Со бта25-кава на 90% од тримерот тријакот беше off додека многу мал лак имаше за штимање. Значи има некоја финта, али не сум ги разгледувал детално.
Финтата е хистерезисот. Прочитај online околу контрола на потрошувач со триак, ќе ти стане јасно за што зборувам
.
Гига, мислам дека ти одиш со грец за регулација што е сосема поинаков пристап и секако дека е ок и треба да се проба. Да не имаш пцв случајно?
Не е сосема поинаков пристап, туку е подобар. Инаку, сличен е на пристапот со диода (само една полупериода го полни кондензаторот). Со грецот, две полупериоди го полнат кондензаторот и затоа може да се постигне контрола во два квадранти, целосно да се елиминира или пропушти една цела полупериода, значи контрола од околу 50% моќност до 100%. Инаку, бидејќи кога е поставен потенциометарот на миниум, се пропушта само една полупериода, а другата е целосно елиминирана, се јавува пауза (полупериода --> пауза во времетраење од една полупериода --> полупериода --> пауза, итн.), ефективната вредноста на напонот кога се пропушта само една полупериода е намалена повеќе од 50% за времетраење на две полупериоди. Без да пресметувам, би рекол дека е 25%. Една полупериода има, тоа се 50% и една воопшто ја нема, тоа е нула, средна вредност би била 25%. Ако пресметувам со интегрирање, најверојатно иста или слична вредност би излезгла, ама не сум пресметувал. Како и да е, практично оваа вредност од 25% не е баш 25% бидејќи паузата се јавува во многу краток интервал 50 пати во секунда, така да, од искуство, барем за грејни тела (ја користев за контролата за леткум), добиваш некои 35, 40% до 100% контрола. И контролата не е линеарна бидејќи „сечењето“ на полупериодата во временски домен е линеарно, но полупериодата, како крива, не е линија, така да, практично, ако земеш по X оска да поставиш вредност на потенциометар од 0 до 100%, а по Y оска испорачана моќност, место да добиеш права (дијагонала, од 25% моќност до 100%), ќе добиеш некоја логаритамска крива. Со колкава заобленост, не знам, ама регулацијата не е баш линеарна.
Инаку, со оваа шема се елиминира и хистерезата бидејќи грецот го враќа назад кон мрежа „остатокот“ од оние полупериоди кои не се пропуштаат преку триакот. Затоа пишав дека е шемава е многу добро, а просто, решение за проблемите кои се јавуваат со комбинацијата со една диода, кондензатор и диак
. Само поставуваш еден грец место диода, уште две отпорничиња и тоа е тоа
.
Ако мислеше на PCB, немам, ја правев во воздух. Искрено, за вакви прости шемични, не ми се ни прави плочка. Се беше направено во воздух и склопено во едно кутииче од адаптер, и тоа беше контролата за леткумот
. Само мислам дека целосно или делумно го елиминирав филтерскиот степен бидејќи немаше простор во кутиичката од адаптерот.