Македонски форум за електроника

Помош за форумот => За потенцијалните и новите членови => Topic started by: DX-er on 19.01.2010, Tuesday, 17:00:10

Title: Како да прикажете слика на форумот
Post by: DX-er on 19.01.2010, Tuesday, 17:00:10
Кога треба да ставите слика заедно со вашето мислење на форумот имате неколку алтернативи:

1. Да ја ставите на надворешен сервер за слики,
2. Да ја ставите сликата како додаток во вашето мислење.

Еве едно објаснување како да закачите слика на надворешен сервер за слики која ќе може да ја презентирате пред другите членови:

Значи ја отварате погоре прикажаната интернет страница и треба да стиснете на "Разгледај" и ја барате сликата што сакате да ја прикачите. Потоа стискате ОК па кликате на "Прикачи" и причекајте се додека не ви се појави вашата слика на екранот. Потоа под сликата ќе видите "мала слика за форум" и до тоа некој линк. Тој линк го копирате на форумот каде што пишувате коментари и стискате "испрати" и ако сте направиле како што е погоре објаснето сликата треба да биде закачена на соодветната тема и место на нашиот форум.

Доколку сликата која сакате да ја прикачите е малечка (помала од 100KB) тогаш можете да ја прикачите и како поднесена датотека во вашето мислење (attachment) и за да се прикаже треба да направите вака:

Го испраќате мислењето со поднесената слика. Сликата (всушност датотеката) се појавува под вашето мислење како додаток. Кликнувате десно копче на додатокот и избирате „Copy Link Location“. На вашето мислење му правите „Измени“ и таму каде што саката да ви се гледа сликата притискате на копчето „Вметнете фотографија“ (горе во палетата со копчита) и притискате CTRL-V на тастатурата со цел да го вметнете линкот на сликата - додаток кој го копиравте погоре. Го зачувувате мислењето и сега во мислењето е прикажана и вашата слика.
Title: Одг: Како да прикажете слика на форумот
Post by: nCounTr on 19.01.2010, Tuesday, 20:17:34
Искрено јас сум против закачување на слики на македонски провајдер или страна за такви работи, бидејќи македонските страни се премногу ризични, односно може пик.мк утре да ја соборат и отидоа сите слики што се закачени, исто така може на газдата на сајтот да не го одржува повеќе и да го сече и.т.н. Затоа јас го користам:
Code: [Select]
www.imageshack.us кој за мене е најдобар за тие работи, бидејќи сеуште имам слики закачени од пред година дена и сеуште работат.
Title: Одг: Како да прикажете слика на форумот
Post by: BorceBT on 19.01.2010, Tuesday, 22:41:50
Јас го користам следниот сервер за слики и сум задоволен досега:

Code: [Select]
http://www.servimg.com