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: dimce on 08.12.2013, Sunday, 10:39:50
Може ли некој да ми даде шема за предзасилувач за ДВД вуфер со 1 влез / 1 излез бидејќи плеерот не работи (мислам дека ласерот е ојден, но не ни мислам да го поправам). Звучките од по 10W се преклучуват на вуферот па затоа мислам дека предзасилувачот може да ми заврши работа (ако сум грешка поправете ме). А сигналот сакам да го зимам од комјутер, телефон...На форумот потражив нешто што би можело да ми заврши работа но ненајдов ништо..  :)

Како прво дај да видиме дали имаш аукс на двдто може да имаш приклучоци AUX1 AUX2.На некои двд пише TV1 ,TV2 на место AUX1 AUX2 тоа е исто ама доволно да те збуни.Пробај стисни на двд-то SOURCE освен DVD RADIO што друго ти се појавува на дисплејот.Пиши пред да пробуваш нешто не експериментирај.
Ке може ли слика од вуферот да го видам па ке правиме нешто.Да видам прво со што си имам работа.Имам преправано слично на ова вуферче кај еден мој пријател.Бананката има повеке поделоци така? епа акое така тогаш на едниот крај ке оди банана во вуфер а на другиот крај ке треба да се исечат бананките и да се стават пинови од некое старо двд извадени од плочката.Да не го осакатуваме вуферот на него дирекно да се дупи на капакот.Ај дај слика да видам од позади на вуферот што има.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 08.12.2013, Sunday, 14:31:43
Епа вака  Гига јас не располагам со дигитален апарат морав да сликам со тел пошто немав со што друго но ништо не се гледа решив детално да нацртам слика од тоа како изгледа вуферот од позади како што бараше и Димче мислам дека ке ви заврши работа (сликата е подолу изложена), а засилувачот е во wooferot. Иначе ДВДто нема никаков AUX ни ти пак TV1 или ТV2. Неможе да се мењава рачно кој влез да биде активен. Иначе Димче кај мене вуферот FR, FL и CEN ја прават една бананка (зелена е), а SR,SL и SW ја прават другата бананка(црна) и потоа тие 2 бананки одат на плеерот. На ДВДто нема никакво SOURCE. А ако сакате може да ги нацртам и другите слики така како оваа (но кажете ми кој дел од ДВД то така да го нацртам овака)...
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: dimce on 08.12.2013, Sunday, 14:37:28

Ако го имаш ова на него тогаш е лесно ставаш копчето на 2,1 CH и ставаш на FL и FR и пуштај.Ако сакаш сите звучници да ти сваират оти вака по правило свират преден лев и преден десен се прави преправка се става редуцир од еден машки пин во два женски се става и на FL и FR истото го правиш и за Rear L i Rear L.Значи 4редуцира .Машкиот пин се става на FL а другиот редуцир на FR доводот од двата пина од компјутерот го носиш на двата редуцири едниот го буцкаш во едниот редуцир а другиот пин во другиот редуцир ке ти останат слободни две места од двата редуцира по еден женски пин таму ставаш кабелче со два пина 1,5метра во нив (тоа ке ти служи за едниот за Rear R  Rear L довод за звук)едниот крај од пиновите ти оди во редуцирот значи земаш од FL и FR и носиш со кабелчето на Rear R  Rear L (ги преспојуваш со тој редуцир) за вуферот и за центарот се прави миксета едниот зема од Редуцирот од Rear L а другиот од Rear R плусовите од двата канала идат преку електролити 10мф и 10килома отпорници.Краевите на двата отпорници се врзуваат и прават сума од двата канала тие се прават два пина машки па одат во SW I CENTAR.Копчето тогаш се става на 5,1CH и ти свират сите.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 08.12.2013, Sunday, 14:45:42
Quote
Ако го имаш ова на него тогаш е лесно ставаш копчето на 2,1 CH и ставаш на FL и FR и пуштај.
Како и што да ставам на FL и FR и каде да пуштам. Може малку појасно ???
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: batka on 08.12.2013, Sunday, 14:51:36
Дајте,нацртајте како кој мисли,па да дисутираме.Колку што разбрав само појачувачот работи а не и ДВД плеерот.Има ли влезови кои се контролираат со далечинско?
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 08.12.2013, Sunday, 14:55:45
Нема никакви влезови кои со далечинско можат да се контролираат.. Но иначе и далечинското не работи.. Мора да земам исто такво или има и универзално далинско за ДВД ???
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: dimce on 08.12.2013, Sunday, 15:00:01
Quote
Ако го имаш ова на него тогаш е лесно ставаш копчето на 2,1 CH и ставаш на FL и FR и пуштај.
Како и што да ставам на FL и FR и каде да пуштам. Може малку појасно ???

Го пушташ копчето на вуферот 2.1CH, Ставаш кабелче Мала банана во пинови , пиновите ги ставаш на FL i FR пушташ вуферот во струја а бананата во компјутерот на местото на слушалките и толку.Не гледам нешто што не е јасно.Ке ти свират вуферот и двата предни звучници само а за да свират сите ке треба преправка.Која ја објаснив малку погоре.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 08.12.2013, Sunday, 15:04:51
Ке пробам и ке ви кажам што сум направил.. Ни иначе кога ке го уклуам влезот во PC има многу маса, а од телефон не..
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: dimce on 08.12.2013, Sunday, 15:09:51
Ке пробам и ке ви кажам што сум направил.. Ни иначе кога ке го уклуам влезот во PC има многу маса, а од телефон не..
Ке си купиш квалитетен кабел Банана во 2 пинови направи како што ти кажав ке ти работат двата предни звучници и вуферот.Ако ти задоволува и така ти брка работа терај ако не ке треба да се ставаат редуцири за да свират сите звучници.од двд-то пиновие и каблите ги исфрлаш  не треба да бидат во спој со него вуферот треба да биде неутрален...... и после поврзуваш со компјутерот инаку може само бела да си направиш ДВД-ТО испаѓа од игра веќе.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: batka on 08.12.2013, Sunday, 15:20:22
Kaков и да купи кабел ,кога ке приклучи РС ке се јави брум.Потребно е раздвојување на масите и специјално направен кабел со два трафои.Мислам дека имав шема за тоа постирано!Друго што и да направиш,ке имаш брум директно од РС.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 08.12.2013, Sunday, 15:33:29
Хмммм... Тоа некако ми е несигурна работа незнам можеби и грешам но ипак мислам дека препојачалото највеќе ке ми заврши работа .. А иначе batka дали мислиш за постот предпојачало за woofer и сателит? И ако е таа тогаш двата звучниците нема да одат на вуферот тука на предпојачалото а вуферот исто така ке оди на предпојачалото ???
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: GigaWatt on 08.12.2013, Sunday, 17:27:16
Ти ги цитирав еднаш правилата за post-ирање на слики на форумов и пак си тераш по свое. Втор пат ќе ги цитирам, сега гледај да ги прочиташ ::).

2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина. Во оваа група спаѓаат сликите кои се наменети за теми во секцијата „Огласи и понуди“, слики чија цел е забава на членовите на форумот и слики од комерцијални електрични уреди кои сакате да ги поправите или презентирате на форумот. Во оваа група не спаѓаат шеми, слики од некои навистина ретки компоненти или електронски уреди. (Правилото се исклучува доколку администрацијата на форумот процени дека треба да биде исклучено во конкретната ситуација.)

Преправи си ги post-овите како што претходно опишав.

Upload-ирај ги сликите на екстерен host но не ги вади од attachments, тоа е наша работа. Ако ги извадиш од attachment, се губи врската меѓу името на сликата и кодираното име кое скриптата и го дава на сликата и потоа не може да се лоцира сликата на серверот и не можеме да ја избришеме. Стои, ама никој не знае под кое име стои. Значи, кратко и јасно, upload-ирај ги сликите на екстерен host и не ги вади од attachment на post-от. И не се чуди ако ги upload-ираш на imageshack или на некој друг host кој не е photobucket или tinypic, а си го видиш edit-иран post-от со други линкови до сликите на photobucket.

Сликај го овој дел од DVD плеерот.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/17614269_2_800x600.jpg)

Ако има она што мислам дека го има, а не можеш на DVD плеерот рачно да бираш Source, DVD плеерпт под мишка, на пазар и барај си ново далечинско. За овие Кинескиве треба да имаат. На лице место приклучи го и провери кое работи, скоро сите пазарџии ќе ти ја направат оваа услуга. Повеќе од 100 денари нема да те чини.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: batka on 08.12.2013, Sunday, 18:01:08
Хмммм... Тоа некако ми е несигурна работа незнам можеби и грешам но ипак мислам дека препојачалото највеќе ке ми заврши работа .. А иначе batka дали мислиш за постот предпојачало за woofer и сателит? И ако е таа тогаш двата звучниците нема да одат на вуферот тука на предпојачалото а вуферот исто така ке оди на предпојачалото ???
Батка,многу работи измеша и врке не знам од каде да почнам-прво-ако правиш пп ти треба и појачувач за двата канала за сателитите и еден моно малку поголем за вуферот.Сеуште не разбрав дали твоето појачало во ДВД-то функционира и како?Ако функционира оди на некој влез што работи,поврзи извор на сигнал,а зв.врзи ги на него.
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: danix01 on 08.12.2013, Sunday, 21:50:10
некој двдиња подржуваат aux-in и преку скарт конекторот
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: 5RuseV on 09.12.2013, Monday, 01:10:34
Quote
Батка,многу работи измеша и врке не знам од каде да почнам-прво-ако правиш пп ти треба и појачувач за двата канала за сателитите и еден моно малку поголем за вуферот.Сеуште не разбрав дали твоето појачало во ДВД-то функционира и како?Ако функционира оди на некој влез што работи,поврзи извор на сигнал,а зв.врзи ги на него.
Значи појачалото е вградено во wooferot и на него е приклучен бас звучникот кој се наоѓа во самиот woofer ,а пак звучниците се уклучуваат на wooferot. Претходно имам ставено слика и објаснето за wooferot што излези има, јас кој ги користам ...
Quote
Епа вака  Гига јас не располагам со дигитален апарат морав да сликам со тел пошто немав со што друго но ништо не се гледа решив детално да нацртам слика од тоа како изгледа вуферот од позади како што бараше и Димче мислам дека ке ви заврши работа (сликата е подолу изложена), а засилувачот е во wooferot. Иначе ДВДто нема никаков AUX ни ти пак TV1 или ТV2. Неможе да се мењава рачно кој влез да биде активен. Иначе Димче кај мене вуферот FR, FL и CEN ја прават една бананка (зелена е), а SR,SL и SW ја прават другата бананка(црна) и потоа тие 2 бананки одат на плеерот. На ДВДто нема никакво SOURCE. А ако сакате може да ги нацртам и другите слики така како оваа (но кажете ми кој дел од ДВД то така да го нацртам овака)...
Title: Одг: Предзасилувач за ДВД вуфер!
Post by: GigaWatt on 09.12.2013, Monday, 06:06:47
Очигледно не читаш што пишувам. Темата оди под клуч.