Маската заедно си дојде со плочката, друга идеја немав како да ја монтирам, гледав што помалку да бушам и да правам отвори на кукиштето + гледав место за трафото да има.
...
п.с. Giga
Како што те разбрав, требаше маската да ја ставам точно во центар!? Или?
Ако правеше своја маска, нема да има уште кој знае колку повеќе дупки. Можно е да нема ниедна повеќе, зависи како ќе ја изведеш.
Како прва опција, на пример, можеше да ја изведеш со дебела самолеплива хартија во некоја боја (жолта, зелена или некоја друга, која сакаш, по избор). Ако е доволно дебела хартија, не мора ни да е самолеплива, може да биде и обична, па да ја залепиш со некој лепак. Спомнувам „ако е доволно дебела“ бидејќи ако не е, кога ќе го ставиш лепакот, може да пробие од другата страна и да изгледа како да е мокра на местата на кои е ставан лепакот :S. Ако е дебела, од моето досегашно искуство, барем со потенок слој Неостик, не пробива од другата страна
. За да ја заштитиш од надворешната страна, може да ставиш леплива проѕирна фолија. Не знам која е цената, ама барем јас лично, никогаш немам купено, а место леплива фолија, користам проѕирен селотејп. Е сега, проблем е само тоа што, поради големината на предната маска, ќе треба да ставиш два или три реда и да пазиш да не направиш набори или воздух да не влезе, ама и да влезе, лесно се решава и тоа
, ќе направиш мало дупче со игла на местото на кое се направило балончето и ќе се испушти воздухот, потоа само ќе го стиснеш салотејпот на тоа место и готово
. Ако мислиш дека проблем ќе ти бидат дупчињата на таа страна од ATX куќиштето, не се секирај, под подебела хартија нема да се познаваат, ниту пак ќе ги осеќаш при стискање
. Евентуално може да ставиш мало лимче од внатрешната страна на дупката од каде излегуваат каблите за ATX-от и да го залемиш за самото куќиште. Ако сакаш да биде во ниво со предниот панел, направи лимче со адекватни димензии (големо колку дупката од прилика), постави ја кутијата од таа страна на работна маса, намести го лимчето на местото на дупката (за да биде во исто ниво, во иста рамнина со остатокот од лимот) и пак леми
. Нема да се познава ништо, ќе видиш
. А ако сакаш ептен профи да биде, може и кај дупките за ладење на ATX-от да нашибаш калај и потоа да го стругаш со гравирка дур не дојде до исто ниво (рамнина) со лимот
.
Ова е лесно изводливо во домашни услови. Се разбира, има и многу подобри и поскапи решенија. На пример, може целосно да го извадиш лимот од предната страна (од страната на маската), да оставиш мал дел за шрафење на долната страна и да ставиш ново алуминиумско или железно парче, да го изгравираш со CNC или ласерски (може и со сито печат да го правиш, како сакаш) и потоа тоа се да се зашрафи за остатокот од кутијата
. Најверојатно ќе треба и да го закривиш горниот дел за шрафовите, за што ќе ти треба и апкан.
Како што пишав, овие изведби веќе бараат помош или услуги од други луѓе, така да, онаа изведба што ја пишав прва мислам дека ти е најдобро решние во домашни услови, а и не е скапо
. Ти треба само дебела хартија, лепак, ласерски печатач, селотејп и стрпливост
.
Бојата не ја бирав, тоа што имав по дома, со тоа фарбав
Без разлика, не си ја оставил металик сребрена
. А и налепниците си ги извадил колку што видов
.
Како и да е добредојдени се сите критики, сепак ова ми е прв DIY проект.
А, епа добро тогаш, се простува
. Бидејќи си подолго време на форумов, мислев дека и нешто друго имаш правено, ама поради X причини, не си го презентирал
.
Ајде, со среќа нека ти е и секој нареден нека ти е подобар од претходниот
.
Разгледав во темата „кинески лемни станици“, сликите од Zan веќе ги нема, а чинам дека нема поставено за предна маска никаде.
Пиши во темата или пиши му на Zan ПП, ако сеуште го чува CDR фајлот (претпоставувам во Corel ја има работено предната маска), сигурен сум дека ќе ти го прати фајлот
. А ти ако сакаш, потоа може да си го преправиш и по твој терк, ако нешто не ти се допаѓа
.
@LordZi: Сега го забележав тој 380V-ниот извод. Инаку да, во право си. Ама може и само да го одлеми тој вод од ушката, да го свитка и да стави малку подебело панцир црево околу него и на крај панцир цревото да го залепи со супер лепак за некој дел од трафото (по можност, некој дел кој не е метален
).