Здраво. Јас сум нов член на форумов, електрониката ми е хоби па сакам да поставам едно прашање.
Имам изработено IR далечинска контрола и ја користам за палење и гаснење на сијалици. Се си функционира добро, но, (нели, тежиме кон совршено:) сакам целокупната електроника да ја сместам во прекинувачот од сјалицата. Проблем е напојувањето. Како да добијам напон од двете жици кои доаѓаат до прекинувачот?
Имам некоја идеја со трансформаторче кое ќе биде струен трансформатор, кој додека тече струјата ќе полни некоја батерија.. ама малце сложено ми изгледа, а незнам и дали е можно.
Некое мислење??